Студирање во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Локација
Што подалеку од Македонија.
Знам многу матуранти што ќе студираат во странство и што ќе им биде добредојдено мислењето на луѓе што веќе учат во странство или имаат завршено.
 
Јас сум заинтерсиран да студирам во Америка или Австралија, доколку има некој кој учи или учел да објасни како одат процедурите, цените, учењето и такви работи.
 
за во америка мораш прво да полагаш ЅАТ, тоа е испит математика и англиски, математика делот не е тежок, ама за делот англиски треба посериозно да се спремиш. со резулатите од тој испит се аплицира на факултетите, мислам дека кај повеќето факултети роковите за пријавување се до јануари. зависи дали сакаш да студираш со стипендија, или со самофинансирање, има различни рокови и за пријавување за финансиска помош. ретко даваат целосна стипендија самите факултети, што би значело дека или треба да бараш друга стипендија или да учиш и да работиш. за странци се цените секогаш повисоки и многу варираат од факултет до факултет. најчесто се околу 20000 долари годишно, вклучувајќи трошоци за часови (tuition) и за сместување. кога ќе бараш факултет, во зависност од тоа што сакаш понатаму да постигнеш, би ти препорачала да бараш академски подобар факултет, зашто таму е сосема различно отколку тука и секој факултет си има свои академски достигнувања и ранг, а со тоа, нели и се зголемува или намалува шансата за потоа да најдеш добро платена работа. со завршен академски полош факултет, имаш помали шанси за постдипломски студии на добар факултет и за добро платена работа. принципот на учење е до некаде сличен со сегашниот тука (ектс), има колоквиуми и крајни тестови. можеш да избереш еден главен предмет (major), можеш и повеќе доколку имаш желба за учење (тоа е и поскапо, се плаќаат дополнително часовите што ги земаш), а бираш и спореден предмет (minor), кој исто така стои во диплома, но немаш звање по тој предмет. за тестот кој се полага можеш најдобро да се информираш во американски образовен центар, мислам дека и преку нив се организира полагањето неколку пати во годината.
 
Дали има некој што студира во Загреб? Би сакала таму да студирам...
 
:) а што сакаш да студираш во Загреб? и дали си била досега таму? ...патем јас не студирам таму ама можеби ќе помогнам :smir:
 
Па најпрво сакав медицина, бидејќи имале недостаток од доктори, прашав но ми рекоа дека е многу висока школарината. Сега се одлучив да студирам молекуларна биологија во Скопје, но во случај да не се оформи смерот, плановите ми се за во Загреб. А инаку во Загреб сум била еднаш, но на кратко кога се враќав од одмор во Ријека :D А и хрватски зборувам доста добро :baeh:
 
ахаам..епа јас сум на молекуларна биологија ама во Софија..и задоволна сум, а ако нема Скопје годинава пак, подобро да се распрашаш за Белград би ти рекла,досега се плакаше целосна сума како странец, ама со реформите можно е веќе и да примаат во државна:toe: а и мислам дека се појаки..јас сакав да одам за магистратура Загреб ама малку се разочарав, не е баш како што очекував, не се така напредни..само предност е што (колку што знам) примаат по двајца странци и во државна квота :smir:
 
Фала :):) Какви се условите во Софија кои мора да ги исполнува странски студент? И по која програма се студира? Некако не бев за да студирам во Софија, но можам да ја разгледам и таа можност :)
 
Ако има за Франција некој што се интересира, нека праша слободно. Јас сум таму.
 
Исто важи и за Словенија, некој ако се интересира, слободно нека опита :wink:
 
Фала :):) Какви се условите во Софија кои мора да ги исполнува странски студент? И по која програма се студира? Некако не бев за да студирам во Софија, но можам да ја разгледам и таа можност :)
па секоја година е различно околу тоа приемните, али воглавно бугарски, историја и биологија...и доста се лесни,за еден месец се спремаат
само оваа учебна година во Софија не примаја државна квота, само со целосно плаќање а за Пловдив незнам
со огледа на тоа дека се во ЕУ ти важи дипломата секаде само сеуште не е воведен системот со колоквиуми...уште е на испити, а според мене и полесно ни е вака :pipi:


Исто важи и за Словенија, некој ако се интересира, слободно нека опита :wink:

мене ме интересира за магистратури, дај некој линкој од факултети за биологија
а и општо кажи шо услови треба за уписи..во смисла на документи визи...
 
Ако има за Франција некој што се интересира, нека праша слободно. Јас сум таму.

познавам една што се заврши постдипломски во франција, во скопје дипломира со многу висок просек на архитектура, ама кажувала дека во франција за македонец тешко се наоѓала работа (поради врската на французиве со грците) дали е тоа точно?
 
мене ме интересира за магистратури, дај некој линкој од факултети за биологија
а и општо кажи шо услови треба за уписи..во смисла на документи визи...

Колку шо гледам јас овде, имаш два смерови за магистратура шо се најтесно поврзани со биологија. То ти се Молекуларна биологија и Структурна и функционална биологија.

А за линкој можам да ти дам само на словенечки, пошто на англиски не му се воопшто средени. Ако сакаш, just yell :wink:

EDIT: Заборајв дека постој Google translate. Еве еден за услови за упис. Друг за предметите. Трет за напредување во наредна година. Сите овие се за Молекуларна биологија. Другите нешто не ги отвора. Потсети ме пак да проверам, ќе ти кажам.
 
фала многу :) програмата ме бендиса, само дали знајш горе-долу како ода и цените, или дали има можности за плаќање како државна квота
а и со јазикот дали е тешко, или брзо се учи, и дали бараат некој испити за него
 
фала многу :) програмата ме бендиса, само дали знајш горе-долу како ода и цените, или дали има можности за плаќање како државна квота
а и со јазикот дали е тешко, или брзо се учи, и дали бараат некој испити за него

За плаќање не сум сигурен во која валута се плаќа, дали во евра или во долари, пошто на мојот факултет е во долари (американски), а на некој други е во евра. Сумата е 2000. Можности за плаќање државна квота нема, пошто не постои таква. Е сега, можиш да земаш стипендија и да си ослободена од плаќање на школарина. Ќе плаќаш само вписнина, то ти е некои 20-30 евра (претпоставувам дека е како на мојот факултет).

За јазикот нема да те лажам, е заебан. Падежи, двоина, триста онадења...
А за испит не знам дали ти бараат тебе. Мене да, за упис во 2 година. Не ти гарантирам за ништо од горе напишаното, мада најверојатно е така. Најубо ти да си прашаш по мејл или телефон, ќе те информираат тие најдобро.

Се надевам дека поможив малце. :wink:
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom