Што пиете рано наутро?

  • Креатор на темата Креатор на темата _c|eLo_
  • Време на започнување Време на започнување
прво вода, па после едно појако кафенце да ме расони:)
 
рано насабајле не пијам нисто зошто спијам тогаш:pos2: а кога ке станам прво со пијам е сок или вода
 
ЛИТАР ЛАДНА ВОДА аммм, онака загреана од ноќта целата вријам од жешко и ладна вода да ми ги измие цревата :) чувството е како да се рестартирам :) .. е после зависи... на периоди пијам кога станам топло нес, па ке ми удри нешто во глава фатам да варам турско (многу ретко) е после ручек обавезно ладно матено нес... баш сеа ке одам да си напраам:pipi:
 
Во последно време, пред излегување од дома набрзинка пијам едно мало (многу мало, 100 мл) јогуртче со оние бактериине, како и да се викаат.. за смирување на стомакот...
Пошто си го имам уништено од нередовно (не)јадење, ми треба такво нешто...
Ефективни се...
 
Прво што ми паѓа во рака откако ќе станам е некој овошен сок од фрижидер, бидејќи секое сабајле сум дехидриран! И го пијам цело литро па потоа обавувам некои други активности ! :wink:
 
вода наутро вода попладне вода навечер значи ВОДА и тоа ладна од чешма :vozbud::vozbud:
 
па утринско кафе, што се пие друго...едино вода пред тоа...
 
Eдна молба, за кој ќе прочита тука... кој нема да прочита, кога ќе ја донесеме како резолуција, ќе мора :pos:

Значи, Кајгана е форум за дискусии во мрежата. Не е агенција за анкетирање на граѓани, нити регионален центар за статистика - кон што целам: Еве на пример, оваа тема се вика - Што пиете рано наутро?

Не ми значи многу ако го прочитам постот на Геџа (на пример, зш знам дек нема да се наљутит :smir:) кој цел и целовит вика: Кафе. Четири букви..... Дискусија до јаја. :)

Ајде малку напор омладинци и омладинки.... опишете едно утро после пијанка, на пример. Јас при такви моменти се будам рано, значи кратко спијам бидејќи дехидрирам и со зомби-ходање се влечкам до фрижидер да барам јогурт (се друго ми е со пелинаст вкус). Можам и литро јогурт да смачкам за пола минута, колку да дојдам на себе... Иначе обично, доколку милата ми мајка станала пар минути пред мене и спремила некој свеж овошен коктел (бидејќи сака да живеам 147 години, како Џек Ла Лејн) пристапувам кон омилената утринска дисциплина (после драпање мадиња и утрински прдеж) "Ѕверење во фрижидер со 5 рафтови". Обично шарам, барајќи некој сокич (шо понешеќерест, тоа поубав). Ако има некој оринџ со пулпа - феноменоменално. Ако не, се ќе заврши работа.

Е сега, ако си во небрано и мора да бираш меѓу стара жолта, блага бела или вода отчешма... типувам на вода. Освен, ако пастата за заби не ти е потрошена. Ако е потрошена пастат, логично е да ти фали калциум во организмот, коските да одат кон рахитична состојба и да се губи рамнотежата... Токму затоа Лет 3 зема нектарина наутро - и тоа е сосема оправдано и медицински коректно.
Арно ме потсети..баш пред 3 дена бев дупка пијан, и во текот на ноќта станував 2-3 пати да пијам вода бев ненаситен дехидрирам.. и станав накај 11 часот а си легнав 5 сабајле а обично секој ден станувам накај 3-4 :),кога се разбудив зедов една Горска ладна од фрижидер со вкус на лимон едно литро од неа испив и одма потоа си порачив да јадам истото тоа ми се случува секогаш кога сум пијан:toe: значи секогаш кога сум пијан станувам многу рано и неопходни ми се ладни течности и сум многу гладен :):) чекам постови и од другите да видам како вие реагирате насабајле кога сте биле пијани.. :)
 
зависи кога како кога одам на училиште некогаш од мрза ништо не ми се пие или пијам понекогаш кафе а сега на распуст прво пијам џус а после тамо околу 13 часот и првото кафе го пијам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom