Ѓорѓе Балашевиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Serdarot
  • Време на започнување Време на започнување
Прв пат слушам дека роденден денеска му бил на Џоле патем мојот имењак :D Инаку нека му е среќен, нека ние долговечен и уште многу, многу долго да го гледаме во живо.
 
Да не има некој заинтересирано за концерт на Балашевиќ во Осијек во септември??
 
large.jpg
 
Џоле сам го отпеа дуетот кој требаше заедно да го отпејат со сега веќе покојниот Кемал Монтено.

На денешен ден, 11 мај, пред точно 62 години, роден е еден од најголемите музички генијалци и легенди на изминативе 4 децении - вечниот дечко и панонскиот морнар - Ѓорѓе Балашевиќ - роден во 1953 година.

Нека му е среќен 62-от роденден, да дочека да прослави и троцифрени родендени и да му се множат годините како што се множат и неговите обожаватели меѓу кои добар дел се помлади не само од него, туку и од неговите песни.

Среќен роденден Џоле

На пролетниот концерт на 25 април 2015 во Сараево, Џоле и ја отпеа песната Оливера на својата истоимена сопруга, за која вели дека кога се запознале била 6 години помлада од него, но денес е 20 години помлада од него. :pos:

:love:

Среќен нека му е роденденот, нека продолжи да не чести со прекрасни стихови и меланхолија...

Инаку, целиот овој викенд оваа песна цело време ми се вртеше во глава...

Putuj planeto,
ovde se vrag priziva
nama je lepo,
slika jedna neopisiva..
.
 
На огромно задоволство на сите фанови во Македонија, Авалон Продукција реши да ја слушне нивната молба и во агендата на своите концерти за 2015 година го потврди концертот на миленикот на македонската публика, секогаш свежиот и актуелен новосадски кантавтор – легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.

Човекот кој што секогаш го распродава апсолутно секој концерт кој што го работи (инаку Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години, со околу 30.000 посетители изби на прво место на интерната листа на Авалон Продукција по посетеност пред Iron Maiden).

Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својот нов програм концептуално наречен „Кад тамбурама мангупи препрече пут”на 30-ти Октомври во Арената Борис Трајковски.

Овој програм наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите го претставија во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб – пет распродадени сали Ватрослав Лисински, Сараево – Зетра 20.000 посетители, Осијек – 10.000 посетители, Сплит распродадена Арена месец дена пред концертот..
 
Го чекаме 21:00 часот за Авалон да ги објави деталите за влезниците. :vozbud:

Убаво е тоа што му стана навика на Џоле да ни доаѓа на гости на секои 2 години, но штета е тоа што одржува концерти исклучиво во СРЦ Борис Трајковски.

Во Хрватска и во Словенија, Џоле одржува концерти секоја година - не секогаш во ист период од годината, зависи кога како - претежно во помали сали, како што се локалните театри. Сега кога и староновиот скопски театар е во функција, баш би сакал да го видиме Џоле да одржи концерт на такво место - помала сала и поинтимна атмосфера. :love:
 
Влезниците за концертот на Џоле на 30 октомври 2015, ќе бидат пуштени во продажба наредниот понеделник, 18 мај 2015 на веб сајтот Купи Карти За Се.

Еве зошто не го бендисувам многу СРЦ Борис Трајковски за вакви концерти - трибините се премногу оддалечени од бината. Ќе треба веќе од понеделник да се бркаат поскапите билети бидејќи експресно ќе бидат продадени како алва.

Влезниците за Балашевиќ во продажба од понеделник !!!

Почитувани,
Сакаме да Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за миленикот на македонската публика Ѓорѓе Балашевиќ кој во склоп на својата турнеја „Кад тамбурама мангупи препрече пут ...“ ќе го посети и Скопје со голем концерт на 30ти Октомври во арената Борис Трајковски.
Како и за секој светски концерт што го работи Авалон Продукција така и за овој несекојденевен настап на Балашевиќ, влезниците ќе бидат пуштени во продажба скоро шест месеци пред концертот - 18ти Мај (понеделник) преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со следниве цени и категории:

ПАРТЕР (СЕДЕЊЕ) – 900,оо денари;
ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) 700/900,oo денари;
GOLDEN SEATS (СЕДЕЊЕ) – 1200,oo денари;

Како што претходно Ве информиравме, Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својот нов програм концептуално наречен “Кад Тамбурама мангупи препрече пут” кој наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите го представија во изминатива година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб каде 5 пати ја распродаде салата „Ватрослав Лисински“, Сараево – сала „Зетра“ со 20000 посетители, Осијек - 10000 посетители ...

Ваша,
Авалон Продукција

11256570_1055014977859862_5860128690219571662_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom