Парфеми

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој информација во која парфимерија во Скопје го продаваат Creed Aventus ?
 
И јас го имам, добар е. На аеродром имав начекано 200мл за некои 30 евра, еден период го утепав од користење.

Инаку кај нас мноогу поскапо го продаваат, не се исплати.
 
Ама како шо глеам EDT е на сликава, дали е траен и погоден за во канцеларија?
 
Ама како шо глеам EDT е на сликава, дали е траен и погоден за во канцеларија?
Погоден е, ама нема да ја легне колешката, не е „ебачки“. За тие пари како на фришоп кога е на акција е врв.
 
глечерот од Орифлејм башка, кој е исто класика за мене.
Веројатно за вкусови се работи, мене (оригиналниот) Глечер на Орифлејм ми мириса на Фери сјај за садови од лимон. Ужасен ми е, и еден од мирисите кои ич не можам да ги поднесам. За разлика од него (дел од) останатите мириси од колекцијата се топ. Пр. Глечер Rock (зелениот) ми е омилен и штета што е така слаб. Би сакал да најдам парфем кој мириса слично а е посилен и потраен. Истото важи и за други два неверојатни парфеми на Орифлејм кои веќе ги нема: Deep Woods (прочитав дека Cartier Declaration бил многу сличен, само не сум го нашол за да проверам) и Flamboyant (среќа овој уште го имам и не го трошам).
 
Кој чека ќе дочека, вчера не ни приметив а нарачав AFNAN 9 PM (отиде залихата), гледам денес донеле и AFNAN 9 PM Rebel и RASASI Hawas Black .... конечно освежување, навали народе додека има :
RASASI Hawas Black EDP - fragrance.mk
AFNAN 9pm Rebel EDP - fragrance.mk
 
Одамна не сум пишал на темава... со мало задоцнување..
IMG_0100.jpeg
Земав пред НГ декант на Авентус од другарот @Psyside
Секоја чест за услугата и парфемот!
За тие што ги интересира, а сум имал и тестер од ЦДНИМ, парфемов е недопирлив!
Врска немаат копиите, исто како што врска немаат ни ривјуата по нет. Трае со саати, пре би рекол дека корне, место да речам има проекција!
Недопирлив! И многу покомплексен и "чадлив" наспрема копиите.
Во споредба цдним е средство за миење садови со мирис на цитрон.

Е сега интересното...
Иако го обожавам, сепак не ми е омилен мирис :)
Мон Блан Експлорер ми е омилениот.
Не е one to one копија на авентусот, туку е само инспириран од него...
Полесен, не толку чадлив, елегантен..
Неверојатно добро ми прија, и уживам да го носам (и мирисам).
Го начекав на промовија во шатци, комплет сет со гел за туширање за 3 и нешто илјади (не паметам сега).
Нареден пат купувам од 200ml и ич не се мислам.
Авентусот оди само за специјални пригоди, експлорерот секојдневно, а оној ефтин сансиро (копија на Aqua di Gio) за трошење колку да бидам намирисан.

D&G ми фав летен мирис, и како стоплува ќе ми стане дневен мирис, а за навечер и излегување експлорерот си останува стандард.

Шишарката е класика "мушки" мирис, и мора да се има :cool:

Имав и тестери од други парфеми, ама не е во ред да им пишувам ривјуа, а и никој посебно не ме бендиса, дури оној niche Cologne Indélébile by Frederic Malle ми беше толку одвратен што попрво би се намирисал со мирис за кола (оние на вентилација што стојат) :sick:

Сега бар знам дека не лутам, знам што ме бендисува, и не би фрлал пари на слепо.
Можеби само Версаче би сакал уште (blue jeans) да си додадам..
 
Стигнаа Afnan 9 PM Rebel и Rasasi Hawas Black :
На кратко за Black, дефинитивно е пролет-лето варијанта со изразито моќни свежи цитрусни ноти а од она што го заебелжав на прво прскање остава масна флека на рака (како да сум се премачкал со масло) што претпоставувам влијае на неговата долготрајност. Преовладуваат ноти на бергамот, цитрон и ананас а што ќе покаже понатака ќе видиме за пар саати. Дефинивно машки парфем. Оцена 8.5/10
viber_image_2025-03-24_17-38-21-846.jpg
AFNAN 9 PM Rebel, вечерен парфем удира јако како за зима ама не гледам проблем да се носи и во периодов што следи (пролет). Многу специфичен и секси парфем, со исклучително јаки ноти на ананас, мандарина, ванила .... ме потсетува на нешто со кое веќе сум имал контакт, и преубаво мириса. Дефинитивно не е унисекс и е баш машки парфем. Оцена 9.5/10
viber_image_2025-03-24_17-38-21-929.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom