Секоја надградба е штетна.
Така што посебно е штетно надградба на трепки. Не дека не е интересно кога имаш убаво обликувани трепки, но се ставаат исклучиво само за некои специјални случувања. Познатите холивудски ѕвезди имаат надградба на трепки само за доделувања на наградите и веднаш ги отстрануваат. Не е тоа за џабе. Така да јас лично сметам дека е многу штетно постојано да вршиш надградба. Сега интересно ти е но замисли си понатаму да немаш трепки. Размисли си.
Исто јас сум и против надградба на коса. И тоа е интересно од кратка коса веднаш имаш долга. Но твојата коса одоздола се оштетува. Плус надградената коса исклучиво мора да се одржува во фризерски салон. Ај што ќе дадеш пари за надградба него мора и секоја недела да одиш на фризер за миење и фенирање. Ако сакаш дома да си ја одржуваш нема ефект што ќе ја ставиш, нема да ти трае така долго и ќе имаш максимално оштетување.
А за надградба на нокти и тоа не се препорачува. Има голем број на инфекции кои можат да настанат од надградба на нокти. Јас сум ставала неколку пати нокти и би ставила пак (тоа е кога имам лоша навика). Но само на места каде што знам дека е квалитетно. Поевтините нокти ем што не се квалитетни и што веднаш се кршат, потоа ноктот е од лош квалитет, а лепакот уште полош. Значи и тука треба да се внимава.
Значи природно си е природно, ама што да правиш женска работа ...