Единствено фатално нешто во приказнава е вистината на младите. Па видете која катастрофа им се случува на 18/9 годишни деца! Ало бре, кај тргна светов!
Чекајте да се смирам сега ...
Е па вака ... тука нема никаква љубов помеѓу никого. Детска работа е тоа, за сите четворица.
Прво, врската помеѓу првите двајца ... љубов голема бла бла ... неможе да има голема љубов помеѓу две деца ... факт, точка.
Второ, девојката му простила неверство кое со свои очи го видела ... жива глупост. Тоа е моментот што докажува дека нема љубов помеѓу деца. Нека фатам јас така мој дечко, па да видите колку ќе му простам. Но добро, толку дозволува паметот на тие години и тоа воопшто не е лошо или навредливо ... само лошо е што преувеличувате.
Трето, дечкото бил недозреано дете штом прифатил секс за последен пат ... па и дедо ми во негово време сигурна сум дека знаел каква финта е тоа ... детска.
Четврто, убаво кажа Апокалипто ... направил некој во целиот тој беден случај ДНК анализа? Ништо чудно девојката која толку многу го напињала да го наседнала со туѓо дете или намерно со него забременила.
Петто, оставената и сега омажена девојката мене ми изгледа прилично мутава. После таква трагедија за нејзини години, таа сега, на нејзини 22 е веќе две години во брак? Абе неможам да разберам, заебете ...:nesvest:
За крај еден совет ... гледајте шпански серии деца, барем таму ќе научите што се прави во такви случаи ...
