Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Браво за Харгрејвс.Очекувам што побрзо да се врати и да не почести со неговите одлични игри и одлични голови како оној против Арсенал од слободен удар.
 
Роналдо: Не се обидувам да глумам прекршоци

Крилото на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо возврати на обвинувањата на Хенрик Ларсон и вели дека не се обидува да глуми прекршоци

Најдобриот Фудбалер во Светот за оваа година често пати е обвинет дека глуми при стартовите на противничките играчи за да изнуди прекршок.
Поранешниот играч од Јунајтед, Хенрик Ларсон оваа недела пред дуелот помеѓу Шведска и Португалија го обвини Роналдо за ’глумец’ и најави дека ќе има мал разговор со судијата пред почетокот на натпреварот.
Но Роналдо, кој ќе биде стартер и покрај ситната повреда, возврати на обвинувањата на ветеранот.
“Не ми пречат зборовите на Ларсон, бидејќи знам дека не глумам при прекршоците, и тоа е најважно.”
“Можно е да добијам и удар но не глумам. Ми изгледа дека сите имаат нешто против тоа но не се грижам.”
“Знам дека секогаш ги правам работите ферски.
 
Вицовите се јаки:tv::pos2:
Во врска со Харго,аман бе нема ни малку срека со повредите,од кога дојде во Јунајтед мислам дека има само 37 настапи...се плашам дека тие честите повреди на Харго Ферги ке реши да го продаде бидејки таков беше случајот и со Саха,постојано беше повреден и Ферги на крај му го продаде на Евертон.
 
Абе Харго е одличен фудбалер,лани даде некои одлучувачки голови,да не го заборавиме одличниот гол против Афронал во пл од слободен удар:vozbud:мислам дека кога ке се врати Харго Ферги ке му даде шанса и дека ке ја искористи добро.
 
Батко Харгривс едноставно нема среќа. Тој е долго време повреден и се мачи со иста повреда. Се работи за терсене повреда на која не може да му се влези во трагата и да се запре. Ова што сега одмара, да се надеваме дека ќе биде крајното решение на коленото. Се работи за поголем зафат и затоа е подолго отсутен. Инаку тој е многу добар играч кој не за џабе е прилично скапо платен. Ќе му треба време за да се врати во форма, но ако нема здравствени проблеми, тој ќе ја врати формата. Сметам дека многу му недостига на клубот.
 
харгривс е многу добар фудбалер.тој може да игра на неколку позиции и со негово вракање би се решиле проблемите кога настануваат со повредени фудбалери.инаку би можел да игра како:централен фудбалер за врска,дефанзивен играч за врска,десно крило и десен бек :toe:
 
ПО МИНАТОНЕДЕЛНАТА ЖДРЕПКА

Сега Јунајтед е прв фаворит за титулата во ЛШ

Актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед сега е прв фаворит за титулата во Лигата на шампионите со што би бил првиот тим што ќе го одбрани трофејот во ова натпреварување од неговото формирање во 1992 година. Досега на тоа место беше Барселона, но по минатонеделната ждрепка за четвртфиналето, Јунајтед го презеде “приматот” имајќи предвид дека доби релативно најлесен пат до големото финале што се игра на Олимпискиот стадион во Рим.



Коефициентот на премиерлигашот сега изнесува 15/8, додека Барселона има 11/4, а Челзи и Ливерпул 13/2. Во четвртфиналето Јунајтед за противник го доби португалскиот првак Порто, а потоа ќе го очекува подобриот од дуелот Арсенал-Виљареал. Иако никој од овие противници не е наивен, сигурно овој дел од “костурот” е далеку полесен од вториот во кој се наоѓаат Барселона, Баерн, Челзи и Ливерпул. Во последната недела британските обложувалници добиле голем број влогови на конечен триумф на Манчестер Јунајтед што сопствениците ги натерало да ги намалат коефициентите.
 
Многу веродостоен извор. Точка никогаш не се и нема да бидат сајт. А и сајтот од кои ја преземале статијата. Така да, подобро од гол.ком копирајте, отколку од точка.
 
абе ајде прекратете со тие глупости.ако имате да кажете нешто во врска со клубот,нешто ново кажувајте без разлика чии навивачи сте ако не не се глупирајте :toe: :smir:

еванс стрелец за с.ирска :smir:

Руни 2 им бапна на словаците:helou:
Еванс 2-1
Руни 2-0 |Руни 4-0

И Видич на Романија :helou:
 
Браво бе Руни,Браво бе Еванс браво бе Вида,само продолжете да газите:vozbud:
Тоа за Ферги е чиста измислица,не верувам дека Дарен Фергусон излегол туку така и да рече ке се пензионира за толку време...
 
Браво на нашите Ѓаволи,нека продолжат да дават голови за репрезентациите:)
Тоа за Ферги е глупост,ни тој не знае кога точно ке се пензионира не па син му...само да напишат нешто медиумите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom