Значи да констатираме дека Опозицијата се однесува неконструктивно во напорите на Позицијата да ја самоизолира земјава.Или додека опозицијата бара влез во НАТО и ЕУ макар и со промена на име,владејачката гарнитура на чело со ДПМНЕ резигнира со непопустливи ставови и ја “враќа топката“ пред 6 години кога не се согласуваше ни за промена на име дури и на билатерална основа,сега таа тогаш неприфатлива опција станува дел од “преродбата“ на ДПМНЕ барем според изјавите на премиерот.
Психичките бомбардирања пак се додатен шлаг на целиот проблем и само ја надополнуваат и онака конфузната состојба од која најмногу штета како и секогаш има обичниот непартизиран Македонски граѓанин кому главен приоритет му е да обезбеди книги и прибор за сопствените деца,храна која нема да биде од контењери,да ги плати енергетските и комуналните давачки па да заборави на се друго што го исполнува животот на еден нормален човек.
Главниот проблем не е до името кое служи само како фарса за оправдување на криминалните активности во политичките врвови на двете земји,за сметка на народот од кој се украдени парите,главниот проблем лежи во лековерноста на луѓето од овие простори кој премногу им веруваат на политичките лидери само затоа што секоја лага научиле да ја кажуваат толку милозвучно,толку примамливо и срцепарателно,што би го раздвижила и парализиран на постела,или практично така го одржуваат сопствениот рејтинг се до моментот кога лагата ќе излезе на виделина.Колку е далеку тој момент останува да видиме во следниов период за кој да се надеваме дека нема да биде предолг со што само ни се продолжува агонијата нам на Македонците кој нажалост сме во подредена улога за разлика од Грците каде ЕУ вмешале прсти многу порано уште кога не бевме толку оптоварени со национализам во толкави размери.
П.С.:-Господ нека е со нас браќа и сестри Македонци,да се надеваме во милоста божја која секогаш успевала да не насочи на правилниот избор и со која сме издржале векови под ова име,па зошто не и сега?