Квиз 50-50 !

  • Креатор на темата Креатор на темата Шмики
  • Време на започнување Време на започнување

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Возраст
31
Нов квиз на телевизијата А1 Ова лето, за сите љубители на квизови, телевизијата А1 нуди можност за брза заработка од 300.000 денари низ игрите на знаење во новиот квиз „50-50“. Македонското издание на интерактивниот квиз во светот познат како „Фифти-фифти“, за сите среќници и вљубеници во предизвици ќе се емитува на фреквенцијата на телевизијата А1 секој работен ден во 20 часот, а на гледачите од своите домови ќе им се даде можност во една емисија да освојат награда во износ од 3.000 денари. Наскоро треба да почне пријавувањето и селекцијата на кандидатите кои во 40- минутната дружба ќе покажат колку се познаваат себеси како брачни партнери, вљубени двојки, пријатели и колеги. Овој светски бренд е дел од палетата на квизови на „Ту веј трафик“ кој телевизијата А1 го донесе во Македонија преку квизот „Кој сака да биде милионер“, што повторно ќе се емитува од септември.


www.vreme.com.mk
 
Оуу ... обожавам квизови, како што се Милионер и другите останати што ги дават летниот преоден рок, ке го видиме и овој сега 50-50 дали ке ме занеси или ке ми досади .. :vozbud:
 
Вратете го Милионер!!!:( На ова 50-50, водителот не го бива, премногу се возбудува!
 
глупо е што некој патува можда и од Гевгелија, и да испадн на компанија?:tapp:
Па и треба да погодиш колку си одговорил точно......................:jaj:
незнам, ја мислим дека овој квиз не си го бива!
Компанија е најсмешното(смисол:трагично) нешто у целава историја.....
барем ја така мислам.......
 
Утре ке го гледам овој 50-50 па ке оставам коментар дали ми се допаѓа вака сега не го знам ...
 
Многу сакам квизови, ги обожавам.Немав можност да гледам денес, може некој да ми објасни како оди квизот, какви игри има, правила?
 
Ја мислев добар ќе биде, ама стварно ,,компанија‘‘ е нешто најглупо у квизов, значи треба тука и среќа доста да се натпреваруваш, можда тој пар што испаѓа на ,,компанија‘‘ знае повеќе од другиот пар.
Не ми остави некој посебен впечаток, а и водителот не го бива.
 
ова 50-50 го неам глеано али од шпицата можам да заклучам дека е голема копија на Милионер, дури и водителот се погрижиле да има фризура ко Трендо...и глеав дека играат Компанија Месоборанија за нешто у емисија...е на тоа се згазив од смеење...
 
Квизот е срање. Како прво целата замисла за текот на квизот е бесмислена. Изборот на парови Г Л У П. Водителот Т У П. Тотален промашај.
 
Ја преска го загледав така по малку, знае некој што направија тие близнаците? Излегов јас тогаш коа требаше да погодуваат колку точни одговориле. иначе квизот ми е безвеза, сакале да направат нешто ама имале недостаток на креативност :) И да, на кого му текнало за компанија....:zver::pos:
 
Денеска го глеав малку. Паднав патос од смеење со толку знаење и близнацине си отидоа дома со палците у гз. ХАХА капа им спуштам за знаењето ама премногу самоувереност ги поеба. Инаку за Шоуто мислам дека можело и подобро ама ај занимавка за летово.
 
не сум го гледал овој квиз ама од Трендо ако има поглуп водител па те...се сечам кај што сум најтенок.Ми изиграва некое големо јебачиште,џентлмен ама коа ќе му ја видам таа сплесканата фаца и како тропа глупости,па поставува исти безвеза прашања колку да не остане без муабет...:tapp::tapp::tapp:
одма смена...Игор Џамбазов или Тони Михајловски само за таа работа
 
Поглуп квиз немам гледано... Првата игра е ок, но втората... И крајот е катастрофа. Втората игра се состои од 5 прашања, еден одговара, друг потврдува, и на крај едниот треба да погоди колку прашања имаат точно одговорено за да ги земат парите.... Кој ке погоди? И нормално близнаците си заминаа дома без ни еден денар, а имаа погодено 4 од 5 прашања во последната игра.
 
Гледав вчера, многу ми е чуден. Сè ме потсетува на Милионер, само трипати погрдо (заедно со водителот). :pos2:
А и не е чудно, буквално целиот тим од Милионер го прави овој квиз. Погледнете ја само одјавната шпица.
Подобро да продолжеле со Милионер, што знам... :toe: И така ова е исто, што се мачеле да менуваат име.
 
па и ке продолжат со милионер од септември повторно ! Добра вест ! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom