Mazda 6 vs. Opel Insignia

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
Овие два автомобили се во иста класа. Новата Мазда веќе беше претставена и е пуштена во продажба, дури низ Скопје видов некоја.
Опеловата Инсигниа која што ја заменува популарната Вектра, треба да биде претставена летово.

Не можев да најдам некоја статија на македонски од Маздата но еве за Инсигниа некои информации.:
Основниот модел ќе биде 1.6, додека врвниот ќе има 2.8 литарски V6 мотор со 250 КС.Дизел варијантите ќе бидат 1.9 со 120 и 150 КС.Ке биде достапна во хечбек,лимузина и караван варијанта.

2009-Opel-Insignia-5.jpg

Opel-Insignia-3-lg.jpg



*Гамата на мотори за второто поколение на ,,Мазда 6,, ке биде надополнета со нов 2,5 литарски бензински мотор кој располага со 170КС. Другите два бензински мотори се со работен обем од 1,8 и 2,0 литри кои ќе располагаат со 120 и 147 КС.Дизеч варијантата ке биде 2,0 со 140 КС и вртежен момент од 140 ЊМ.

Како и што можевме да очекуваме од Мазда сериската опрема е богата и раскошна. Следуваат :16инчни алуминиумски фелни, аудиосистем, клима, 8 воздушни перничиња, DSC, TRC, ABS.Секако може да го одберете и атрактивниот спортски пакет на Мазда 6.

Цената во Македонија е почетна 21,990евра.

mazda_6.jpg
Mazda_6_Frankfurt_027.jpg


Што би одбрале?
 
Мазда.
Во основа, изборот помеѓу опел и мазда, секогаш ќе паѓа на мазда, без разлика на класа.
 
и двете се одлични возила.На изглед ме палат и двете подеднакво но ватрешноста на опел ми е некако за нијанса подобра во однс на мазда.Јас би го одбрал опелот.Иако и маздата е одличен автомобил,Во секој случај што и да се купи нема да се згреши.
 
зашто сте го скокнале акордот? јас гласам за него.
edit-во прилог на горепишаното:

Honda_Accord_001.jpg

Honda_Accord_002.jpg

Honda_Accord_003.jpg

2009_honda_accord.jpg


купе верзијата е лудила... најдете ја q:-) инаку, на второ место ја ставам маздата па опелот.
 
зашто сте го скокнале акордот? јас гласам за него.

Уфффф... Bulls Eye!

Вчера се паркирав до еден (збориме за новиот модел, нели... нормално :) ) ... Морав да застанам малку, да го изманијачам убаво.

Количето е бонбонче. Во секој можен смисол. Единствено лошо е што, доколку се решиш да го купиш ќе мора да почекаш малку, пошто не можат да постигнат :)
 
Еве неколку клучни разлики помешу инсигниата и шеската. Прво инсигниата им две години понапредна технологија, второ инсигниата има поекономични мотори кои вадат поголема моќност и влечна сила од мотори со помала кубукажа од тие на мазда и притоа помалку троши. Маздата е нешто покалитетна, и не ме разбирајте погрешно, опел и покрај тоа што нема таков имиџ сите нови опели се на ниво на квалитете со фолксваген односно меѓу најдобрите квалитети во автомобилската индустрија.
Што се однесува до восните својства неможе сеуште ништо да се каже бидејќи инсигниата уште не ево продажба и уѓте не ги има пројдено тестирањата и споредбите кои ги прават новинарите.
Инаку еве као изгледаат одвнатре:

2008mazda6interior.jpg
 
@Гаго вторта слика ти е по грешка мислам:)

Лично ја преферирам Маздата ама сепак чекам да излезе Инсигниава да видиме што како во четири очи:)

Да се надополнам со ентериерот на Инсигниата

insig2.jpg
 
Ако би одбирал јас би е одбрал Маздата:pipi: повеќе ми се бендиса од Опелот ама убав е и тој.
 
Sto znam...
Mazdata e veke videna rabota...a opelov, iako e vrz baza na Vektrata sepak poprivlecno mi deluva uste od prviot pat koga vidov statija za nego na net.
 
Многу тешко е да се одлучиш кое возило да го одбериш во оваа класа бидејки има огромен избор и скоро сите се нови модели. Јас лично би одбрал Citroen C5 единствен во класата кој нуди избор на суспезијата(хидраулика или стандардна). Но кога би морал да бирам мегу овие две би одел на маздата, некако поагресивно изгледа.
 
@Гаго вторта слика ти е по грешка мислам:)

Не јас ги ставив точните слики ама сајтот не дозволува хотлинкување па ги сменил, па сега пошто неможам да го сменам постот и да ставам други слики тие се останати со слика на кој пише дека не смее да се хотлинкува.

Ни едното, ни другото.
Ако може образложение?
 
Гаго те средив, стави слободно други слики...

Инаку во контекст на муабетот, јас би земал Опел. Не дека маздата е полоша или незнам што, 6-ката е веќе видена, постар модел.
 
зашто сте го скокнале акордот? јас гласам за него.

Па компарацијата е на правена конкретно на овие два модели. Инаку може и мондеото и ц5ката да влезат нели? ;)
 
Па компарацијата е на правена конкретно на овие два модели. Инаку може и мондеото и ц5ката да влезат нели? ;)

Ајде веќе кога спомнуваме коли од истата средна класа, барем да ги спомнеме сите: Toyota Avensis, Honda Accord, Subaru Legacy, Citroёn C5, Renault Laguna, Peugeot 407, Mercedes C-series, BMW 3-series, Audi A4, VW Passat, Ford Mondeo, Hyundai Sonata, Chevrolet Epica, Volvo S40, Saab 9-5, Kia Magnetis, Alfa Romeo 159, Seat Toledo и Skoda Octavia иако последнава повеќе ја споредуваат со компактна класа на коли отколку со средна класа.

Еве слика од црната варијанта на внатрешноста на инсигниата, се надевам дека оваа слика може да се хотлинкува:

02-a256281m.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom