Браќата Миладиновци

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Браќата Димитар и Константин Миладинови, основачите на националната преродба во Македониjа од средината на деветнаесеттиот век, се родени во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладин и неговата сопруга Султана. Постариот Димитар е роден во 1810, а помладиот Константин во 1830 година.
Основно училиште завршиле во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција.
Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник. Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладин. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.
Најмалиот брат, Константин, дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија.
Во тој период Македонија била дел од Отоманската Империја. Освен тешкото турско ропство, на народот во Македониjа му се заканувала и денационализација и елинизација преку елинското просветување и црквата, кои биле во власта на грчката Цариградска патријаршија.
Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.
Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната "Т'га за југ" [[1]], која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.
Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.
Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.
На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.
Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористичките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на претплатниците на Зборникот.
Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Така место за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани.
Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под засега неразјаснети околности.
 
Т’ГА ЗА JУГ

Орелски крилjа как да си метнех
и в наши ст’рни да си прелетнех!
На наши места jа да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам;
да видам дали с’нце и тамо
мрачно угревjат, како и вамо.

Ако как овде с’нце ме стретит,
ако пак мрачно с’нцето светит,
на п’т далечни jа ке се стегнам
и в други ст’рни ке си побегнам,
к’дето с’нцето светло угревjат,
к’де небото дзвезди посевjат.

Овде jе мрачно и мрак м' обвива
и темна м’гла земjа покрива;
мразоj и снегоj, и пепелници,
силни ветриштца и виjулици;
околу м’гли и мразоj земни,
а в гр’ди студоj и мисли темни.

Не, jа не можам овде да седам!
Не, jа не можам мразоj да гледам!
Даjте ми крилjа jа да си метнам
и в наши ст’рни да си прелетнам.
На наши места jа да си ндам,
да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата
и с’нце светло заjдвит в гората;
тамо дарбите - природна сила
со с’та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит
и си од ветар синотемнеит;
поле, погледниш или планина,
сегде божева jе хубавина.

Тамо по с’рце в кавал да свирам,
с’нце да заjдвит, jа да умирам.
 
БИСЕРА

Бисеро моме, Бисеро,
што носиш бисер на гарло?
Твоето гарло хубаво
и от дробнаго бисера
хилјада п'ти по-бело.

Бисеро моме, Бисеро,
зашто со бисер покриваш
твоето гарло хубаво?
ја нејкју бисер да баца,
тук сака твоето гарло.

Бисеро моме, Бисеро,
за кого низиш бисер'т?
За кого готвиш дарои?
ја дарој бисер не сака,
тук сака мома Бисера.
 
Како зборникот од „ Македонски народни песни „ станал Б’лгарски народни песни “ ?

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 други (отстапени од фолклорист Васили Д. Чолаков) .
Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење).

Полемики

Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија.
Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.

Википедија
 
самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни. Википедија
За ова тврдење мислам дека не е основано. Браќата Миладиновци сакале зборникот да се вика Македонски народни песни, но во последен момент пред печатењето името е променето по барање на Спонзорот Штросмајер
http://mk.wikipedia.org/wiki/Зборник_на_Миладиновци
 
Oh please .... како тоа спонзорот кажал од сега друга нација сте и тап они друга нација ќе станеле -.- не е така тоа бе не ме заебавај ајде па што ги славиме ако се толку предавници ?? едноставно се чувствувале како Бугари како и сите останати
 
Како Миладиновци се чувствувале би трало нив да ги прашаме. Но и тоа не е меродавно...
Јас за себе можам да кажам дека се чуствувам, Абориџин, Банту црнец или Кинез меѓутоа јас сум Македонец, јас сум роден тука, моите предци се од тука, тука живееле и ги поминале сите перипетии низ историјата.
Песните што ги собрале Миладиновци се од Македонија, се знаат и имињата на лугето и местата од каде се запишани. И нема никаков основ да тврдиме нешто друго.
Не треба да се зборува за националното потекло на човекот, битни се делата што човекот ги прави. А песните од зборникот на Миладиновци се Македонски песни,
Еве пример, Царицата на Русија Катерина II е родена Германка и тоа ништо не пречи да Русите нарекуваат Екатерина II Великаја
 
Миладиновци не се согласуваат со тебе :rolleyes: они јасно пишале Бугарски Песни
 
Насловот бил променет и исто така биле отфрлени тие мислам за секоја песна имало нотни записи затоа што ќе имало многу за печатење и ќе требало подолго време. А да беше отпечатен Македонски, не верувам дека ќе опстоеше долго и ќе беше забранет за дистрибуција и запален. Не заборавајте дека они студираа во Русија, а Бугарија е руска творевина, ама не успеаа преку нејзе да си ги остварат намерите на Балканот. :)
 
Миладиновци не се согласуваат со тебе :rolleyes: они јасно пишале Бугарски Песни
Миладиновци, за зборникот, не пишувале туку објавиле собрани песни.
Миладиновци се починати пред да се формира Бугарија.
Димитар и Константин Миладинов, починале 1862, а Бугарија е формирана 3 март 1878, така да тврдиме дека се бугари е бесмислено
Инаку во целиот 19 век се развивале националните чувства не само кај Македонците и интересно е тоа да се следи.
Во склопот на Отоманската империја, каде жителите се разликувале само по верата, полека се формира национална свест и тука имало талкања и скршнувања.
Во 1870 е формирана Бугарската егзархија која дејствувала и во Македонија, таа имала доста влиание да некој Македонци се нарекуваат Бугари но и тоа е по смрта на Миладиновци.
Впрочем, ништо не значи како се нарекуваш, туку што правиш. Можеби и директорите на зонашите се нарекуваат вака или онака, но тие се изроди и злосторници кој дискриминираат и незаконски го казнуваат народот. И јас со такви не сум и не сакам да бидам ист народ
 
Македонија е формирана 45` односно 91` и што значи тоа :D :D ?
Па да де што правеле според нив они собирале Бугарски народни песни тоа е според нив така си го напишале нели па што да мислам според нивните дела де ...

Насловот бил променет и исто така биле отфрлени тие мислам за секоја песна имало нотни записи затоа што ќе имало многу за печатење и ќе требало подолго време. А да беше отпечатен Македонски, не верувам дека ќе опстоеше долго и ќе беше забранет за дистрибуција и запален. Не заборавајте дека они студираа во Русија, а Бугарија е руска творевина, ама не успеаа преку нејзе да си ги остварат намерите на Балканот. :)
Не се согласувам дека би било запалено или што и да е .. имаш еден Мисирков којшто својата книга ја издал во Софија никој со прст не го пипнал а не па да му ја пали книгата исто така и Пулевски
 
Македонија е формирана 45` односно 91` и што значи тоа :D :D ?
Па да де што правеле според нив они собирале Бугарски народни песни тоа е според нив така си го напишале нели па што да мислам според нивните дела де ...
Дали си се запрашал, зошто служи историјата?
Според мене, една од причините е да согледаме примери на личности кои ни се сипатични и да кажеме, ете тоа е мојот предок и јас сакам да бидам таков или сум таков.
Јас сакам да бидам како браќата Миладиновци и се гордеам дека се мои претци. Сакам да бидам како Питу Гули. Сакам да бидам како Михајло Пупин ( потекнува од Вевчани од Пупиновци ), сакам да бидам како Ригас Велестинос ( Ригас Фереос - потекнува од Сачишта ) и затоа се тие од мои претци.
А директорите на зонашите и на топлификација можат да тврдата што сакаат, тие со мене не се ист народ, не ги признавам и не сакам да слушнам некој да каже дека сум бил со нив ист народ.
 
Македонија е формирана 45` односно 91` и што значи тоа :D :D ?
Па да де што правеле според нив они собирале Бугарски народни песни тоа е според нив така си го напишале нели па што да мислам според нивните дела де ...

Собирале македонски песни, а бугарските биле дело на Чолаков. А насловот е таков заради Штросмаер.
А АСНОМ беше пред 45та
 
Собирале македонски песни, а бугарските биле дело на Чолаков. А насловот е таков заради Штросмаер.
А АСНОМ беше пред 45та
Како бе дозволиле тоа не ми е јасно мене ? јас да сум Миладинов не Штросмаер абе господ од небото да се симне не кажувам дека сум друга нација или па моето дело да ми каже да го потпишам како друга нација пааа нема теоретски шанси .. гледајте реално
 
Штросмаер финансирал и печател, а браќата биле и гонети од властите, всушност Димитар бил веќе в затвор, постоеле големи шанси никогаш да не се испечати, а по пола година и двајцата умреле в затвор.
А ти за да гледаш реално треба да знаеш кои биле, што биле и што правеле, ама не знаеш, затоа и викаш оп пред да скокнеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom