P
Princ
Гостин
Вечерва дискутирав со еден другар за разликите помеѓу Виндовс Виста и Виндовс XP. Јас сум поборник на XP, затоа и го користам сеуште него во секоја прилика.
Прашањето ми е: што за вас е совршен оперативен систем? Кои се вашите потреби и побарувања од оперативниот систем кој го користите?
Ќе почнам јас да го опишувам во неколку црти совршениот оперативен систем за мене:

Прашањето ми е: што за вас е совршен оперативен систем? Кои се вашите потреби и побарувања од оперативниот систем кој го користите?
Ќе почнам јас да го опишувам во неколку црти совршениот оперативен систем за мене:
- Стабилност - сакам оперативен систем со свое јадро, и целосна независност од другите програми. Две во едно.
- Лесен и прегледен интерфејс - мразам шминка во основната инсталација на оперативниот систем. Доколку некој сака вакви или онакви движења на старт менито, нека има дополнителни програми за тоа.
- Мали барања за потребни ресурси - со вистата, стана проблем моќта на процесорот и големината на РАМ меморијата. Иако технологијата отиде доста напред во усовршување на хардверот, основната инсталација на оперативниот систем не смее да ги користи скоро сите ресурси кои ги имаш на персоналниот компјутер.
- Поддршка за хардвер - оперативниот систем мора да поддржува различни видови на хардвер како на пример асусовото Eee PC (кое е со многу ограничени хардверски ресурси), повеќе-јадрените процесори, мониторите осетливи на допир...
- Поголема независност од регистраторот - на регистратоторот и во XP верзијата на виндовс, но и во Вистата, му се дава преголема улога и важност. Мислам дека треба што повеќе можно да почне да се исклучува користењето на регистрито во оперативниот систем. Ја сваќам потребата, но мислам дека и не е толку многу голема се и сешто да оди во регистраторот.
