Состојките во енергетските пијалоци

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Не пијам енергетски пијалоци воопшто, ако веќе сум уморна и ми треба додатна енергија земам кофеин таблети,т.е пола таблета, кои истотака ми се препишани од лекар.Негативното е тоа што едно 8ч дава невероватна енергија, тотална концентрација,ама после тоа наеднаш доаѓа уморот.

И си ко да те прегазил камион.

Не ми е јасно зошто толку паника за здравствените проблеми кои може да ги предизвика Ред Булот, јасно ми е тоа дека не е здраво, но, и на него како и на цигарите ишува дека се штетни, а сепак повеќето пушат цигари и тоа по неколку кутии на ден, особено младите.

Има една многу важна разлика, а тоа е дека активните состојки во редбулот не создаваат зависност, додека активнaтa супстанца на цигарите (никотинот) создава зависност.
 
изостар е мојот избор при тренинг и по него а и пред него а другиве не ги ни забележувам затоа што немаат ефект сум ги пробал но ништо посебно дури и оние што се викаа бомба на времето додека тренирав фудбал се е ветер и магла во спореба со изостарот барем врз мене е такво дејството
 
Ред Бул наместо крила, срцев удар


Според резултатите на истражувањата кои ги направил Кардиоваскуларниот истражувачки центар на Кралската болница во Аделаида, само една лименка од популарниот енергетски напиток, Ред Бул, може да го зголеми ризикот од срцев удар, дури и кај младите и здрави луѓе.


Напитокот кој е со зголемено количество на кофеин е популарен кај студентите и приврзаниците на адреналинските спортови поради тоа што, го прикрива заморот и го лаже организмот. Но исто така тој кофеински напиток ја прави крвта “леплива“, што е предзнак за кардиоваскуларни проблеми или срцев удар.

“Еден час откако ќе го испијат Ред Бул нивниот крвоток не е нормален. Се однесува исто како болен со кардиоваскуларни проблеми“. Рекол Скот Вилоугби, спроведувач на истражувањата, кои се направени на 30 млади луѓе. Научниците ги тестирале нивните крвотоци пред и по консумирањето на една лименка Ред Бул, без шеќер.

Нетпрес
 
Red Bull пијам како рус алкохол. Многу ми е вкусен. А за последиците знам , но љубовта према него е поголема.
 
A sto ima vrska ako se pie so alkohol? Jas cesto pijam konjak ili votka so red bull pa nisto ne. Mi e..
 
A sto ima vrska ako se pie so alkohol? Jas cesto pijam konjak ili votka so red bull pa nisto ne. Mi e..
Де бе, имаш интернет, имаш гугл, тешко е да провериш зошто не треба да се мешаат енергетски пијалаци и алкохол? :)
Тоа што ти мислиш дека не ти е ништо или се' уште не ти станало нешто, не значи дека е безбедно за консумирање.
 
Де бе, имаш интернет, имаш гугл, тешко е да провериш зошто не треба да се мешаат енергетски пијалаци и алкохол? :)
Тоа што ти мислиш дека не ти е ништо или се' уште не ти станало нешто, не значи дека е безбедно за консумирање.
Ne,ama polesno e da prasam :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom