2010 помина во знакот на Kинеската доминација!

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Кина - меѓу модерното и традицијата

Меѓу кинеските експерти од пред некое време кружи изреката дека „само една работа расте побрзо, отколку кинеското стопанство - кинеската самоувереност“. Поткрепа за неа се и севозможните рекорди. Летоска Кина во Шангај ја организира најголемата и најпосетената светска изложба на сите времиња, која ја видоа 73 милиони луѓе. Земјата располага со најголема железничка мрежа за супер-брзи возови, по која се движат најбрзите возови во светот, што таа самата ги произведува. Кина го има и најбрзиот светски супер-компјутер, „Тјанхе 1 А“ во пристанишниот град Тјанѓин на северот на земјата.

Значењето и влијанието на Кина уште повеќе се засили во времето на стопанската и финансиска криза - додека Европа и САД се соочија со пад на стопанските активности за три до четири проценти, кинеското стопанство забележа пораст од девет насто. И во успехот на германската извозна економија годинава удел има фактот дека, на пример, Мерцедес и БМВ мораат да организираат вонредни смени, само за да ја задоволат побарувачката на кинескиот пазар на автомобили Кина не е атрактивна само како пазар за пласман на производи, туку и како инвеститор, оти располага со девизни резерви од дваипол билиона, односно две ипол илјади милијарди долари. Во изминатите месеци таа се претстави во Европа како спасител во кризни ситуации.

„Кина ќе го направи најдоброто што може, за да ги подржи земјите на еврото и да и’ помогне на Грција во совладувањето на кризата, да придонесе за опоравување на стопанството и за стабилност на финансиите. Кина и во минатото купуваше грчки државни обврзниции, а тоа ќе го прави и во иднина“, рече кинескиот премиер Вен Ѓијабао за време на посетата на Атина на почетокот на октомври. Но, Пекинг купува обврзници и на други кризни европски држави - Ирска, Португалија и Шпанија.

Секој сака колку што е можно повеќе да профитира од инвестирањето на Кинезите - тие не купуваат само државни обврзници, туку инвестираат и во мостови, аеродроми, инфраструктура, индустрија. Еберхард Зандшнајдер, експерт за Кина од Германското друштво за надворешна политика, во кинескиот ангажман, специјално во Југоисточна Европа, гледа „сосем претпазливо постепено стратегиско позиционирање.

Понекогаш најпогодни појдовни објекти за една таква политика се токму сиромашните земји, кои полесно се импресионираат од големината на кинеските инвестиции отколку други земји“. Кина инвестира милијарди и за основање Конфучиј-институти ширум светот, за јакнење на своите медиуми кои делуваат интернационално, за да испрати смирувачка порака до светот дека кинескиот подем е мирољубив.

Економијата во функција на политичките цели

Но, во септември земјата го покажа и другото, помалку пријателско лице, кога Јапонците приведоа кинески рибарски брод. Порано бродови на јапонската крајбрежна стража само ги потиснуваа кинеските рибарски бродови надвор од меѓусебно спорната морска област. Можеше да се очекува гласен протест од Пекинг, но Кина упати редица закани, на изненадување на светската јавност и вознемирување на соседите на Кина. И не остана само на зборови, туку ги суспендира контактите на владино ниво, ја откажа размената на посети на млади.

Јапонија го ослободи капетанот на кинескиот брод, но Пекинг инсистираше на извинување и речиси два месеца го запре извозот на ретки елементи, кои се безусловно потребни за многу хај-тек продукти. Кина има удел од 95 проценти на светскиот пазар на тие ретки елементи и го користи тој де факто монопол, проценува Ху Шингду, економист од „Универзитетот за наука и технологија“ од Пекинг.
„Се разбира дека за Кина е добро што поседува такви суровини, кои можат да се употребат како стратегиски инструмент. Таа би можела да се реши ретки елементи да продава само на земји кои според нејзина оцена се однесуваат добро, а другите да ги исклучи од извозот“.

Економијата се става во функција на политичките цели, потврди и студијата на двајца научници од универзитетот во Гетинген. Андреас Фукс и Нилс-Хендрик Клан ги анализираа реакциите на Кина спрема земјите кои официјално го примаа тибетскиот водач Далај Лама: извозот на таквите земји во Кина, особено на машини, бродови и авиони, беше намален во просек за осум проценти.

„Такви стоки по правило не купуваат обични потрошувачи, туку трговски делегации. Како реакции на приеми на Далај Лама, трговски делегации од Кина поретко патуваат во тие земји“.
Можеби наскоро ќе можеме да набљудуваме и „Лиу Шаобо-ефект“. Пекинг се обиде со значителен дипломатски притисок уште во предигра да го спречи доделувањето на Нобеловата награда за мир на затворениот дисидент. Спроти врачувањето на наградата, сите 65 амбасадори стационирани во главниот град на Норвешка примија писмо од кинеската амбасада, со барање „да не учествуваат во никакви активности кои се насочени против Кина“.

http://biznis24.com.mk/node/12355
 
Кина за многу брзо време ќе стане прва светска сила, со што Американците највеќе се плашат и ќе пробуваат да создадат внатрешна нестабилност во Кина со подбуцнување на големото муслиманско малцинство за војна, друга опција е создавање на нови немири во Тибет и со цел да ја бутнат од кандитаурата за прва светска сила
 
Ебемти доминација, коа населението им умира ко глувци, те од труење, те од загадување, а огромниот процент од нив живеат ко у среден век, со полуропски односи со работодавачите.
 
Тоа е со цел да го намалат населените бидејќи има голема пренатрупаност на територија што не е за миљарда жители
 
Па нели намалија население со децениски закони и програми за едно максимум дете у фамилија.
 
А што е тука чудно? И моменталните светски сили имаат население кое им умира ко глувци, од труење и сл.

Па нели намалија население со децениски закони и програми за едно максимум дете у фамилија.

Овој закон во Кина е донесен во 1979 година но и покрај тоа од 1980 до 2010 Кина има зголемување на населението за цели 400 милиони. Со овој закон имаат спречено повеќе од 250 милиони новороденчиња, така да наместо 650-700 милиони зголемување од 1980 до 2010 сега имаат "само" 400 милиони, што пак не е мала бројка. Исклучоци каде оваа политика не важи се руралните средини кои се неразвиени и слаби со население, а исто така и за малцинствата кои живеат во Кина што се мал процент. Како што оди работава за 20-30 години и овие 400 милиони ако имаат по едно дете тоа ти е 800 милиони луѓе и ете ти ја Кина со 2 милијарди. Но сега постои теза дека Индија ќе ја надмине Кина за неколку децении.
 
Ебемти доминација, коа населението им умира ко глувци, те од труење, те од загадување, а огромниот процент од нив живеат ко у среден век, со полуропски односи со работодавачите.

То ич не е страшно. Една друга светска сила прима меѓународна помош во храна.
 
Тоа е со цел да го намалат населените бидејќи има голема пренатрупаност на територија што не е за миљарда жители

Како да не,сигурно..така ли се намалува население.. не шири површни тези...

Кина неможе уште многу време да биде доминантна..можеби на воено поле, но економски никако.. Неможе една др=ава да е доминантна кога населението нема леб да јаде,кога социјалата е неразвиена , уште помалку граѓанските права..џабе им е големиот БДП прираст,уште многу време треба леб да папаат за да ја стигнат Америка,Франција,Германија,Јапонија..и нивната цивилизација
 
Па нели намалија население со децениски закони и програми за едно максимум дете у фамилија.

Не помага ништо. За џабе ли беше пуштено млеко за новороденчиња со отровна супстанца во него па имаше неколку смртни случаеви на новороденчиња, а тоа беше пред година-две.
 
--- надополнето ---

Како да не,сигурно..така ли се намалува население.. не шири површни тези...

Кина неможе уште многу време да биде доминантна..можеби на воено поле, но економски никако.. Неможе една др=ава да е доминантна кога населението нема леб да јаде,кога социјалата е неразвиена , уште помалку граѓанските права..џабе им е големиот БДП прираст,уште многу време треба леб да папаат за да ја стигнат Америка,Франција,Германија,Јапонија..и нивната цивилизација

Да баш така со војни, вируси и геј популација

Епа ќе нема да може затоа што западните сили ќе ја сопрат во намерата. Само погледни кога беше Олимпијадата 2008, Американците подзинаа кога видоа како беше подготвена како организацијата така и техологијата, па тоа беше само презентирање со што располага Кина како држава и до каде е отидена, може не како Јапонија во технологија ама многу подалеку од другиве држави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom