Максимална висина на ѕид кон комшија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мислам дека може да се крене ѕид каков и да е, кога ке погледне некој накај овие селава каде што има ѕидини од сите страни и една голема порта тогаш еден Ѕид од 2 метри не е така импресивен. Ја иначе измеѓу мене и комшијата(кој е стварно пореметена личност) имам три метри трска ставено) ем ефтино ем трае сто години.
 
Знам поодамна ни правеа проблеми комшиите што сакавме да изѕидаме гаража во дворот што не се граничи со никој. Не пријавија и моравме само до кај што сме стигнале а немаше ни метар и со лим нешто слично направивме. Не пријавија тие карши што се им сметала бучавата, глупости. Сега знам дека има закон да мораш да отидеш во полиција и да земеш одобрение дека можеш да градиш па и во твој двор да е. Мислам дека е 2 метри а за над 2 метри треба дозвола.:helou:
 
не мора да гледаш по селата, прошетај низ водно и црниче и погледни колкави ѕидини имаат кренато скоро сите куќи. мислам дека мора да се бара дозвола за градба, ама провери во општина или кај и да се издаваат тие дозволи.
 
......

Во РМ, како спореден извор на стварното право,претставува и ОБИЧАЈОТ. Во некои случаи законот децидно се повикува на него. Таков е примерот и во нашиот т.е. вашиот случај

прочитајте го членот 20 ст.2 од законот за Сопственост и други стварни права.... Секој сопственик, може да го загради своето земјиште со ограда која се наоѓа на начин што е определено со посебен пропис или пак да не е во спротивност со месните обичаи.

поздрав!
 
што туку фрлив поглед низ прозор и забележав...

само колку што гледам бетонскиот ѕид нели треба да е 50 центиметри кон надвор а овде има и над два метри...

Они ѕидаат такви ѕидини поради крвната освета и тоа е неказниво - дека е морална норма.Така бар знам од вовед во право.

Онтопик:Штом можат Албанците да ѕидаат,слободно ѕидај и ти :)
 
Урбанистички, доколку се работи за субурбано подрачје со индивидуални станбени куќи, кои не надминуваат висина на венец повеќе од 10 метри, границата на парцела може да се обележи со помош на ограда од секаков тип во висина од 18% од висината на помалиот од двата објекти кои си граничат.
Секако, ова е општа одредба, и се менува во зависност од поставеноста на парцелите, должината на допирна линија и слично.

Мистик, ако ти треба уште ова, и ако не си ја изѕидал сеуште, може да ми пратиш некои информации (слики од локација и висина на твојата и неговата куќа), па да најдеме убаво решение.
 
Мислам дека нема максимална висина, само треба градежна дозвола и нешто имаше врска со планот на парцелата (како е зацртена во катастар и слични работи), ако добро се секавам на разговорот со татко ми на слична тема пред некој месец. Баш ке го прашам утре, па ке пишам овде.
 
A sto ako pravis kuka pokraj negoviot dvor da ne ne ti dade slucajno?? gluposti.
treba minimum metro ipol da bide zidot odalecen od zaednickata ograda pa ako sakas i 100 metri u visina pravi go.taka e zakonski. a toa za odobrenie za gradenje sekako deka moras da imas.
pozdrav
 
Mоже ли да направам Ајфелова Кула у Македонија?
 
Mоже ли да направам Ајфелова Кула у Македонија?

Не, можеш да направиш само Статуа на Слободата. :)
Инаку онтопик, пред некоја година кога го кревавме ние 2 метри мислам дека беше. Не дека некој го почитува тоа, ама ај.
 
А ако комшијата е атлетичар? Ќе мора барем 5 метра :pos: :pos:
 
на растојание од 4 метри од граничната линија може да се изгради со неограничена висина
 
А ако комшијата е атлетичар? Ќе мора барем 5 метра :pos: :pos:

хахахахахахх
баШ
Али и јас мислам што поголема тоа поубаво!
Има и шпиуни што киснат на прозор и да ти е незгодно у свој сопствен двор да си седиш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom