Дали секогаш победува љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е исполнета со преправање, тогаш не зборуваме за вистинска љубов.
За страдањето кажав - болката и тагата.

Се вртиме во круг за едно исто
сакав да кажам дека во вишок се мрачните фаци незадоволни од љубовта зашо не ја сфаќаат вистинскта смисла на сакањето и борбата за нејзино задржување.
Најголем доказ за љубовта е тоа што го губиш за нејзе.

Сума сумарум, љубовта победува само тогаш кога двете страни се борат за неа. Кажав во првиот пост.
 
Точно така. Доколку двете страни се борат за љубовта, таа ке победи. Но доколку едната бара дебела пашка или други нељубовни работи. Чао тути. Ке се бара материјалната страна:salut:
Многу е лошо денешното време каде што се гледа иднината во другиот партнер, бидејки ова е лоша особина на многу луге.:nenene:
 
:pos2::pos2:немало потреба од олку дебата се знајт дека победвит љубовта то во секој филм е кажана не морат ич да се мачите да размислувате:pos2::pos2:
 
Јас успевам да ја мерам љубовта, и тоа како скаларна вредност, не векторска.
Ја мерам во бројот на змејови (не пеперутки, змејови) коишто ми летаат во стомакот кога ќе помислам на/ја погледнам/ја гушнам/ја бакнам таа што ја сакам.

Значи, имаш четири вредности, секоја би требало да биде поголема од претходната. Натаму можеш да пресметуваш аритметичка средина, максимум, минимум, прогресија... што сакаш. Битно, имаш со што да си играш математички ;)

Погледај ги bold-овите.

Немам *јас* четири вредности; *ти* имаш четири вредности.
Некој друг ќе каже дека тој/таа има осум вредности.
Некој забеган математичар ќе каже дека има корен од два вредности...

Поентата е: чувството за љубов е премногу индивидуално. Не постои начин да се измери што е љубов, онака квантитативно и објективно квалитативно - секој мери за себе. И затоа е до некаде бесмислено да се даваат љубовни совети - секој може да каже *за себе* како би постапил/-ла, но не може да знае точно како се чувствува личноста на која и` се дава „љубовна помош“.



Тоа дека „победува љубовта“ може вака општо да се разбере: го правиш она што го сакаш и работиш во правец на она што го сакаш. Ако го правиш доволно долго и ако го сакаш доволно долго, резултатите ќе се покажат. Проста логика - ако вложуваш енергија и време во нешто, тоа се развива и напредува.

Ова важи за сè: од работа до меѓучовечки односи. Еден посебен меѓучовечки однос веројатно е наречен „љубов“, па можеби може да се каже дека само ако се развива и негува тој меѓучовечки однос, т.е. таа љубов, таа ќе победи. Инаку не.
 
И покрај сите пречки,,доколку ги има,,без разлика за што станува збор,,дали мислите дека во животот секогаш победува љубовта и дека ако двајцата навистина се сакаат ќе преминат преку сите пречки и ќе бидат заедно?
Иако нема којзнае каква врска со цитираниов дел, тука можам да кажам - верувам дека љубовта, вистинското сакање може да го промени човека. Во смисла - да ги извади сите затапени чувства на виделина. И после ниедна пречка не изгледа толку голема за да не може да е премината. Да, постојат моменти кога мислиш дека можеш се` да победиш и јас верувам дека може истото доколку и кај двајцата интересите се исти, доколку и двајцата подеднакво сакаат да успеат. Успехот ќе си го гледаат само тие, самите ќе си чувствуваат дека победиле било каква пречка која навидум постоела.
*princess* напиша:
Или можеби има случаи кога поради некоја причина иако се сакаат ќе останат разделени? Мислите ли дека постои причина која е оправдана за да не бидат заедно иако се сакаат вистински,,и поради која вреди да ја жртвуваат својата љубов?
Секако дека има и такви случаи. Само што јас не верувам во тоа двајца кои исто чувствуваат дека можат да бидат разделени. На двајца кои се сакаат добро може им биде само доколку си се еден покрај друг.
Битно е чувството, најважно е што осеќаат еден за друг, како си се чувствуваат взаемно. Нема пречки кога станува збор за сакање, кој е тој што смее да постави нешто како препрека за да мора да се војува за некаква победа?
 
Yep, на филм -.- Ама до душа па што знам...можно е, ако вистински се сакаат...зошто да не :toe:
 
Јас искрено се надевам дека победува. Сакам да верувам дека победува.

Но, за да победи љубовта, потребни се некогаш жртвувања, потребен е труд, нега на таа љубов, храброст и борба.

Животот е таков, исполнет со многу препреки и за да го добиеш тоа што го сакаш или за да бидеш со оној со кој сакаш да бидеш, потребно е цврсто да застанеш зад она во кое веруваш, да бидеш храбар и да се бориш.

Затоа љубовта e за храбрите и борбените. Оној кој ќе се бори за љубовта, ќе добие и ќе има љубов. И во тие случаеви, да, љубовта победува.

Оној кој се плаши, кој бега - ќе му избега љубовта.

Од луѓето зависи дали љубовта ќе победи или не.
Љубовта сама по себе е кревка и колку и да е силна, ако не се трудиш околу неа, ќе се скрши, што автоматски значи и дека нема да победи.
 
во животот не е секогаш така убаво,розово,романтично како што би сакале,и сите љубовни приказни да завршуваат со срекен крај и ,,СИ ЖИВЕЕА ДОЛГО И СРЕКНо ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!,,има многу препреки,има многу солзи,страдања и богами и жртвувања за да победи љубовта!Само со истрајност,разбирање,голема љубов и храброст ке се поминат сите препреки,ке се измине трнливиот пат до среката!
 
Секогаш победува само брзата птица итрица :vozbud:
*освен еднаш, но за добра сума на пари
**парите уште почесто се среќаваат во секојдневниот живот

Ова е само еден пример. Секако дека не победува секогаш :)
 
Многу ретко да се сретне вистинска љубов која би можела да победи се, за жал се се врти околу парата.:toe:
 
Јас искрено,се надевам дека победува.Сакам да верувам дека победува.

Но,за да победи љубовта,потребни се некогаш жртвувања,потребен е труд,нега на таа љубов,храброст и борба.

Животот е таков,исполнет со многу препреки и за да го добиеш тоа што го сакаш или за да бидеш со оној со кој сакаш да бидеш,потребно е цврсто да застанеш зад она во кое веруваш,да бидеш храбар и да се бориш.

Затоа е љубовта за храбрите и борбените.Оној кој ќе се бори за љубовта,ќе добие и ќе има љубов.И во тие случаеви,да,љубовта победува.

Оној кој се плаши,кој бега - ќе му избега љубовта.

Од луѓето зависи дали љубовта ќе победи или не.
Љубовта сама по себе е кревка и колку и да е силна,ако не се трудиш околу неа,ќе се скрши,што автоматски значи и дека нема да победи.

Апсолутна поддршка на постов!
Само би додала дека ако не „победи“ љубовта која постои, тогаш „победуваат“ луѓето во околината кои имаат одреден удел во врската, бидејќи освен што зависи од двајцата партнери, зависи и од тоа колку тие дозволуваат околината да им влијае... А за други пречки да не правиме муабет...
Ама и јас како тебе сакам да верувам дека љубовта всушност победува... :pipi:
 
Во македонија не постои љубов, постои само синдром на семејно насилство.
така да љубовта не може да победи тука е насилството
 
Неможе секогаш да победи,тоа е апсурд...понекогаш колку и да се бориш секогаш излегуваш поразен,така е и со љубовта...ако победуваше сите ќе беа заљубени и среќни но за жал не е така,некои луѓе си викаат доколку не ја имам љубовта ќе ја заменам со друга но колку е тоа достојна замена?:toe:
 
Во овој момент, се надевам и работам натаму за да победи љубовта кон татковината.

И се надевам дека таа ќе стане толку голема, што ќе си го набилдаме карактерот до толку, за да не попуштиме пред ниту еден притисок од страна.



Знам дека е оф-топик, ама мислам дека во овие моменти тоа е клучно. Ако ви пречи мислењево па и избришете го, ама јас барем на сите страни тоа ќе го пропагирам: љубовта кон Македонија и поддршката за Македонија и Македонците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom