Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Електронските цигари се решение, користете електронски цигари два три месеца и после многу полесно е да се откажете него директно од класични цигари.
Задоволството не е исто, но сепак доволно да не ве факаат кризи.
Ama poentata e da gi otkazis a ne da gi zamenis. :D
 
Да, привремено само ќе користиш два три месеца електронски цигари, после тоа и тие ги откажуваш.
Автоматски споено мислење:

Многуе полесно од електронски цигари да се откажеш одколку од класични
 
Да, привремено само ќе користиш два три месеца електронски цигари, после тоа и тие ги откажуваш.
Автоматски споено мислење:

Многуе полесно од електронски цигари да се откажеш одколку од класични
Poarno privremeno najdi si nekoja zanimacija i ostavi gi, otkolku da kupuvas elektronska i da se nadevas deka ke gi ostavis.
 
Абе се знае, земаш фрлаш во канта и тераш даље. Ако не, помири се дека нема живееш ко баба ти /дедо ти до 90 години, пошто они живееле во друго време и пушеле тутун. Ген се пренесува, ама треба и да го негуваш телото и организмот со здрав живот, во спротивно ништо не те спасува.
Инфаркт може да биде брза смрт, ама рак на плуќа...тоа ни на душман не го посакувам.
Затоа мислете на себе и на тие што ги сакате/ве сакаат.
 
Цигарите ги откажав постепено со намалување.Многу тешко е да ги откаже човек наеднаш.
Ми требаа едно сигурно година.Најтешко е кога си со пушачи.Импулсот рже не се држе.
До ден денес палам кога пијам алкохол,ама сепак тоа е незначително во однос на кутија и пол две во минатото.
 
Ако се откажете наеднаш сметајте дека цела година ќе имате битки и ќе треба да поминувате психолошки стапици, тие моменти кога цигарата ви била најпотребна. Но како што поминува првата година све поретки и помали се тие моменти. Но никако не очекувајте дека еден месец и готово. Треба и психолошкиот пристап убаво да се наштелува.

А со IQOS и електронски цигари пак ја храните зависноста од никотин али барем не штети толку со катран и јаглерод моноксид.

Абе каква година,ја четири и пол години ми поминуваат тие психолошки стапици . :) Мада веќе за мене тоа е завршена приказна,ги оставив наеднаш и од тогаш ниедна запалено немам.
 
Абе каква година,ја четири и пол години ми поминуваат тие психолошки стапици . :) Мада веќе за мене тоа е завршена приказна,ги оставив наеднаш и од тогаш ниедна запалено немам.
Абе до крај на живот ќе ги имаме тие тестови на искушение, но барем како што поминува време тие моменти стануваат поретки и пократки.
 
Блиски луѓе се откажуваат од цигари и не пушат по две, пет, десет години, како кој. После тоа пак се враќаат и пушат повторно. После пауза од две, пет, десет години, како кој.
 
...не,и не...и после тоа не
...пушач до цркнување(секако нешто мора да ме убие) :)
 
Преку ноќ ги оставив едноставно ја завршив кутијата и си дадов "заклетва" дека нема да купувам, нема да се гребам, нема да земам кога некој ќе ме понуди. Еве сум, година и 5 месеци без ниту една цигара ни електронска ни виткана ни регуларна. Ако запалам една ќе си купам кутија, таков сум.
Без ниедна можам - со една не можам.
 
Блиски луѓе се откажуваат од цигари и не пушат по две, пет, десет години, како кој. После тоа пак се враќаат и пушат повторно. После пауза од две, пет, десет години, како кој.
Па да, ќе се случи нешто лошо во животот и многу е лесно во тие моменти да се падне под искушение и како некој тип на утеха да се врати на таа стара навика.
 
Јас ќе ги откажам, не пушам 2 3 6 месеци, ни цигара, и одеднаш, уз некоја седенка со алкохол, ќе ми се припуши, и паѓам, и после тоа пушам една недела до максимум 10 дена. После пак ги оставам, и така во круг. Иначе не трпам никакви психолошки или не знам какви стапици, не туку се лигавете, земи на хероин навлечи се и остај го, да видиш што се психолошки стапици. Пушењето е најглупата работа што може човек да си ја направи, да дава пари за сопствена болест и смрт. Не пушете и крај, мислите се само мисли, и не секогаш се ваши, ама не сте вие на ниво на мастер Јода тоа да го практикувате.
 
Јас ги оставив со помош на никотински мастики. Додека ги џвакам мастиките немам криза за цигара. После 1 месец користење на мастиките, ги прекинав и имав мали кризи за цигара но се издржуваше. Веќе 2.5 години не пушам, а активно пушев 12 години. Лошо е што ги нема во мк да се купат.
 
Мамата нивна на мафијата во рсм. Ниту фластери ниту мастики има во рсм да се купат. Ко намерно да сакаат да го држат народот навлечен на цигари. Најголеми пушачи сме по глава на жител во цел свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom