Бемки

  • Креатор на темата Креатор на темата iNtErIsTa No1
  • Време на започнување Време на започнување
Имам прашање за сите на форумов. Дали некој има т.н. бемки (mole)на лицето или некаде на телото и дали биле кај дерматолог на преглед, тој каква дијагноза ви кажал, дали ви предложиле нивно вадење (ако се бенигни-неопасни), кој начин на нивно вадење ви предложил (криотерапија со течен азот, електрокатерација, хируршки, ласерски,со креми). Дали било успешно вадењето, на кој начин и колку тоа чини во Р. Македонија. Конкретно ме интересира криотерапија, наводно била најдобра со најмалку негативни ефекти и било ефтино
 
Последно уредено:

Прочитај на претходните страници имам пишувано мое искуство со вадење на бемките. Позз
 
Имам бемка на лицето, 2 сантиметри над устата. Епа не е рамна него е испакната и ја имам од мал, синоќа ми се подула малце и забележав има белко, како пубертетските брунки шо испаѓаат, а такви имам неколку моментално на лицето (пубертетски). Е сеа дали е можно внатре во бемката да испадне таква брунка, да почекам 2-3 дена да видам резултати или да одам на доктор? @Gregor
 
Na ramoto imam dve bemki, no na ednata mi se napravile kako mn sitni beli tockicki.. Dali nekoj imal takov problem ili znae shto e toa?
 
Attachments

  • image.jpg
    image.jpg
    634,5 KB · Прегледи: 57
Na ramoto imam dve bemki, no na ednata mi se napravile kako mn sitni beli tockicki.. Dali nekoj imal takov problem ili znae shto e toa?
Ја имав една бела точка, поголема од твоите, и ми помина за една недела сама од себе, без никакво мачкање..
 
Следнава недела имам закажано за отстранување на бемка во државна. Ме интересира дали се вади со анастезија и колку време стојат конците?
 
Следнава недела имам закажано за отстранување на бемка во државна. Ме интересира дали се вади со анастезија и колку време стојат конците?

Локална анестезија, процедурата трае десетина минути. Конците мене ми ги извадија за 2 недели мислам, а во меѓувреме почнаа и сами да паѓаат.
 
Јас имам поминато мини-операција за тргање на бемка.Ја имав од мали нозе веднаш над десното уво на глава.Морав веднаш да ја извадам поради што ми ја поткачи ја на фризер и од страв од инфекција.Беше закажана утрото на Пластична во Државна'со локална анастезија и ласер горење.Ми ја тргна,траеше 15 минути,ти чури глава и мирисаш запалено,најинтересно беше.Ме завиткаа и рекоа толку и оди си одма можеш.Бев буквално 18 дена со дупка од десната страна на главата :-) :-) :-)
 
Пред 10 години ми се појави бемка на десниот образ околу 1 см, и лани летото добив нешто осип и во спиење сум ја откорнала со чешање , никаде немаше крв ... И почна да ми зараснува и сега ми е испакната и како корупка , како да се суши и малце ме чеша .... Што би можело да биде што ми е како корупка ? Исто околу бенката ми е црвенкаста ... Сакам да ја остранам ама на лицето ми е не сакам да имам лузна ...
 
Дечки помагајте нешто мастови креми има ли по аптекиве наши без рецепт? имам на лице една од раѓање малечка по сите критриуми као што гледам не е опасна ама ми смета естетски
 
Дечки помагајте нешто мастови креми има ли по аптекиве наши без рецепт? имам на лице една од раѓање малечка по сите критриуми као што гледам не е опасна ама ми смета естетски
Користи заштитен фактор 50 ка и шо помалце излагање на сонце.Бемките во комбинација со висок UV индекс можат да бидат многу опасни!:(
 
Дечки помагајте нешто мастови креми има ли по аптекиве наши без рецепт? имам на лице една од раѓање малечка по сите критриуми као што гледам не е опасна ама ми смета естетски
Вадење само ако дерматолог откако ќе прегледа со дерматоскоп и ќе увиди дека нема опасности. Секако и по вадењето ќе мораш неколку месеци да не излагаш на сонце, или па ептен да ги ограничиш излагањата преку ден на лето само на идење и враќање од работа и со фластер на местото.
 
Малечка и му смета естетски, а јас што да кажам што имам милион. :D
 
Си бил на дермоскопија?Шом ги имаш во голем број добро е да одиш на контрола од време на време.
Ништо опасно не е, затоа и се така оставени.
Од раѓање се и најблиските имаат, само смета при бричење и шишање, па мора поголемо внимание.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom