@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115

Роден (1909 – 1996) бил основач и раководител на македонските национални организацииМАО (Македонска антифашистичка организација) и ТОМО (Тајна ослободителна македонска организација), секретар на Окружниот комитет иНОФ за Воденско, организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија.
Отпрвин дејствието на НОФ се ограничува само на организирање на штрајкови, протести на улиците, фабриките, публикување на нелегални весници и памфлети, но наскоро создаваат и вооружени чети. Непосредно пред формирањето на НОФ, Вангел Ајановски - Оче со дел од соборците кои се враќаат живи од Сремски фронт се префрлува илегално во Водени таму ја формира Тајната Ослободителна Македонска Организација(ТОМО) со две вооружени чети. По создавањето на НОФ, ТОМО се приклучува кон првите и вооружените сили се обединуваат. Во 1945 НОФ располага со 12 вооружени чети во Костурско, 7 во Леринско, и 11 во Воденско и Ениџевардарско. Овие чети патролираат по селата, и нивна основна цел е да го заштитуваат невиното население. Од средината до крајот на 1945 овие групи водат 30 битки со монархофашистички патроли. Најголемата од нив се случува во близина на паланката Меглен, кога конвој кој превезува политички затвореници е нападнат од сили на НОФ. 14 владини војници се убиени, 9 заробени и сите затвореници (Македонци и Понтијци) се ослободени.
Во некои Воденски села, дури и Понтијци стануваат членови на комитетите на НОФ. Во Костурско пак многу Власи се вклучуваат во НОФ, паралелно со Македонците.
[*]Д-р Кирјазовски темелно го истражил животниот пат на овој наш великан и во неговата книга мошне илустративно на читателот му го доближил револуционерното и патриотско дело на Вангел Ајановски - Оче.
[*]Животниот пат и борбата на Вангел Ајановски - Оче може да послужат како пример и патоказ како треба да се воспитуваат идните македонски генерации.
[*]Иако бил изложуван на големи лични опасности, апсења, прогонувања, закани, Вангел Ајановски - Оче ни во еден момент не се поколебал ниту пак се откажал од неговата револуционерна борба.

ПРИДОНЕС
Една од плејадата такви личности кој непоколебливо застана на чело на национално-ослободителната борба на Македонците од егејскиот дел на Македонија и даде голем придонес во неа е Вангел Ајановски - Оче. Со оглед на тоа што значењето и дејноста на Вангел Ајановски - Оче се однесува на целата територија на овој дел од Македонија, според расположливата документација, многубројни сеќавања и изјави на негови соборци и соработници, јасно се потврдува оцената дека улогата, местото и придонесот на Вангел Ајановски - Оче, во национално-ослободителното и антифашистичкото движење на Македонците во егејскиот дел на Македонија е големо.
ПАТРИОТ
Така, во предговорот на книгата авторот Кирјазовски ни појаснува каква личност бил Вангел Ајановски - Оче. Д-р Кирјазовски потенцира дека Оче уште од своите најрани години застанал во одбрана на националните и социјалните права на македонскиот народ и несебично се борал за остварување на неговите желби и стремежи. Тој бил член на партијата, секретар на Општинскиот комитет на КПГ во Воденско, основач и раководител на македонските национални организации МАО (Македонска антифашистичка организација) и ТОМО (Тајна ослободителна македонска организација), раководител на комунистичка воена организација на Македонците во Воденско.... и уште многу други функции кои придонеле во реализирање на тоа големо дело. Притоа тој се изложувал на големи лични опасности, апсења, прогонувања и закани. Но, тие не биле пречка тој заедно со уште Македонци истомисленици отворено да & се спротивстави на погрешната политика и практика на раководството на КПГ по македонското национално прашање, барајќи таа да се напушти и да стане доследна и принципиелна во однос на македонската национална борба. Сметајќи дека резолуцијата на Информбирото е погрешна, неоснована и штетна за комунистичкото движење и дека Сталин направил крупна грешка за борбата на грчките и македонските демократски сили, тој и тука меѓу првите отворено го изразил своето несогласување.
Д-р Кирјазовски темелно го истражил животниот пат на овој наш великан и во неговата книга мошне илустративно на читателот му го доближил револуционерното и патриотско дело на Вангел Ајановски - Оче.