До 1913 г. Кукуш македонскиот град е со околу 10 000 жители. Родно место на Гоце Делчев.Се наоѓа на околу 30 километри северно од Солун.
На 16 јуни 1913 г. започнува војната. Три дена (19, 20 и 21 јуни) една наша бригада води крвопролеачки борби со шест грчки дивизии. Грмежите од фронтот започнале се по јасно и поблиску да се слушаат.
На 20 јуни умрела прислужничката на католичката црква во Кукуш ( црквата била еден вид сиропиталиште и во неа биле католички сестри на милосрдието - французинки ) и на 21 требало да биде погребана. Кукушани уплашено бегаат од градот. На погребот биле само отец Јосиф Раданов - од с. Гранитово Елховско и гробарот. .. Се гледала долга врвулица од мажи, жени и деца, со малку багаж во рацете како бегаат на север. На брзина ја погребале жената, и отец Јосиф ја соблекол мантијата и се приклучил кон бегалците.
Грците навлегле во градот и почнале да го палат. Целиот Кукуш горел. Изгорени биле 1846 куќи,612 дуќани, и 5 воденици.Дошле и до католичката црква со наредба сите што ќе ги затекнат таму и воопшто во градот да ги заколат.
Тука е француска територија. И покажала на француското знаме закачено над вратата. -Не можете да влезете без моја дозвола!- рекла игуменката
го грабнала знамето и го послала пред влезната врата.
Грчкиот генерал не се осмелил да го згази знамето за да влезе внатре.
Со тоа било на некој начин сопрен колежот.
Во таа црква случајно дошол и еден евреин, трговец . Игуменката напишала писмо до францускиот конзул во Солун и преку ноќ скришум го спуштиле евреинот преку еден од прозорците.По два дена сета стража околу црквата била тргната. Останала само една мала група грчки војници.
Кукуш веќе го нема. Има нов град Килкис, изграден на извесно разстојание од изгорениот град, дел од него е изграден со материјали од изгорениот Кукуш. Само е останато манастирчето “Св. Георги “ зачувано и обновено .
Настанот е опишан од очевидецо тИван Чикичев, роден во с. Салам, Кукушко, Егејска Македонија, како и на записките на француската милосрдна сестра Миропа.
Грците ги палеа селата околу Кукуш
Господинот Саркози би требало да го знае записот на француската „милосрдна сестра“ Миропа, потврден и од раскажувачот Иван Чикичев роден во с. Салам Кукушко Егејска Македонија, од 1913 г. „... Грците ги палеа селата околу Кукуш. Огнени бомби паѓаа врз училиштето и домот за сираци (на „милосрдните сестри“ м. з.) големо чудо ја спаси зградата, која беше изградена од големи камени ѕидови. На зградата имаше три француски знамиња, високо истакнати, грчката војска која беше далеку, добро ги гледаше но сепак стрелаа врз домот за сираци... пред домот имаше многу народ, собите беа преполни со старци, жени со мали деца... На вториот ден од бомбардирањето пред домот за сираци загина 48 души тогаш многу од народот избегаа кон Бугарија, ние останавме да ја чекаме француската помош...“ Можеби токму тогаш во таа 1913 година неговата прабаба ја напуштила Грција за да ги спаси своите деца (моја претпоставка) ... еден дел од бегалците, претежно жени и деца, заедно со милосрдните сестри со брод од Солун испловиле за Франција.