Кратка или долга врска пред брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Пред да се стапи во брак подобро е да се има кратка или долга врска?

Некои сметаат дека доволни се неколку месеци за да знаат дека љубовта помеѓу нив и нивниот партнер е онаа вистинската и се одлучуваат веднаш да стапат во брак!

Останатите сакаат пред бракот со партнерот да имаат долгогодишна врска во која ќе стекнат комплетна доверба и ќе бидат сигурни во својата љубов!

Дали вие би се одлучиле на брак после кратка врска? Или сепак сакате да имате долга врска пред да стапите со некоја личност во брак!
 
Би рекла дека долга, но може и кратка врска доколку го познаваш партнерот подолго време.Пример, во врска сте 6 месеци, но се познавате 2-3 или повеќе години.:salut:
 
па сигурно дека од 1-месечна врска нема да се ожениш/омажиш...
ќе си почекаш неколку месеци, па ако оди како што треба скокај в тавче...
ако има некои не толку добри периоди во врската ќе си почекаш да видиш дали ќе се среди... па...
и плус ќе си почекаш до минимум 25 години...
и да е најсупер врската сигурно немат да се женам сега... :helou:
 
Би рекла дека долга, но може и кратка врска доколку го познаваш партнерот подолго време.Пример, во врска сте 6 месеци, но се познавате 2-3 или повеќе години.:salut:

Нема везе колку долго ..... некој и по 4 год нема да го запознаеш каков/а е

Хемија е во прашање а не време xD
 
па сигурно дека од 1-месечна врска нема да се ожениш/омажиш...
ќе си почекаш неколку месеци, па ако оди како што треба скокај в тавче...
ако има некои не толку добри периоди во врската ќе си почекаш да видиш дали ќе се среди... па...
и плус ќе си почекаш до минимум 25 години...
и да е најсупер врската сигурно немат да се женам сега... :helou:
:icon_eek::icon_conf:cry:
а јас се спремам за невеста

он топик:
што е до мене,подолга врска пред брак ми е посигурно,и да живеат заедно за да видат како се слагаат и сите тие ствари,ако избрзаат може да доаѓа до развод,а не е баш кул тоа:)
јез да не мора да значи,знам луѓе што стапиле во брак по кратка врска им оди супер,зависи од типот на карактерот на човекот.
 
Убаво кажа некој погоре...не е битно времето битна е хемијата и исто така битно е да ти се погоди партнерот ...
Времето не игра никаква улога за тоа дали бракот ќе опстане или нема да опстане...
Некој може да има петгодишна врска која преминува во брак и истиот тој брак завршува со катастрофален развод наспроти некој кој имал тримесечна врска крунисана со брак во кој сопружниците си живеат среќен живот... Се е релативно така што не постојат некакви правила и услови за долг и успешен брак :)
 
Вчера Чекавме ДЕСЕТ годишнина и не сме во брак :vozbud:и мислам дека не е грешка
 
Нема везе колку долго ..... некој и по 4 год нема да го запознаеш каков/а е

Хемија е во прашање а не време xD

Убаво кажа некој погоре...не е битно времето битна е хемијата и исто така битно е да ти се погоди партнерот ...
Времето не игра никаква улога за тоа дали бракот ќе опстане или нема да опстане...
... Се е релативно така што не постојат некакви правила и услови за долг и успешен брак :)


Не е битно времето, можеби за вас, но јас не би можела да стапам во брак со некој што го познавам месец/два, макар и да има еден тон хемија.

Темата е така поставена, кратка или долга врска пред брак? Друго е тоа дали има или нема хемија.Тоа во некоја друга тема кога се расправа за партнер, сега времето се расправа...Партнерот веќе го имаме.:icon_lol:

А стварно не знам како може да кажете дека времето не е важно...
Дека се е релативно-тоа да...
 
Не мора да значи ништо. Како ќе му е пишано на човека така. Познавам личности кои многу кратко биле во врска и денес имаат успешен брак, но познавам и такви кои и по 6-7 годишна врска глава не можат да кренат од караници низ дома.
Човекот се менува, нема исти сфаќања(за некои работи) на 20, 30 или 40 години. Знам по мене колку сум сменета за 2-3 години а не па за 10.
 
Зависи.
Знам многу личности кои имале многу долга врска, па раскинале, па кога се фатиле со друга, оделе еден месец и се венчале, па ене ги, прекрасен им е бракот.
Исто, знам личности кои оделе цели векови, па се зеле и ене ги, бракот совршено им функционира.
Зависи од љубовта, личностите, карактерите и како што кажаа, хемијата.
 
Не е битно времето, можеби за вас, но јас не би можела да стапам во брак со некој што го познавам месец/два, макар и да има еден тон хемија.

Темата е така поставена, кратка или долга врска пред брак? Друго е тоа дали има или нема хемија.Тоа во некоја друга тема кога се расправа за партнер, сега времето се расправа...Партнерот веќе го имаме.:icon_lol:

А стварно не знам како може да кажете дека времето не е важно...
Дека се е релативно-тоа да...


Еве ќе се послужам со постот на Тамарче за да разјаснам зошто реков дека времето не е битен фактор...


Зависи.
Знам многу личности кои имале многу долга врска, па раскинале, па кога се фатиле со друга, оделе еден месец и се венчале, па ене ги, прекрасен им е бракот.
Исто, знам личности кои оделе цели векови, па се зеле и ене ги, бракот совршено им функционира.
Зависи од љубовта, личностите, карактерите и како што кажаа, хемијата.


Баш затоа велам...затоа што и јас знам многу такви случаеви и сум сведок на многу такви бракови...
 
The Goddess, остави ги другите (парови) настрана...

Ќе ја цитирам авторката на темата...

Дали вие би се одлучиле на брак после кратка врска? Или сепак сакате да имате долга врска пред да стапите со некоја личност во брак!

Значи, кажи ти што би преферирала доколку имаш сериозен партнер, како мислиш ти дека би било подобро, без разлика на другите...



Јас повторувам дека сум за (по)долга врска.Не велам дека долгите врски се гаранција за успешен брак, но ако треба да бирам меѓу долга и кратка-одбирам долга.
 
The Goddess, остави ги другите (парови) настрана...

Ќе ја цитирам авторката на темата...


Значи, кажи ти што би преферирала доколку имаш сериозен партнер, како мислиш ти дека би било подобро, без разлика на другите...


Јас повторувам дека сум за (по)долга врска.Не велам дека долгите врски се гаранција за успешен брак, но ако треба да бирам меѓу долга и кратка-одбирам долга.


Значи ја цитирам авторката на темата и јас:

Пред да се стапи во брак подобро е да се има кратка или долга врска?

и значи одговарав на ова прашање јас...

*Јас за мене... зависи што се подразбира под кратка а што под долга врска... за мене најдолга врска пред брак би била три години, значи најмногу три години... не знам една до две години би било идеално, не сакам долги врски...
 
Па незнам. Сега мислам дека е подобро прво долга врска, зашто мене лично ми треба многу време за да се опуштам во една врска. Мада не сум против тоа кратка врска па брак, знам многу такви успешни бракови. Никогаш незаеш што носи иднината. Може со некој ќе се поврзам толку многу за 1 месец колку што со некој друг не сум се поврзала 1 год
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom