За српските Ћ и Ђ

  • Креатор на темата Креатор на темата PetarK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Значи многу ми оди на нерви кога ќе видам српските букви да се пишуваат на македонски како ч и џ. Правописното правило е недвосмислено:

ђ=ѓ ћ=ќ.

Кој како го изговара нема врска.

Serdarot напиша:
haha :pos:

така и со српската „ѓ-џ„ (немам инсталирано српска кирилица, зато неможам оригинал да напишам)

во зависност од регион до регион различно се изговара
 
ПетарК, се сложувам, во нашиот јазик тие се претвораат во Ќ и Ѓ, не гледам некаков проблем и така да се изговараат.
 
Само, ќ на крајот на српски презимиња, чудно ми звучи кога го изговараат како наше ќ.

Garfield напиша:
ПетарК, се сложувам, во нашиот јазик тие се претвораат во Ќ и Ѓ, не гледам некаков проблем и така да се изговараат.
 
Како и француското Р, шпанското (на кастељано) С, секој има своја пронинцијација, ние нашата, колку и да звучи необично, ние сме ретки кои во јазикот имаме ширина една иста буква тврдо или меко да ја искажеме.
 
Имам многу да кажам на темава ама не сега оти ќе ми помине денов на форум...
 
Јас никаде не видов на сајтот дискусија за третманот на ЂЋ во македонскиот јазик?

Инаку, не знам колку има врска големината на корпусот, ама од Најди многу поголем корпус можев да ти пратам, посебно со повеќе текстови на пишани од „млади“.

Macedalien напиша:
А за ќ/ѓ провери ја фонетиката што ја направив : овде.
 
Корпусот не можев да го направам поголем со оглед на одалеченоста на Македонија од овде. Башка - не можев да најдам македонци на лице место ама кога ќе ги завршам моите глупости околу магистерската и другите ствари планирам да направам голема фонолошка анкета на просторот на цела Македонија со истиот тим.

Сакаат да издадеме книга за Фонолошкиот систем на Македонскиот јазик во којашто ќе има посебен дел којошто ќе даде отчит за фактуелната состојба и за варијантите на африкативните консони како ќ, ѓ, џ, ч, ѕ и ц. Ќе биде - само време и нерви :wink:

Инаќу имаш посебно поглавје за ”африкатите” во којшто инвентар се зборува особено за проблемот на ”ѕ” - безвезе согласка...
 
Чек, зборуваш за корпус на изговорени зборови или напишани?

Не сакам да досаѓам и да повторам по трет пат, ама немаш нешто конкретно да кажеш од аспект на социофонетиката за изговорот на српското ќ ѓ? Јас би рекол една од најинтересни теми за разгледување, не?

Macedalien напиша:
Корпусот не можев да го направам поголем со оглед на одалеченоста на Македонија од овде. Башка - не можев да најдам македонци на лице место ама кога ќе ги завршам моите глупости околу магистерската и другите ствари планирам да направам голема фонолошка анкета на просторот на цела Македонија со истиот тим.

Сакаат да издадеме книга за Фонолошкиот систем на Македонскиот јазик во којашто ќе има посебен дел којошто ќе даде отчит за фактуелната состојба и за варијантите на африкативните консони како ќ, ѓ, џ, ч, ѕ и ц. Ќе биде - само време и нерви :wink:

Инаќу имаш посебно поглавје за ”африкатите” во којшто инвентар се зборува особено за проблемот на ”ѕ” - безвезе согласка...
 
Изговорени - секоја фонолошка анкета се праи со фонаторни датабази т.е. снимени изговорени зборови и тоа на следниов начин :

- Дискусија околу животот на испитаникот (слободна тема).
- Читање на текст.
- Читање на листа на зборови.
- Директивна дискусија кадешто на испитаникот му се поставуваат прашања.
 
И мене ме нервира невиџено кога луџе че почнат да зборат џоа не знаат шо се џ и ч. Па мајка му џупска, до кога че правиме така!
 
Е у мој дијалекат Ѓ и Ќ строго се поштуев, венерке :) А ви што се чепите, посиромашни сте за две самогласке. Ако ви е :)
 
NikolaP напиша:
Е у мој дијалекат Ѓ и Ќ строго се поштуев, венерке :) А ви што се чепите, посиромашни сте за две самогласке. Ако ви е :)

:music3::music3::music3::music3::music3:

Se e bogatstvo vo jazikot !!!!
 
Кај нас пече с*нце, јаб*ките ж*теат, гроизто зрее, јадиме џервече а у планина имаме ж*т д*г в*к.
И кога велиме - чоам,чејаам,чедоам....мислиме - ќе одам да јадам и ќе дојдам.
Ај, сеа преведи го тоа на српско-хрватски и кажи ми дали ќе пишуваш Ћ или Ђ ?

:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom