Векторски програми

  • Креатор на темата Креатор на темата le_leaa
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не те терам да користиш некој од овие програми, само кажувам што и
како правам јас...
 
Да де, ама ти викам - Фотошоп ми е некако „фачка” и работата со него ја средувма многу брзо. Верувај дека ги има скори истите работи со програмите ти што ги користиш, само со друго име или се користат на друг начин. :-)
 
абе и јас користам фотошоп, само некогаш за нешто посебно користам корел бидејки не знам како да го направам тоа во фотошоп т.е. полесно ми е во корел...тоа се дешава еднаш на 6 месеци
 
Фотошоп пред се е битен програм.
Затоа без веза е да го споредуваме со векторски програми.
Разликата е голема иако скоро сите програми нудат слични опции.

Пробајте да отворите 150 страни паралелно во фотошоп и пробајте да ги гледате или работите истовремено на сите, а камоли да ги зачувате како еден фајл, дали е пдф, епс...сеедно е. :) Е нема.
 
До пред некое време се интересирав (замарав) со поделбата меѓу корисниците на photoshop од една страна, и оние другите кои користат векторски програми, од друга страна.. "борбата", ако може така да се нарече, се водеше околу PS, односно околу неговите способности како векторски програм. Општо прифатено е дека PS е растерски програм, и дека не може да се прават вектори во него.

Think again! (=

Вектор сум работел само во Photoshop, иако имам и Illustrator инсталирано.. некако ме мрзи да го научам, иако за тие прости вектори што ги правам и PS е доста добар.
А Freehand цело време си викам дека ќе го најдам, да видам што толку го фалат.. и секогаш заборавам. (=

P.S.: Зошто никој не го спомна Flash? И тој програм е оспособен за создавање вектори, that is, во флеш се цртаат векторски форми само. (=
 
Acid напиша:
Незнам, кај мене отсекогаш имало транспарент браш. Друго нешто што би ме натерало да ги користам овие програми наместо Фотошоп?

Photoshop е програм за обработка на фотографија пред се, а не векторска графика.

И стик то Корел.
 
P.Overdrive напиша:
Вектор сум работел само во Photoshop, иако имам и Illustrator инсталирано.. некако ме мрзи да го научам, иако за тие прости вектори што ги правам и PS е доста добар.
А Freehand цело време си викам дека ќе го најдам, да видам што толку го фалат.. и секогаш заборавам. (=

Па треба да го научиш Илустратор па да ги увидиш разликите.
Не е работата да го напаѓаме Фотошоп, туку да се зборува за векторските програми.

Пробај да едитираш пдф формат во Фотошоп, па пробај во илустратор па ќе ја сконташ разликата брзо :)
 
Да, да.. ќе морам да седнам да го научам (=
Illustrator му доаѓа нешто како комбинација.. векторските способности на Flash, со функционалноста (изгледот) на Photoshop.. нормално со други менија (=
 
Dimitarc напиша:
Acid и мене ми е фејворит фотпшоп ама корел има некој работи кој ги нема фотошоп. Еве поконкретно транспаренс браш, за во фотошоп мораш да бараш плугин.

-Кој ти рече дека треба plugin? Не е вистина.
 
humanoid напиша:
Па треба да го научиш Илустратор па да ги увидиш разликите.
Не е работата да го напаѓаме Фотошоп, туку да се зборува за векторските програми.

Пробај да едитираш пдф формат во Фотошоп, па пробај во илустратор па ќе ја сконташ разликата брзо :)

За PDF Pagemaker е закон! Ни Ilustrator неможе така брзо и добро.-Иако не сум баш сигурен за тоа колку е сеуште потребно да се прави PDF за сепарирање на колорите. Во време на дигитално печатење и „Катана“ машини живееме и работиме.
 
Ако веќе се отвара тема за програми за векторско цртање, тогаш не ќе е лошо и галерија да направиме :)

Јас најчесто користам Corel за оваа намена. Ако морам, користам Ilustrator, но само ако имам потреба да експортирам "*.ai" фајл кој подоцна ќе треба да го употребам како layer во Photoshop, затоа што Corel има малку лош експорт на "*.ai" фајлови кога е во прашање колорот.Инаку, Ilustrator дава за нијанса подобри можности, ама за употреба е...катастрофа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom