Спектакуларни апсења, борба против криминалот, или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Ако бучко имаше малку свест и чист образ, шо не се откажа ко двајцава шипци? Ќе речиш вакви, такви ама се откажаа. Шо повеќе, зошто да се свикува средба кога веќе се откажаа од имунитетот доброволно? Веројатно се чувствуваат невини.

А бучко...бегај аман не ми го спомнувај тој шизофреничар.

НЕ ШИРИ НЕВИСТИНИ.

Изјава на Бичиклиски, на 15,08,2007

„Поаѓајќи од фактот дека господин Владо Бучковски доброволно се откажа од пратеничкиот имунитет кога беше кај истражниот судија, ВМРО-ДПМНЕ не гледа никаква причина утрешната седница на собранието да трае долго“ вели Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ.
 
Ако бучко имаше малку свест и чист образ, шо не се откажа ко двајцава шипци? Ќе речиш вакви, такви ама се откажаа. Шо повеќе, зошто да се свикува средба кога веќе се откажаа од имунитетот доброволно? Веројатно се чувствуваат невини.

А бучко...бегај аман не ми го спомнувај тој шизофреничар.
A koj e po tvoe mislenje normalen politicar vo ovaa drzava,ako se site sizofrenicari,narkomani,alkoholicari i sto ti ja znam sto ne?
 
Немам ништо против борбата со корупцијата и криминалот, но имам против спектакуларните апсења и однапред прогласувањето за виновен на било кое осомничено лице, особено има против што најголем број од сите овие спектакли на крај завршуваат со дебакл...на овој начин ли се бори против корупцијата и криминалот...?
Со лабави обвиненија и необезбедени докази...?

Кому му се сервираат спектаклите и кому му служат?

...ха, сите сме гладни за спектакл и жртви...тоа по се изгледа добива димензија на катарза, која и те како му е потребна на очајниот народ кој е веќе истоштен од децениската транзиција, а Власта, која нели секогаш работи за доброто на сопствениот народ и те како де грижи за задоволување на нашите потреби!
 
Еве како самонаречената "успешна" власт, под превезот на борба против корупцијата и орг. криминал, сака да го прикрие направениот дил со ДУИ, во врска со вратените хашки случаи.

**************************************************************

Кривична пријава против Андреј Петров

МВР кривично гони 12 члена од две комисии на Владата и Министерството за одбрана во 2003 година. Меѓу нив е и актуелниот пратеник на СДСМ Андреј Петров.

Полицијата обвинува дека Комисијата за јавни набави овозможила 16 војнички кантини бесправно да ги добијат четири локални дистрибутери на „Скопска Пивара“, наместо на тендерот да победи „МА Проком“ од Штип, која имала најповолни понуди.

Оштетената фирма се жалела до Комисијата во која член бил Петров, но жалбата незаконски е отфрлена, обвинува МВР.
Со тоа, според полицијата, комисиите овозможиле дистрибутерите на „Пивара“ незаконски да стекнат имотна корист од 42 илјади евра.
„Го прекршиле Законот за јавни набавки во кој е наведено дека предквалификацијата на понудувачите се врши врз основа на економски, финансиски бонитет“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Кога постои сериозна криза во владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ја крие преку кривични пријави против членови на СДСМ, реагира опозиционата партија.
„Доволно е Гордана Јанкуловска, како најодговорен човек во тоа Министерство да седне и да отвори службен весник на РМ, во кој ќе може веднаш да констатира дека човекот веќе од поодамна не бил член на таа Комисија затоа што извршувал друга функција“, рече Андреј Петров, СДСМ.
Петров побара МВР да му се извини за грешката, најави тужба за оштета која ќе ја донирал во хуманитарни цели.

****************************************************

Бедно и провидно, па дури и за ДПМНЕ.
 
Реален, а што ако излезе дека навистина имало криминал?

Како што многупати сум рекол, нека оди работата на суд, па таму нека се решава.
Вакви ситнополитички префрлања се само глупости и ништо повеќе.
 
Реален, а што ако излезе дека навистина имало криминал?

Како што многупати сум рекол, нека оди работата на суд, па таму нека се решава.
Вакви ситнополитички префрлања се само глупости и ништо повеќе.

Како што се заврши случајот со Бучковски, или како што се исполитизира случајот Заев.
Можеби некогаш и ќе се заврши случајот Панде Лазаров.
Или па можеби како случајот "злоупотреба на пари од европски фондови" на Шекеринска.

Можеби пиеме уште нафта, ама тревата веќе одамна баталивме да ја пасеме.

Во партиска држава неможе да владее правото.

Виде ли вчера како во "правна" држава, до крајна мера се манипулира со правото со направениот дил помеѓу ДПМНЕ и ДУИ.

Каде е тука државата која треба да биде правна ?
 
Правна ќе биде државата кога некои фаци ќе и дозволат да биде правна, кога нема да ја кочат, како на пр. протести пред судови, притисоци врз судови, па пак протести...аболиции...затварање врати на соби каде заседаваат комисии...е тогаш ќе имаме правна држава.
Од СДСМ можат да велат колку сакаат дека ова е смислен притисок врз нив...нека го докажат тоа на суд...како што беше со случајот со Раштански лозја на пр.
Нели?
Партиска држава...звучи излитено...глупости!
 
Па никаде не спомнав Јас дека партиската држава почнува со Груевски.
Туку дека наместо да се департизира, се повеќе и повеќе добива на интензитет.:toe:
 
Па никаде не спомнав Јас дека партиската држава почнува со Груевски.
Туку дека наместо да се департизира, се повеќе и повеќе добива на интензитет.:toe:

И јас не го реков спротивното...јас велам:Нема партиска држава!
Зошто?
Имаш кривична пријава, одиш на суд и готово!
И СДСМ на пр. имаше „Раштански лозја“...се бунеа од ВМРО-то дека е местенка...судот пресуди во нивна корист. И тие велеа партиска држава, се глупираа на пресови...истиот филм :)
Ако е местенка, ќе падне на суд.
Другото, како што реков горе, е собирање поени и промовирање наводни „маченици“...со еден збор...глупости.
 
Stom zagusti nesto vo Vladata,ajde apsenja,krivicni prijavi i se toa luge od opozicijata?Dosta se kriese Vladata zad takvi slucai koi nikogas nemaa zavrsnica.Samo se koristea za dnevnopoliticki celi.
 
Немам ништо против ако се докаже дека Петров е виновен да си окрка и прописна казна за тоа...

Само во контекс на темава, чудно ми е портпарол на МВР да излезе на прес конференција и божемски игра ЈАМБ да НАЈАВИ кривична пријава против некого. Кривична пријава или има или нема или е поднесена или не !
Демек, пријава во најава. Може ли некој правник да го обајсни овој момент ?
 
со кривичните пријави во (најава) само им замајуваат очи на граганите.... има или нема дело се докажува на суд(предистржна постапка) само и тоа кај нас се злоупотребува ,,,ке си поседиш во притвор колку сакаат тие(власата) а после државата ке плака оштета,ама и за тоа го најдоа лекот го намалија износто на затворсиот ден..... наместо МВР да си ја гледа работата изигрува гласноговорник на судот,... кога судски налог патува 2 два дена ви се молам од суд до мвр треба ли повеке да се зборува... така ке биде се додека имаме партиски судии -без разлика на нивниот дрес....
 
Транспарентност: Власта ја манипулира јавноста

Транспарентност Македонија тврди дека власта ја манипулира јавноста со годишниот извештај за Индексот за перцепција на корупцијата.

Според невладината организација статистичкиот напредок од 0,3 поени на светската скала се претставува како огромен успех иако Македонија останала во групата со Свазиленд.

„Постигнатиот релативен статистички напредок на РМ од 0,3 поени на светската скала на корупција да се престставува како огромен успех на земјата, а во полза на една политичка партија е рамен на лапсусот на премиерот кому не му кажале дека од претходната група со Свазиленд, Република Македонија е повторно во корупциската група со Свазиленд, иако на премиерот состојбата му изгледа како Дизниленд“,:pos: рече Сашо Ордановски, претседател на Транспарентност Македонија.

Според него во решавање на ситните корупциски скандали има некаков напредок, но крупните милионски афери власта ги крие. „Го поздравуваме апсењето за 20 евра, но што станува со милионските афери? Во ситните корупциски скандали има некаков напредок но проблемот е што има систематско кршење на правилата. Во моментов сите облици на криминал се во пораст но тоа се крие, се даваат само успешните статистики“, рече Сашо Ордановски, претседател на Транспарентност Македонија.

Транспарентност Македонија во месечниот извештај за септември забележува дека многу функционери не пријавиле парични средства ниту пак дека поседуваат трансакциона сметка преку која ја примаат платата. Многу од анкетните листови биле без детален опис на имотот, во кои фирми функционерите имаат акции, во кои банки се депозитите, поради што се бара покренување постапка за проверка на имотната состојба.

Ордановски побара да се поведе и иницијатива за разрешување од функциите за новите именувања во управните одбори. Тоа се однесува на именувањето на директорот на УЈП Горан Трајковски за претседател на управниот одбор на ЈП ,,Водовод и канализација, на Ванчо Каргов-директор на Царинската управа.

Извор

УАААА МАНИПУЛАТОРИ !
 
браво за тебе сега оди да го земеш лижавчето на сашо што го пренесе неговиот став. Голем човек , кажал нешто паметно:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom