Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Можам да се пофалам дека 6 години не пушам цигари.
Лесно ги оставив, но морам да признам дека ме маваат кризи, краткотрајни се и ете, до сега издржувам.
За овие 6 год.покачив пет кила поради грицкалиците кои ми беа замена за никотинот.
Се може да се успее ако се сака вистински.
 
Најзаебани се cravings, т. е. кризи за цигара кога умот се обидува на секаков начин да те прелаже само за да запалиш цигара, т. е. си наоѓа начини и изговори за кои те убедува дека се твои. Е ако знаеш дека умот твој игра против тебе и каква е неговата природа и игра, имаш шанси да престанеш. Тие кризи можат да траат и доживотно.
 
Кога оставив цигари пред десет години, симнав 20 кила. Зошто? Наместо со грицки, цигарите ги заменив со здрава храна и благ тренинг.
Бев страствен пушач и цигарите ги гледав како дел од мене. Кога престанав да размислувам на овој начин, беше полесно.
Еве ме после десет години на крај памет не ми текнува да запалам цигара, баш напротив, страшно ми смета мирисот. Дури ни во комбинација со травољина не ги поднесувам.
Ништо како инает и цврст карактер.
 
Со грицки,со сончоглед и помислата дека се скапи и да ги штедиш тие пари и да си мислиш во главата и со тие пари со цигари од 70-80 денари може да се купат 3-4 леба
 
Јас ги откажав со спортување, полека ми се намалуваше потребата и потоа целосно исчезна.
 
Кило сончоглед на ден, да му веруваш на дедо ;)
 
Дајте предлози да ги откажам гадотиите :pov:

Не дека ќе помогнете многу, сепак до мене си е и треба да се заинаетам ако сакам да ги откажам, а сакам :semolam:. Последните години почнав и многу здраво да се хранам али џабе кога и цигарите не ги откажав.
 
Кога ќе ти се припуши испи 1 грам витамин ц
 
Само со цврста воља можат комплетно и успешно да се остават цигарите. Јас пушев 12 години по 2 кутии цигари на ден и комплетно ги оставив пред точно една година поради здравствени проблеми. И после непушењето од цела една година сеуште понекогаш особено во вечерните и во ноќните часови се случува да ме фати некоја криза за цигара и во тие моменти земам да јадам смоки или да грицкам соленки колку да ми помине кризата. Не се осмелувам во никој случај повторно да запалам цигара !
 
Месец дена на вејпање сум, Lynden P1 си купив , презадоволен , тек пробав 4-5 вкуса, имам уште билијарда за тестирање и уживање... бог зне дали е поштетно за здравјето од аналогните цигари, ако не друго не смрди , не правам пепел насекаде околу мене нема пикавци нема жолти зидови и пердиња, не смрди просторијата каде пушам, не ме боли плуќата кога земам здив..
 
Не ти е страв дека може да ти пукне во уста и да ти ги расцвета забите?
 
Не ти е страв дека може да ти пукне во уста и да ти ги расцвета забите?
Тебе не ти е страв мобилниот да не ти пукне на ушето додека разговараш да ти го расцвета мозокот ? ;)
 
Тебе не ти е страв мобилниот да не ти пукне на ушето додека разговараш да ти го расцвета мозокот ? ;)

Ха ха ха...смешно! Те прашувам затоа што имам другар на кој му пукна истава глупост во уста и штета му направи.
 
Ха ха ха...смешно! Те прашувам затоа што имам другар на кој му пукна истава глупост во уста и штета му направи.
Па и не е за смеење баш. Мене не ми е страв, односно исто толку колку и кога поминувам на пешачки да не ме мавне некоја будала... шансите се тие.. ме интересира каков модел и од каде го има купено апаратчето другар ти ... тука во дојчланд на големо се вејпа, немам слушнато досега за таков инцидент...
 
Искрено не знам, само знам дека доста скапо го плати, беше на полнење и му траеше доста долго. Го имаше земано од странство, од каде точно не знам, не ме интересираше за да го распрашувам повеќе. Само глетката беше лоша и влечењето по болници напорно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom