Парфеми

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Има кај нас Roja Elysium, во Белодоре можда? И дали има некој деканот? Го меркам Mefisto Casamorati, го прашав Виктор за мислење, ми го предложи Елисиум за кој има поделени мислења па не ми се даваат 200+ евра за џабе.

Просечни/слабо перформанси не би го земал.
 
Не знам зошто би земал парфем до 200 евра воопшто.

Земи 3-4 од 50-60-70 евра.
 
Земи ако не 10 по 20 евра. Чиста работа. :pos:

Разликата (генерално) во квалитет на парфеми од 20 и 60/70 евра е далеку поголема отколку на парфем од 60/70 и 200 евра.
На прсти се бројат парфеми од 20 евра што парираат на парфеми од 60/70 евра, за разлика од вториве.
Збориме за иста милилитража.

Да не зборам што со 3-4 designer парфеми од 50/60/70 евра (со 200 евра како краен буџет) - можеш да ги покриеш сите пригоди и годишни времиња.

Седи - кец. Вакви хехе-нца муабети не на мене.
 
За 60 евра е планиран Армаф CDNI edp:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Не знам зошто би земал парфем до 200 евра воопшто.

Земи 3-4 од 50-60-70 евра.
Blue de Chanel ми е алтернатива, само сакав нешто понесекојдневно-цитрусно
 
На прсти се бројат парфеми од 20 евра што парираат на парфеми од 60/70 евра, за разлика од вториве.
Збориме за иста милилитража.

Исто на прсти се бројат парфеми од 60-70 евра кои парираат на niche од 200+ евра. Прво најверојатно немаш користено niche парфем, па затоа се тешиш со вакви теории.

Седи - кец. Вакви хехе-нца муабети не на мене.

Седам нема проблем, само што ги заеба сите со niche парфеми. Како порано не се појави да не купуваат луѓево скапи парфеми. :)
 
Исто на прсти се бројат парфеми од 60-70 евра кои парираат на niche од 200+ евра.

Може да ја затвориме „дискусијава“ тогаш со ваков пост.
Префрли се на друга тема, оваа не е за тебе.
 
Пишува, затоа ти реков да се тргнеш од тука со небулози како ,,Исто на прсти се бројат парфеми од 60-70 евра кои парираат на niche од 200+ евра".
Префрли се на ,,Ајде да изброиме до 100 000 :)", ,,Каладонт“ или така нешто.

Какви небулози? Кои парфеми ги поседуваш во моментов и како дојде до заклучок дека нема разлика од designer до niche? Ајде повели образложи те молам, просветли го цел форум и сите колекционери на парфеми. Нека заштедат луѓето, нема смисла да фрлаат пари за niche кога за 50-60 евра го има истото. :)
 
Нема што тебе и било кому да ти се докажувам што носам и што поседувам, не знам што се замислуваш кој си.

нема смисла да фрлаат пари за niche кога за 50-60 евра го има истото.

Не само што го има истото, во огромен број од случаевите - и самите парфеми се подобри.
 
Не знам кој би го зел до 200 евра. Пред некое време имаше и Тајгер 90Ml за 180 евра во Србија.:cautious:

Што ти треба, за која намена, колку ти се битни перформанси, наспроти мирис итн.
 
Што ти треба, за која намена, колку ти се битни перформанси, наспроти мирис итн.
Ми стигнаа амбалажи за деканти денес, па можда перформансите одат во втор план со оглед на тоа дека ќе имам во џеб деканот па ќе можам да се прскам на 3-4 сати.

Иначе, има дизајнери што се рамо до рамо или чак подобри од ниш, но ги нема многу. Не ти треба тест за да сфатиш дека ниш парфем ти е за класи подобар, доволно е само да мирисниш, барем од мое скромно искуство. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom