С
Сатори
Гостин
Јас сега ќе одам на надградба на нокти и на трепки.
На коса не би ставила сеуште ... си ја сакам кратката коса.

На коса не би ставила сеуште ... си ја сакам кратката коса.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
јас сум против секаква надградба....природно си е природно и најубо изгледат
А како ја набави од Белград ај кажи ми цена , ме интересира сакам и ја приридна зошто моментално имам синтетичка и само за вечерно излегување ја користамНа трепки немам ставено никогаш. Моите се доволно големи и со два слоја на маскара.
Ноктите исто ги чувам веќе долго време и немам никаква потреба да ставам надградба. Ставив само за матурата и кога ги извадив таков хаос ми беа моите што се решив да не ставам никогаш повеќе. Ми беа целосно оштетени.
Е сега, за косата, имам надградба моментално, како и една година наназад, со повремени паузи за да се одмори косата. Кога ставив прв пат не внимавав многу на неа, не ја третирав соодветно и ја извадив по шест месеци. Таа беше од некој дистрибутер тука од Македонија и понекогаш имав проблем околу расчешлувањето, но ништо страшно.
Сега оваа која моментално ја имам е 100% (добро де 100 не може, 99%) природна. Земена е од Белград, воопшто не се познава дека ми е надградба, иста е бојата како и мојата природна коса, ја чешлам, ја виткам, ја пеглам, фенирам и немам никаков проблем. Не е точно дека многу се оштетува косата од причина што на прамените има кератин кој влегува во составот на природното влакно. Ако не се одвојуваат прамените кога ќе почне да расне коренот на кој е прицврстена косата ќе се појават проблеми како што некој погоре спомена со расчешлувањето. Како суканици заплеткана ќе биде, но тоа се јавува само ако не се чешла и одвојува редовно. Значи со соодветна нега нема да има оштетувања и проблеми.
Не ни мора да се оди секоја недела на фризер за да се зачува косата.
Маска, силиконски капки, спреј за сјај на коса се дел од работите кои може да се применуваат и во домашни услови. Е сега, дека фенирана од фризер е далеку поубава од пеглана со преса, чесен збор, нема споредба.
Katica напиша:А како ја набави од Белград ај кажи ми цена , ме интересира сакам и ја приридна зошто моментално имам синтетичка и само за вечерно излегување ја користам
природно си е природно Да , ама ако гледаш така никој немаше да биде со долги коси и нокти средени , ако не беше надградбата