Eстетското

  • Креатор на темата Креатор на темата anfilohija
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2005
Мислења
38
Поени од реакции
0
ајде да зборуваме за естетското во книжевноста.кои се оние неста сто ние ги нарекуваме естетски
 
anfilohija напиша:
ајде да зборуваме за естетското во книжевноста.кои се оние неста сто ние ги нарекуваме естетски

Естетика во литература колку јас разбирам е начинот на кој се користат концепти за да се долови реалноста низ пишаниот збор. Зависно од стилот на пишување, авторот може да користи се од ритам, илустрација, структура, време, фантазија, суспензија, анализа, хумор, цинизам.... итн итн.
Естетиката е начинот на кој авторот низ употребата на зборови (кои се оној главен пренослив медиум) до читателот ја олицотворува својата замисла и ја прави жива. Умешноста да со збор ти створи слика и чуство за ситуација, атмосфера пред очите дур го читаш делото е естетиката во едно литературно дело. Естетиката во едно дело и моќноста на истото е најверојатно пропорционална со тежината на оживеаната апстракција пред читателот, бар за мене.
 
А што праиме со ”Естетиката на лошиот вкус” (Salvador Dali)? Естетика е тоа или курташак? :raz:
 
Естетиката во книжевноста ја подразбирам како убаво обликуван текст со елоквентни изрази, суптилни метафори и сликовит приказ на мислите.
Текст кој предизвикува пријатна насмевка и позитивно расположение.
Но, книжевната вредност на еден текст не се базира секогаш на неговата естетика. Има автори кои одвреме-навреме се служат и со вулгарност , несоодветни цитати како кич или прават пародија од туѓ текст за да „докажат” некои свои тези и спротивни мислења.
 
A vulgarnostite ne se del od estetika? Na nekoi im se; ko ke razmislish, humorot, cinizmot, sarkazmot, fantazijata nemora da znaci deka sekogash budat "prijatna nasmevka i pozitivni raspolozenie" kaj citatelot.
 
По дифалт, естетика значи нешто убаво, грациозно, нешто совршено, па дури и кај книжевноста. Но како што рече ОБеДеЕн, зарем естетика на значи и цинизам, сарказам, па дури и црн хумор и хорор. На некој начин и тоа е еститка. Бидејќи и тоа прикажува аспект од човековиот живот препишан на хартија со хармонија на моќни зборови кои побудуваат некакви чувства кај читателот.
 
Ми се допагаат вашите размислуванја особено од обдн но дали естетското се наога во складноста?едно дело според мене е естетски издржано кога тоа не заморува ,не е претрпано со дескрипции,или ако е, тоа да биде направено со причина ,значи складност во секој поглед,дури и пцовките некогаш самите се потребни во текстот и доколку ги нема тогаш нешто би недостасувало т.е би се изгубила онаа рамнотежа.
Но немаме естетско ништо кога во текстот се плука омаловажува и се редат погрдни зборови,некој кој нема други зборови во сопствениот вокабулар.
 
Дали можеме да ги гледаме пцовките во некое пишано дело како начин единствено да привлечеме нечие внимание да го прочите даденото дело? Тоа го правиме во денешниот живот. Тоа значи ако веќе за тоа се употребува. Но ако целото пишано дело е само "кур, пичка, ебење" пишаното дело нема никаква веза...

Пример, ако напишам
Ти глупердо заебана којашто седиш пред монитор и немаш никаков удел во нашето модерно опшество

не е исто со
Ќе ти ибам мамата глупердо гнасна, крени си го гзот од пред тој компјутер

Не е исто нели? :D
 
Офчар напиша:
Естетско нешто за мене е целина у која има баланс.

Токму така, пошто ако преовладува опис на китки шарени во предградието на NYC некој што чека вулгарности ќе рече не чини. И обратно! ;) Горе ги наредив дел од стиловоте на пишување кои е она што ја чинат естетиката во едно дело - вулгарностите можат да спаднат под сите, да бидам и анализа, и хумор, и цинизам, и сарказам, и фантазија... така да, вулгарностите се дел од естетиката на едно дело - е сега на кој што му се гледа естетски убаво е веќе трето прашање.
 
Можеби темата требаше да гласи вулгарности и пцовки од естетка гледна точка инверзирани во литературното дело?од каде потекнува мерилото за убаво и кој е тој што би го мерел и неговата компетенција?
 
Мистичен напиша:
Букаро има изразена естетика, иако е "вулгарен"! :-)

Абе ај - бледа имитација на Чарлс Буковски и потврда на затупеност и неинвентивност демек ”Ни треба куче што кака и лае во исто време”. Кога Букаро ќе биде инвентивен Сонцето ќе зајде на исток.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom