Медицински и стоматолошки факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Ај некој нека ми каже дали е тежок 3 годишниот факултет за медицински сестри / техничари
Незнам за кој факултет да се одлучам... ништо не ме влече. :(
 
Сакам да прашам нешто.

Титулата Докор по Општа Медицина како се стекнува?
Со средно или со факултет?

Ако може малку повеќе информации.

Не мора ни средно, на поминување од клиника онака ти подаваат една диплома и ете ти титулата ;)

:facepalm:
 
Луѓе, ви има предавано Дејан Трајков по имунологија? Како да учам од оваа на Куби книгата? Ептен ми изгледа сложено и доста тешко. :(
 
И мене исто ме интересира за останатите насоки како медицинска сестра,дали е тешко колку општа и нешто повеќе за тоа.
 
Може ли некој да ги најде ранг листите од медицински факултет за учебната 2013/2014 година. Барам насекаде меѓутоа никако не можам да ги најдам. :(
 
Може ли некој да ги најде ранг листите од медицински факултет за учебната 2013/2014 година. Барам насекаде меѓутоа никако не можам да ги најдам. :(
на факултети.мк би требало да ги има
 
Ги има за 2012/2013, а за 2013/2014 ги нема.
 
Здраво :) Јас сум нова на форумов и целта зашто ви се придружив тука е мојата желба да се запишам на општа медицина. Матурантка сум, учам гимназија во Скопје и одлична сум четири години. Сакав да ве прашам дали има приемни на факултет, пошто ми збореа дека и покрај матурата се полага приемен. Ако сте информирани што како, кажувајте помагајте, ќе ви бидам мнооогу благодарна :love:
 
Приемни до сега немаше, влегуваа тие со највеќе бодови. :)
Единствено внимавај на предметите за матура да ти се поклапаат со примените предмети на медицински факултет (Биологија и Хемија) .
Мој совет ти е да видиш кога е отворен ден, да отидеш и да го посетиш деканатот, ќе можеш да си прашаш се шо те интересира, ќе ти дадат брошурче со предмети по години и мал вовед кон истите. :)
 
Дали секое малцинство има посебна квота или сите се во една квота за упис, конкретно имам хрватски пасош, а од 4 години само 2 сум одличен другете две многу добар.
 
Има ли шанси на општа медицина во Штип да влезам со околу 80 поени ? Во квотата со кофинансирање ?
 
Здраво :) Јас сум нова на форумов и целта зашто ви се придружив тука е мојата желба да се запишам на општа медицина. Матурантка сум, учам гимназија во Скопје и одлична сум четири години. Сакав да ве прашам дали има приемни на факултет, пошто ми збореа дека и покрај матурата се полага приемен. Ако сте информирани што како, кажувајте помагајте, ќе ви бидам мнооогу благодарна :love:
Нема приемни, јас лани се запишав. Единствено внимавај на поените од матура, лани квотата ја проширија од 60 примени државна на 125 примени во државна а исто и приватно, ама некаде мислам дека до 80 примен поените се движеа околу 99 , јас со 99, 5 бев 35. Така да, гледај резултатите од матурата да ти бидат супер, приемен нема.
 
Dali i diplomite i sertifikatite steknati od srednoto moze da nosat povekje bodovi za upis na medicina? :)
 
сакам да се запишам на европски смер стоматологија
што мислите за смеров ? дали мислите дека лесно би се нашла работа ? колку што знам таму имаат у забна ординација
ако имате информации ве молам пишете
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom