2010 - Како ви помина и што ви ја одбележа истата?:)

Изминатава година беше пола пола за мене,имав некои емотивни испади,тешки моменти кои беа сосема најнормални за секого.Од Јуни почнаа убавите моменти за мене иако пак имав некои тажни моменти како на пример смртта на мојот најдобар пријател(Бог да го прости)два месеци не можев да се соберам и нe ми се веруваше дека го загубив.
Прошетка низ Италија ама мора да признаам дека иако на почеток не сакав подоцна ми се допадна и сакав да останам таму,едвај чекам Лето пак да дојде и повторно да отидам.:)
Се заљубив во една личност која ја ценам многу,и на љубовно поле ми одеше одлично,се уште се секавам на тие прекрасни моменти,иако ми велаат дека трeба да го оставам минатото зад себе,но тие моменти ми беа нешто најубаво.
Следуваше повторно период на разочарување од некои личности за кои не вреди да пишувам на форумов но океј е,така ги воспитувале да се однесуваат :)

Тоа е тоа накратко :smir:
 
2010 ми е година и како сите останати...мислам во кои сум живеел, да не се разбереме грешка.:)

И така, иста како сите години, кои се неповторливи, испреплетена со настани со позитивен и негативен контекст но мене не ми чуе на некој начин бидејќи, јас учам од дуалитетот на нештата кои се случуваат во временскиот период од 365 дена.
 
Пола пола ми беше и мене...имав некои сосема среќни моменти,а имаше и тажни моменти...Оваа година имав и подобар успех во (спорт,школо,љубов итн) за разлика од 2009. Во летото немав ни еден лош момент,секој ден со друштвото,дружење,пиење .... И така. :)
 
Пола пола..али поише на лошо...изгубив многу важни личности...
 
Па не беше нешто нај, последниве месеци ми се катастрофа се некако наопаку ми оди. Се надевам дека следнава година ќе биде подобра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom