Ден Браун

  • Креатор на темата Креатор на темата Fryda
  • Време на започнување Време на започнување
Znae li nekoj dali ja ima Digitalna tvrdina na makedonski jazik vo nasive knizari i po koja cena moze da se nabavi?
Сигурно ја има. Провери во Култура пошто таму гледав се продаваше Загубениот симбол. Сигурно е докај 500 денари.


Патем, го обожавам Ден Браун. Со секоја книга успева да ми го задржи вниманието максимално.
 
Ангели и демони - книгата едноставно речено остава без здив, вие зборете шо сакате ама Ден Браун е еден од најдобрите писатели
 
Ангели и демони - книгата едноставно речено остава без здив, вие зборете шо сакате ама Ден Браун е еден од најдобрите писатели
Не, една од најдобрите книги има напишано (што е дискутабилно), не значи дека е најдобар писател.
Новиве книги му фураат по стара слава. ИСТИ концепт и дијалози и заплет/расплет ratio - само јадрото на приказната е друга.
 
Не, една од најдобрите книги има напишано (што е дискутабилно), не значи дека е најдобар писател.
Новиве книги му фураат по стара слава. ИСТИ концепт и дијалози и заплет/расплет ratio - само јадрото на приказната е друга.

Тотално си во право... И пред се, тоа што го пишува Ден Браун спаѓа во жанрот белетристика, тоест не значи дека е вистина и дека треба да се прифати здраво за готово....
 
Не, една од најдобрите книги има напишано (што е дискутабилно), не значи дека е најдобар писател.
Новиве книги му фураат по стара слава. ИСТИ концепт и дијалози и заплет/расплет ratio - само јадрото на приказната е друга.

Точно, ама што има талент типот, има, и тоа голем. Треба истражување и истражување да направиш ти за да напишеш книга како Кодот на ДаВинчи, плус да вметнеш во неа одлична трилер приказна. Зборете што сакате, човекот сосема ја заслужи славата.
 
Мене ме разочара со последната книга, ептен копи-пејст од другите негови претходни книги. Се вади на стара слава. Време му е да смени лик, доста беше со професоров, веќе е истрошен. Инаку, во почетокот добри книги имаше, мене најомилена ми е Точка на измама од него.
А за содржината во книгата не треба да се верува, фала богу, додуша за Католичката Црква, т.е. Ватикан, има дел вистина. Читнете ја Опус Деи, баш ќе ве просветли за работите на Ватикан.
 
Браун и куељо се писатели за тие што не читаат книги:helou:

Токму така!
Или пак за основци и рани средношколци
Класика си е класика , башка треба д апоработиме на надминување на модернистичкиот снобизам.
Меѓута да се навратам на Ден Браун. Дава корисни информации и ѓи наведува на подлабоко размислување оние кои што се вперени строго во белетристика.
Едно прашање, има отворено тема за класика - белетристика?
 
Сакам да надоврзам за Ден Браун дека пишува кодирано и треба да ги прочитате книгите кој ги опишува во своите дела за да го разберете.
 
Не знам за вас ама мене Ден Браун ме натера да ја засакам науката (генерално кажано) и да почнам да размислувам аналитички. Мислам дека не треба површно да се читаат неговите книги и да се остане на претставата за типични американски трилери кои не нудат ништо повеќе од возбуда и анксиозност додека го читаш.
 
Книгите на Браун се шунд литература. Сакате историски трилери, крими мистерии и теории на заговор? Читајте го Еко. Класи и класи се во прашање.
 
Ја имам прочитано само Кодот на Да Винчи кога излезе и бев прилично импресиониран. Ми беше и прва прочитана книга по сопствен избор, нели лектири за во школо не се бројат. :) Ми беше многу интересна и ја завршив на две седнувања, едноставно морав да прочитам што ќе се деси во следната глава. Сето она што Ден Браун го пишува го прифаќам со резерва но морам да признаам дека има доста храбри идеи кои и не се толку далеку од реалноста. Едноставно не сум затуцан со религија и читав чисто рекреативно и уживав во книгата.
 
Кога излезе „Кодот на Да Винчи“ сите беа воодушеевени од него. По некое време почнаа да кружат муабети дека Ден Браун не чини, дека податоците што се во книгите се неточни и наеднаш сите станаа книжевни критичари и почнаа со потсмев да гледаат на неговите лик и дело.

Мене ми се допадна и „Кодот“ и „Ангели и демони“ и се онака книги за на плажа, за релакс, без уметничка вредност, и без да е многу важно дали во некој музеј документот до којшто тој дошол е фалсификат или не, и многу се подобри од книгите од типот„100 потези со четка пред спиење“ или „Бадем“.

Мој близок го има читано „Дигиталан тврдина“ (што е напишан многу порано пред овие два романа) и беше згрозен од неточните научни податоци што ги има во романот.

После него излегоа многу книги како што се „Правило на четворката“, „Дневникот на Микеланџело“, „ИСторичарка“, „Клубот Данте“ итн кои се ни змија ни магаре и се пример како не треба да се пишува.
 
Грешка е повеќе да се обрнува внимание на формата одошто на содржината. Ден Браун навистина коисти исти ликови, го употребува истиот начин на нарација, но на различен начин секогаш ги поврзува религијата и науката што го прави секое негово дело освежилно и поинтересно од претходно прочитаното.
Лично јас имам прочитано четири негови дела: „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Изгубениот симбол“ и „Точка на измамата“ откога почнав да ги читам неговите дела (прво Кодот) не можам да се одлучам кое е подобро бидејки секое претставува уникатна приказна со совршено добро искомбинирани различни гледишта (она на науката и она на религијата) кои се преклопуваат на совршен начин и секој дел од сложувалката си доаѓа на своето место.
 
_65992133_inferno464.jpg

6-тиот роман на Ден Браун ќе биде пуштен во продажба на 14 мај оваа година. Дејството во романот повторно во Италија, најверојатно Фиренца, овој пат ќе биде поврзана со некоја мистерија од „Пеколот“ (Inferno) на Данте Алигиери. Роберт Ленгдон, по четврти пат е централниот лик на романот.
 
Го читав „Изгубениот симбол“ и беше губење време. Се гледа дека човекот е потрошен, а има договор да пишува книга секоја година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom