Гласајте за Охридското езеро кое влезе во изборот на 7 нови светски чуда!

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Охридското езеро, езерата Пелистерски Очи и пештерите Врело кај Матка се трите природни убавини што македонските граѓани ги избраа да не претставуваат на светскиот избор за седум чуда на природата.


------------


Сосема прв пост на тема. Читај, мајкуму.
 
А нели треба да не претставуваат како светско чудо а не под поимот убавина?
 
А нели треба да не претставуваат како светско чудо а не под поимот убавина?

Светски чуда на природата.

Причини барај по постовиве, или изложи твои контра аргументи или предлози.
 
Под чудо се подразбира и место кое е преубаво,немора да значи дека ако гласаме за светско чудо на природата мора да има нешто чудно во него.
 
И уште не прочитав што е чудно кај езерово.
Не е ни прво, ни најбистро, ниту пак водата во него е црвена, ни топла, ни чиста... :toe:

И да е едно од најубавите во светот, тоа не го прави чудо.

Чудо е водата на езерото да тече нагоре, или на дното да има астрономска опсерваторија :toe:

не сакав да се вклучвам во дискусијава, само читав и се чудев ама ај...

да од Охрид сум, Охрид го сакам најмногу и Охридското езеро.

Не знам дали има топ листа на најбистри езера во светот, ама ако има Охридското езеро секако ќе се најде на врвот со бистрина(видливост) од над 20м што е извондредно за езерска вода.

Водата на езерото не тече нагоре, но има струја (подводна река) која тече од Бел Дрим во Св. Наум до Струга во Црни Дрим.

Нема на дното астрономска опсерваторија (најверојатно затоа што вакви нешта се правеле на повисоки места) но има праисториски населба кои сеуште не се доволно истражени.
За повеќе информации ве упатувам да прочитате на википедија или пак малку погуглајте.

Големината на светските природни чуда сигурно точно не може да се измери, секако сите предлози се вредни по различно нешто (особено локално за населението во близина), па за мене нашето е и најубаво во светот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Lake_Ohrid


ohrid_1.jpg





ohrid%20-%20koleda.jpg




ohrid.jpg




lake-ohrid-415611-sw.jpg



а вие што одите на одмор во Грција и не ви се допаѓа Охридското Езеро, и не знаете да го цените своето, слободно гласајте за друг предлог. Колку и да е веројатно дека нема да се најде во првите седум драго ми е што јас ќе гласам за своето.

п.с. сум бил и на Матка и таму природата е одлична.
 
И уште не прочитав што е чудно кај езерово.
Не е ни прво, ни најбистро, ниту пак водата во него е црвена, ни топла, ни чиста... :toe:

И да е едно од најубавите во светот, тоа не го прави чудо.

Чудо е водата на езерото да тече нагоре, или на дното да има астрономска опсерваторија :toe:

Kaj si videl bistro ezero? Ne postoi bistro ezero, poradi slatkovodnata flora.
A vodata na OPH ezero deka e cista, cista e.
Deka topla, topla e.
Ovaa godina ohridkata voda e potopla i od vodata na mediteranskite morinja.
I ezerono ni e najstaro i najubavo na svetot. Samo sto makedonskiot sindrom ne` pravi da ni se pricinuvaat tugjite nesta poubavi.
 
Абе јас знам дека езерото е под заштита на УНЕСКО затоа што е едно од најчистите езера во светот и има огромен број ендемични видови кој живеат во него. И да не е некое чудо гласав за него затоа што ако биде меѓу првите 7 ќе се слушне за Македонија во светот. Грчките срања да не се стварно чуда? Ама они ќе гласаат и ке добијат светско чудо и цел свет ќе оди да го види, а мрчаторите што сега мрчат за Охридското езеро ќе мрчат и за тоа како грците успеваат да привлечат туристи со секакви глупости. Ама ако ние, такви сме, се што е наше го потценуваме и пљукаме на него.
 
Гласајте за светско чудо и преку телефон!
Коментари (0)


20.04.2009 14:26

Охридското Езеро во моментов се наоѓа на 55-то место

И по телефон може да се гласа за Охридското Езеро и пештерите Врело на светскиот избор за нови 7 чуда на природата.

Гласањето на бројот 0041773124041 ќе ве чини колку 1 минута за меѓународен повик кон мобилен телефон во Швајцарија, или околу 100 денари.

Телефонски ќе можат да гласаат сите заинтересирани насекаде во светот од телефон со тонско бирање. По снимената порака на англиски јазик и тон за почеток на гласањето, треба да притиснете 602 за Охридското Езеро или 429 за пештерите Врело.

Крајот на гласањето го означува снимена порака „благодарам“ на неколку светски јазици.

„Гласањето за првопласираните 77 кандидати ќе заврши на 7-ми јули 2009-та година. Затоа гласајте за да изберете кои ќе бидат во групата 77 природни убавини од кои ќе се изберат 21 финалист“, изјави Тиа Виеринг, портпарол на организаторот.

Охридското Езеро во моментов се наоѓа на 55-то место, односно влегува во потесниот избор од 77 кандидати кои ќе влезат во полуфиналето. Пештерите Врело се наоѓаат на 22 место во својата конкуренција и потребно е да се искачат за 16 места за да влезат во полуфиналето.

Гласањето ќе трае до 7 јули оваа година кога жири ќе ги избере 21 финалист за седум светски чуда на природата. Во тек е изборот на град домаќин за официјалното прогласување на новите седум светски чуда на природата во 2011 година.

Македонскиот комитет за номинација го кандидираше Скопје за домаќин, за чиј избор исто така се гласа преку интернет страницата (http://www.new7wonders.com/) на светскиот избор.

„Гласањето за град домаќин е лесно, преку интернет страницата на изборот. Ако вашиот град не е меѓу номинираните можете да го предложите. Изборот на домаќин ќе биде демократски, преку гласање од целиот свет“, рече Виеринг.

Засега кандидирани се дваесетина градови од целиот свет, меѓу кои Истанбул, Софија и Букурешт од нашето поблиско соседство.


Izvor A1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom