Адвертајзингот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Чија продукција е таа реклама, македонска или е адаптирана на македонски јазик?
 
humanoid напиша:
Чија продукција е таа реклама, македонска или е адаптирана на македонски јазик?

адаптирана, недај боже да беше македонска, уште по ужасна ке беше.
 
Може за Рама се кретенски, ама не знам дали ги вртат во Македонија веќе рекламите за Vanish Oxi Action, средство за перење. Ми се грози животот кога ќе ја видам.
Има некој тренд сега на снимање на такви реклами, ги отупија со време, па сега примаат такви кретеноидни рекламни спотови.
 
има и бетер од таа, посебно за тоалетна хартија, мотото на таа реклама е:

"Полесно се брише" :shock:
 
ама факт е дека рекламите шо ги правата К-15 дефинитвино се закон, најбољи се. нели?
 
Gizo напиша:
humanoid напиша:
Може за Рама се кретенски, ама не знам дали ги вртат во Македонија веќе рекламите за Vanish Oxi Action, средство за перење. Ми се грози животот кога ќе ја видам.
Има некој тренд сега на снимање на такви реклами, ги отупија со време, па сега примаат такви кретеноидни рекламни спотови.

има и бетер од таа, посебно за тоалетна хартија, мотото на таа реклама е:

"Полесно се брише" :shock:

И таа на А1 иде. Да ти е*ам телевизијата гадна :shock:
 
Да, ама ви влезе ли во уво или не? Подобро би било да може да ти влезе во уво и да не те нервира, ама и ова е доволно добро за реклами кај нас.

Gizo напиша:
Radical Boy напиша:
Да ве постсетам тоа е онаа рекламата среќно семјество си ја пее песничката „Сакаме рама маргарин„ некој ѕвони на врата, татко во со ѕвезди оди ја отвара вратата и следува најглупиот дел. Он и баба та заедно со клеопатра потези викаат дека сакаат Рама маргарин :evil: :evil:
Би го убил тој што ја направил рекламава!
само ке кажам УЖАС.
 
Само има две страни тоа влегување во уво. Конкретно за рекламава за РАМА треба да те натера маргаринот да ти влезе во стомак! :)
 
Епа кога ќе видиш неколку маргарина на тезга, за рама ќе ти се направи клик во главата. :) Се додека другите маргарини не почнат со попаметни реклами, и оваа ќе врши работа.

Мистичен напиша:
Само има две страни тоа влегување во уво. Конкретно за рекламава за РАМА треба да те натера маргаринот да ти влезе во стомак! :)
 
Еј, преку такво ми дојде рекламава за Рама. На почеток беше интересна, ама сега ми создава некоја одбивност.

Денес пак забележав една реклама за Гонг, наликува на МТВ продукција. Сте ја погледнале? Имате некој коментар или пцовка? :roll:
 
Acid напиша:

Јас редовно си гледам А1 вести онлине, и секојпут коа ќе дојдат рекламите ги кратат вестите, веднаш пуштаат наредната сторија (за жал све црна хроника бе таму! :? ) но вчера баш ги видов точно тие две реклами, им се испушти :D
Рекламата за Рама маргаринот е до негде солидна за наш адверт. но за Гонг :x САКС мен!
 
Acid напиша:
Еј, преку такво ми дојде рекламава за Рама. На почеток беше интересна, ама сега ми создава некоја одбивност.

Денес пак забележав една реклама за Гонг, наликува на МТВ продукција. Сте ја погледнале? Имате некој коментар или пцовка? :roll:

:D :D тој кељавиот како игра :D
 
Е, баш тој! И цел дијалог во рекламата е во стил "Да, ГОНГ! ГОНГ, се разбира. Да, да - ГОНГ!"
Глупаци. :twisted:
 
Адвертајзингот во Македонија се сведува на банални и прости форми на убедување. Станува збор за шемите:
1. Сексот продава
2. Страв (уплаши па понуди решение)
3. Декадентност (шема чалам, н.з.)

Овие форми не се толку едноставни/прости колку што е начинот на нивното користење. Дали станува збор за знаењето на агентите или пак е тоа нешто сосема друго.

Кај нас не се рекламира со цел да се зголеми потрошувачката на својот производ. Дури ни К15 не рекламираат со цел да ја зголемат потрошувачката на одреден производ. Сите одат на финтата на индиректност. Со стекнување на препознатливост се надеваат дека нивниот производ ќе се троши. Вака е бидејки тој што треба да даде пари за реклама повеќе е заинтересиран да се чалами отколку да му се продава производот. Постои и друга причина, а таа е „мој човек“ шемата. Оваа шема оди вака:
1. Имам влијание кај некој газда и му велам ќе рекламираш кај тој и ќе му платиш колку ќе побара. Иако тој газда не е заинтересиран за рекламирање ќе мора да ме послуша инаку бизнисот ќе му замре, а јас после со тој, мојот, си го делиме профитот.
2. Директор на некоја фабрика/ фирма кој не е сопственик на истата му отвара на свој човек рекламна агенција и го ангажира да му направи многу „скапа“ реклама која веднаш е платена, а потоа парите се делат.

Рекламирањето кај нас не е на ниво на сериозна работа токму поради набројаните примери. Доколку е добар и ефтин производот, производителот ќе постигне макро успех во микро средина потоа не бара повеќе, односно раст, туку бара да се чалами. Оваа економска несериозност кај нашите „газди“ е поради несигурноста која владее во нашето општество (покрај други причини), односно денес со оваа власт си, ама утре со другата власт нема да си, особено ако не си и` подобен.
Економскиот успех кај нас е директно зависно од политичките моќници. Доколку успешниот почеток на некој бизнис е независен од политиката, за понатамошниот опстој или пак раст ќе мора да биде. Доколку спомнатиот бизнис инсистира да биде независен тогаш ќе му бидат пуштени „нелојални“ конкуренти, нешто што е веќе муабетено на форумов.
 
protivpropaganda напиша:
Сите одат на финтата на индиректност. Со стекнување на препознатливост се надеваат дека нивниот производ ќе се троши. Вака е бидејки тој што треба да даде пари за реклама повеќе е заинтересиран да се чалами отколку да му се продава производот.

Тоа се вели креирање на бренд или препознатлива марка. Пробуваат да те убедат да веруваш на сите производи од таа компнија.
Е сега, кој колку успеал да убеди, тоа е друго прашање.
Странските компании го прават тоа одлично, македонските агенции и фирми сеуште учат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom