Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
301 метро висок обакодер
Нов симбол на Париз?
Планерите го одбраа дизајнот на новиот џиновски облакодер во разни бои за иден симбол на Париз, кој ќе биде помал само од Ајфеловата кула, јави Ројтерс. Облакодерот висок 301 метар, кој го дизајнира- ше годинешниот лауреат на Прицкер наградата, францускиот архитект Жан Нувел, е за еден/два метра повисок од другите проекти кои исто така се прифатени за изградба во бизнис-центарот “Ла Дефанс”, но ќе биде пониска од 324 метри високата Ајфелова кула.
Зградата ќе биде симбол на развојот на градот, надвор од неговите традиционални граници, а во себе ќе има канцеларии, продавници, апартмани и хотел од четири ѕвезди. Целта е кулата “Сигнал” да стане симбол на Париз, надвор од границите на стариот град - вели Патрик Девеџијан од ЕПАД, тело за развој на градот. Облакодерот ќе биде изграден во западната периферна област на градот, а околу него ќе има многу дополнителни еколошки објекти. Секој од четирите сегменти има голем атриум обоен во различна боја. Целта е атриумите да овозможат подобра вентилација во зградата, а соларните панели и турбините на ветер ќе генерираат струја наменета за потребите на жителите на зградата.
Облакодерот го сочинуваат неколку згради наредени една врз друга и секоја претставува свет за себе - вели архитектот Нувел, кој е автор и на кулата “Тор Агбар” во Барселона, како и на седиштето на Арапскиот светски институт во Париз. Зградата треба да биде завршена до 2015 година, а се очекува само изградбата на конструкцијата да чини околу 600 милиони евра. Натпреварот за избор на идниот симбол на модерниот Париз привлекол внимание од многу светски познати архитекти како што се Даниел Либескинд, Жак Фериер и сер Норман Фостер.
Околу 33.000 квадратни метри простор ќе биде наменет за луксузни апартмани. Се планира станбениот простор да биде изграден околу централната градина. Останатите 71 кат од зградата ќе бидат поделени на 55.000 квадратни метри канцелариски простор, додека хотелот ќе има површина од 39.000 квадратни метри, а 10.000 квадратни метри ќе бидат претворени во продавници. Простор од 8.000 квадратни метри е дизајниран како јавен простор. Плановите ја следат иницијативата на претседателот Никола Саркози во Франција да бидат доведени познати архитекти и да се преобликува западната периферија на Париз.
Ројтерс виа Порта 3.