Дали е најважен изгледот на партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Знаеме сите дека изгледот е многу важен за да бидеме со некого,но јас мислам не е најважен!На почетокот од врската со дечко ми,стално излегував со штикли,дури да одиме и кај него-да изгледам повисока,стално со петкила пудро-некое мозолче да не ми се види,средена коса и стегната!Мислев дека ако ме види без шминка или дотерана нема да му се допагам,но грешев.По месец,два ми рече-зошто толку се дотерувам и за по дома???ја-кутев.Утредента кога дојде кај мене,ја станував од спиење,во пижами бев,не нашминкана,разбушавена и кога ме виде рече дека сум била многу поубава вака,отколку со маска на лицето!:kesa:Сега умерено се шминкам за испаѓање,а за дома не ни се шминкам!А,он мене мие исто убав и кога е небричен,и кога е бричен,зошто го сакам.Можеби не е тип од филмовите,развиен и сл.но мене мие најубав!и јас не сум маникенка,имам мевце малце на мешето,али му се свиѓам каква сум!но,за некои личности,како една моја другарка смета дека ако не е убавец,и да е најдобар не му вреди!Но,јас сметам дека убавината е пролазна и со текот на годините исчезнува,а добрата душа останува!
 
Јас сум строго против лично запоставување кога луѓето се во подолга врска или брак. Има моменти кога човек треба да изгледа природно, моменти кога треба да изгледа посредено и поубаво, а и моменти кога не е важно ништо од тоа. Но, со самото постепено опуштање пред партнерот, може да се стекне навика на несредување и да ни нема враќање.
Ништо претерано не правам и никогаш нема да се запоставам и да изгледам полошо и од стара баба, без оглед кој и што бара од мене. Знам кога и како треба да изгледам и тоа секогаш ми е на прво место.
 
Не ми е најважен ама игра доста голема улога :helou:


edit 99,35 % ми е важен изгледот
 
Да се разбереме сега.. Не ти треба шминка или шо ти знам шо за да бидеш убав/a. Така да, важен е : )
 
Изгледот е важен на почетокот кога доаѓа до меѓусебна привлечност, што ако имаш ептен sexy женска ако таа не ти е по кеиф, неможеш нешто интересно во неа да пронајдеш тогаш се ќе биде за џабе
 
Biten e, ama ne mnogu... Porano sum vletuvala vo vrski so ubavi maski, pa sum se razocaruvala do nemaj kade. Sega prvo gi zapoznavam ubavo, pa ako mi cinat davam sansa, ako ne, ostanuvame drugari. :D
 
Научно е докажано дека мажите ги бираат жените според физичкиот изглед на прво место (значи гради*, задник*, убаво лице*, рамен стомак* итн.), додека жените при барањето партнер во фокусот ја ставаат способноста да изгради кариера (внатрешни вредности) и да обезбеди средства за живот* (што технички е блага верзија на појавата спонзоруши :icon_lol: ), како и да има здраво тело.

Објаснение? Накратко и лаички:
1)Критериуми на мажите
*гради- им создава потсвесна сигурност на мажите дека е способна да го дои младенчето. Што поголеми, толку подобра ќе биде во доењето. Големината на градите реално нема врска со доењето, ама им создава на мажите таков потсвесен впечаток.
*задник- округло газе најчесто значи и широки колкови, а широки колкови во очите на машката потсвест значи дека жената е способна за раѓање, што и е основна функција.
*убаво лице- лице со нежни и убаво распоредени црти буди кај мажите желба да ја заштити и прегрнува жената.
*рамен стомак- знак дека жената не е бремена, односно дека е слободна за „парење“.

2)Критериуми на жените
*способност да обезбеди средства за живот- жената за разлика од мажот, уште од почетокот размислува на подолгорочни стази. Ако мажот има добра работа, или барем очигледен капацитет дека ќе си ја обезбеди иднината, тоа значи дека е „погоден“ да им обезбеди добар живот на нивните заеднички идни деца. Затоа на жените им е побитна ситуираноста кај партнерот, за разлика од мажите кои ретко бараат богати жени.
*здраво тело- значи дека е способен да ја оплоди.

Овие “тумачења“ (кои бтв се научни и не се моја измислица) може да ви изгледаат смешни, ама помислете дека потекнуваат од пред милијарди години, кога човекот и неговите сфаќања не биле толку развиени, кога мажот секој ден одел на лов, а жената во пештерата се грижела за семејството и за мирот „у куќа“. :) Иако луѓето се денес далеку поразвиени и повеќе милениуми не водат таков едноставен и „животински“ живот, нашиот мозок сепак се развивал во тој правец и сите основи на нашата егзистенција, љубов, секс, дружби, работа и се останато, всушност се сведуваат, повеќе или помалку, на горенаведените работи. :) Пусти луѓе, секој век сме станувале се покомплицирани и толку сме станале комплексни што не можеме ни да си се сфатиме самите себеси, кога суштината на циклусите е толку исконски едноставна.

Нејсе... (зборов) Целиов овој научен труд само за да заклучам дека не ме и е најважен толку изгледот, се додека е пријатен за гледање, што не значи убав, но ми е важна харизмата на човекот, неговиот шарм, тоа што зрачи одвнатре, тоа е тоа што плени, како и карактерот и сите доблести (и маани?) што ги поседува човекот.
 
Важен е изгледот,ама не е поважен од паметот.
Не треба ако сум нашла партнер и да се запустам,или да се пластифицирам,треба да се остане онаков каков што си кога се започанала врската и/или пред тоа.
Сега,не може да се остане скроз ист,нормално ќе се смениш,ќе се привикнеш на навиките од партнерот и он на твоите,ама не треба да се заборави на изгледот,или да се обрнува повеќе внимание од порано, треба да се има некаков баланс,да се знае дека за излегување не треба да излезеш несреден.
 
А јас па никогаш не се дотерувам за некого... секогаш за мене се местам... така што ако сакам да се дотерам ќе се дотерам ако не сакам нема да се дотерам... пошто машките баш и не секогаш ги приметуваат промените кај девојката или пак се воздржуваат така што за мене си се дотерувам...

А изгледот не ми е битен...други работи ми се битни...
Али битно ми е како што кажа Desire да се усогласат...или двајцата да се дотерани или двајцата да се обично облечени...
 
Biten e, ama ne mnogu... Porano sum vletuvala vo vrski so ubavi maski, pa sum se razocaruvala do nemaj kade. Sega prvo gi zapoznavam ubavo, pa ako mi cinat davam sansa, ako ne, ostanuvame drugari. :D

Мешаш поими. Не станува збор за физичка убавина, туку за она дополнително разубавување и средување што подразбира облека, хигиена и сл.
 
мислам не е важен изгледот важен е карактерот:toe:
 
а бе сите женски кога ке ве прашаат каков дечко сакаш ќе почнете: паметен да е, убав, мускули......итн, а тоа ПАМЕТЕН нигде не го барате, само ке ви дојде некој ке ви каже два-три одбрани збора и вие одма оп ке отидете со него.......и убавината и паметот не одат во ист пакет:nenene:, така да на повеќето женски важен им е изгледот, него ли паметот, а па ако не е убав ќе му се изнадерете у лице и/или ќе му се изнасмеете у ФАЦА
 
Јас сум строго против лично запоставување кога луѓето се во подолга врска или брак. Има моменти кога човек треба да изгледа природно, моменти кога треба да изгледа посредено и поубаво, а и моменти кога не е важно ништо од тоа. Но, со самото постепено опуштање пред партнерот, може да се стекне навика на несредување и да ни нема враќање.
Ништо претерано не правам и никогаш нема да се запоставам и да изгледам полошо и од стара баба, без оглед кој и што бара од мене. Знам кога и како треба да изгледам и тоа секогаш ми е на прво место.
не немислев дека сега оти имам подолга врска се запоставувам,сакам да кажам дека не претерувам!Нормално,за испаѓање повеке обрнувам внимание,а ако седиме дома и гледаме филм,секако нема да се стегнам во некое фустанче или штикли,опуштено во трењерчиеа и сл.
 
а бе сите женски кога ке ве прашаат каков дечко сакаш ќе почнете: паметен да е, убав, мускули......итн, а тоа ПАМЕТЕН нигде не го барате, само ке ви дојде некој ке ви каже два-три одбрани збора и вие одма оп ке отидете со него.......и убавината и паметот не одат во ист пакет:nenene:, така да на повеќето женски важен им е изгледот, него ли паметот, а па ако не е убав ќе му се изнадерете у лице и/или ќе му се изнасмеете у ФАЦА

Pa neli e pametno da gi naucis tie dva tri slatki zbora i ti ?

Ako e do zborovite
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom