Состојките во енергетските пијалоци

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Море да видите вие сеа на одморов што бев, едно другар мешање КОЊАК со ред бул, три дена се мачеше чоеков, ко претепан беше. А ја еднаш у два три месеца ептен кога сум истоштен а морам да завршам нешто.
 
епа после ова мислам дека нема да пијам ред булчиња:salut:
само пивце ништо друго
 
Каква енергија, какви бакрачи.Ни сум пиел ни ќе пијам.Еднаш во животот имам пробано Ред Бул и ама ич не ми даде енергија.Ништо не осетив.

Природно си е природно:)
 
Ако и воопшто пијалак со десетина kcal може да се нарече енергетски.
Освен фарбана ароматизирана водичка и ненормална количина на кофеин ништо друго немаат, никаква енергија не внесуваат во организмот, само кофеинот не држи возбудени, напнати, истиот ефект се постигнува со три четири кафиња испиени за релативно кратко време, и поефтино е!:toe:
 
Vone во повеќето енергетски пијалаци има и ТАУРИН, а тоа е биохемиски една интересна супстанца која точно поради нејзината функција и ја нема во големи количини во организмот, што значи дека кога ќе се конзумира енергетски пијалок се внесуваат поголеми количини, а со оглед на тоа дека игра улога во нервниот систем, мислам дека е разбирливо зошто ги вика енергетски пијалаци, поради тоа што мозокот ти станува поактивен и може подолго време да издржи без замор, а телото е друга работа, затоа за да му се даде и на телото „енергија“ некои енергетски пијалаци имаат и креатин.
Ама да не забегуваме во детали. Поентата е дека тие се Енергетски појалаци не зошто ти даваат тие енергија, туку зошто содржат супстанци кои ја мобилизираат енергијата во твојот организам.
А ако сакаш пијалок кој ќе ти даде енергија самиот, тогаш брат имаш голем избор, скоро сите газирани сокови (добро пепси и кока кола имаат и кофеин) се во основа ништо повеќе од многу шеќер растворен во вода, при што голема е концентрацијата на шеќерот (под шеќер не се подразбира само сахароза туку глукоса, фруктоза и се останато) во пијалокот и како таков е во состојба веднаш да биде абсорбиран и процесиран од дигестивниот тракт, давајќи ти дополнителна енергија.
 
Ова во спортот се нарекува допинг, а како е третиран допингот и причините за тоа добро знаеме.
 
Ова во спортот се нарекува допинг, а како е третиран допингот и причините за тоа добро знаеме.

Да допинг е, ама затоа пак спортистите не ни пијат енергетски пијалаци. Ама муабетов не е за тоа дали спортисти пијат енергетски пијалоци туку муабетот е колку обичниот народ го конзумира и во колкави количества. Освен тоа допингот е третиран така во спортот, ама во обичниот живот ти може да си се допингуваш, и никој ништо нема да ти рече, можеби дури и ќе го направиш работодавецот посреќен поради товјата подобра работа.
А да и да не дојде до забуна допингот во спортот е третиран така како што е третиран поради тоа што во спортот терба да се натпреваруваат луѓето со своите способности, а не кој подобар допинг има.
И да ако допингот како таков е под надзор на стручно лице тогаш тешко да ќе има некои здравствени последици.
 
Спомнувањето на спортот беше...сети се снао....на друго се мислеше.
Во спортот спомна лекарска контрола...ама дома ја нема, последиците, особено со миксот енергетски пијалак плус жесток алкохол, не мора одма да бидат, ама има случаи...што му беше на детето, падна, здраво право беше, ај да го прости!:toe:
Зборот ми е умереност треба...ама заеби ти тоа, види кој сум јас и што правам, тоа е најчеста слика.
 
Зборот ми е умереност треба...ама заеби ти тоа, види кој сум јас и што правам, тоа е најчеста слика.

Абе џабе ти е тоа некој едноставно сака да ризикува и покрај некои сериозни предупреувања.
Инаку ако примети јас спомнав во мојот пост дека ако се има намера себе си навистина да се допингува тогаш треба тоа да го прави под надзор на стручно лице а не само бутај повеќе.
 
Пијам ред бул, али ретко, еве на пример на последнава екскурзија се скапав пиење 3 дена не бев спиен :S
 
И мојта умереност е добро хехе 2 л Пит бул во рок на 4 саата.

Многу лошо нешто се енергетските пијалоци тава те исто како колата нон стоп да ја возаш на максимум и да и додаваш нитро.

Јас така го сваќам ,а со алкохол си пише строго забрането конзумирање со алкохол.

Е после млади ќе гинаме . Е ќе гинаме

Инаку точно е тоа дека само ти го буди телото ништо повеќе.

Енергија се знае што е калории

п.с не пијам кафе
 
Ме исплашивте читајќи го ова. Се тровам со ред бул во секоја можна прилика. Бидејќи непијам кафе и коа треба нешто да ме одржи будна ај ред бул. Исто и на излегување посебно ако е долга вечерта :) бидејќи ретко пијам алкохол и ајде пак ред бул, за енергија малку, да не скиснам. Дури и ако одлучам да пијам алкохол пак ќе биде водка со ред бул:nesum: Ау мора да престанам, ама чаре?
 
Абе Ред Бул, хмм некако многу ми е вкусен, пијам ај да кажеме просечно, но никогаш не сум го мешал со алкохол.
Не ми е јасно зошто толку паника за здравствените проблеми кои може да ги предизвика Ред Булот, јасно ми е тоа дека не е здраво, но, и на него како и на цигарите ишува дека се штетни, а сепак повеќето пушат цигари и тоа по неколку кутии на ден, особено младите.

А дали дава енергија? Нормално не онака буквално ај да те направи Попај, ама мислам дека помага, а и сум осетил дека помага на концентрација и на подолго одржување да не заспијам.
 
Каква енергија, какви бакрачи.Ни сум пиел ни ќе пијам.Еднаш во животот имам пробано Ред Бул и ама ич не ми даде енергија.Ништо не осетив.
абе кога ќе го испиеш ти енергетскиот пијалок не треба да седиш и да чекаш да ти даде енергија...треба да се движиш за да проработи, и за едно 10 мин ќе го осетиш ефектот....

јас лично не пијам Ред бул, кога пијам енергетски пијалок пијам Гуарана...иако тоа е ептен ретко, значи 3-4 пати годишно (кога ќе има некоја јака транс журка).....
 
Не пијам енергетски пијалоци воопшто, ако веќе сум уморна и ми треба додатна енергија земам кофеин таблети,т.е пола таблета, кои истотака ми се препишани од лекар.Негативното е тоа што едно 8ч дава невероватна енергија, тотална концентрација,ама после тоа наеднаш доаѓа уморот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom