Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Локација
Скопје
Сеа баш не ми текнуваше каде да ја ставам темава па ја турив тука.

Баш си ги вртев каналиве и глеам на а2 ја имаше оваа емисијава урбан.
Владата одвоила средства за нови 50 автобуси слични како во минатото шо ги имало во Скопје.Овие ќе биле ваљда климатизирани да се качат инвалиди и др.
Сеа кога ќе биде ова и дали ќе се отсвари не знам,ама би било добро да иаме вакви.
Па ајде коментари тука.
 
Опа... после возењето со трамвај, (највероватно ви здодеа па сакате да промените нешто) сега двоспратни автобуси а? :smir: Ке видиме како ке испадне, но дури не видам на дело, не верувам.
 
Џиш, не заборавај да се провозиш со метрото ;)
 
Опа... после возењето со трамвај, (највероватно ви здодеа па сакате да промените нешто) сега двоспратни автобуси а? :smir: Ке видиме како ке испадне, но дури не видам на дело, не верувам.

toa so tramvajite e glupost na trifun... budala... covekot ne e aren ne mu zameravajte. on e edinstven protiv dvospratnite avtobusi!! budala nema sto...
 
Најважно е да се тргнат скапаните лименки од улиците.

Меѓутоа дали е Скопје со оваа посткомунистичка архитектура град за двоспратни автобуси... не ми личи.
 
Глупости (не се навредувајте)
Како можи за во град особено скопје вакви автобуси дури на 2 спрата, како прво додека влезат додека се наместат патниците ке стигнеш и ајде пак додека даизлезеш, мислам дека тие двоспратни автобуси би биле некаде за пат, а не за во град за некој си 2-3 километри.:toe:
На скопје му треба автобуси, но вакви НЕ, обично како сите наши автобуси а не двоспратни, бар така е моето мислење.
:helou:
 
Фалат автобуси во Скопје,без разлика дали се двоспратни или обични,битно некој нови,средени.Срамота е главен град да нема салам автобуси,трамвај и слично.
Всушност низ цела држава фалат салам автобуси.
 
Во Струмица си се супер.
Но, јас реков фалат во скопје и тоа многу, сега кога ке се во работа новите автобуси ке видите коолку е по споро и бавно додека патуваш, тоа е првата причина која не одговаре на луѓето
 
Глупости (не се навредувајте)
Како можи за во град особено скопје вакви автобуси дури на 2 спрата, како прво додека влезат додека се наместат патниците ке стигнеш и ајде пак додека даизлезеш, мислам дека тие двоспратни автобуси би биле некаде за пат, а не за во град за некој си 2-3 километри.:toe:
На скопје му треба автобуси, но вакви НЕ, обично како сите наши автобуси а не двоспратни, бар така е моето мислење.
:helou:

Види, првите автобуси уште во старо Скопје пред земјостресот беа двоспратни.

jsp01.jpg
jsp6.jpg
jsp4.jpg

Меѓутоа тогаш личеа на градот, а сега зависи како ќе бидат дизајнирани да се вклопат низ улиците.
 
Види, првите автобуси уште во старо Скопје пред земјостресот беа двоспратни.

jsp01.jpg
jsp6.jpg
jsp4.jpg

Меѓутоа тогаш личеа на градот, а сега зависи како ќе бидат дизајнирани да се вклопат низ улиците.

Ќе бидат слични на овие да не речам исти.
 
сеа скопјанишчава на двоспратни автобуси че гледаат дур до в охрид дур до в енсеро....
како ид а е...кантине мора да се тргнат од по улицине.. брука срамота и што ти уште не е ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom