Драмата на Македонците од Егејот

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Драмата на Егејците, десетти дел

Сестрата го пронајде братот по 54 години

F4F57C22743CE743B5DBFC9439330C2E.jpg

Главната трага што ќе ја одведе Александра во Мелбурн кај нејзиниот брат била фотографијата снимена во Скопје кога Ѓорѓи бил мало дете

Александра Цветаноска од Скопје по 54 години го пронајде својот брат Ѓорѓи во далечна Австралија. За тоа дека има брат дознала откако детството и младоста ги поминала во домовите на децата-бегалци во Полска. Братот во Мелбурн ќе се препознае на фотографијата што нејзината ќерка ќе ја испрати преку океанот и неа ќе ја објави македонскиот весник „Тудеј“. Тој веднаш ќе и' се јави на својата сестра во Скопје да и' каже дека е здрав и жив и со големо нетрпение очекува да ја види.

Малата Сандра имала само 2,5 години кога од Штрково, Леринско, ја однеле во Полска во домот за децата-бегалци во Шчечин, каде што останала се' до 19 година, кога се осамостоила и се вработила како фризерка. Тогаш кога растурените егејски семејства се соединувале и татковците и мајките трагале по своите синови и ќерки, неа никој не ја побарал. Единствен роднина за кого знаела бил нејзиниот вујко, кој и' понудил да дојде во Скопје и да живее заедно со неговите пет деца. „Срцето ме боли. Растев во домови без мајчина љубов. И сега кога по толку многу години го слушнав гласот на мојот брат, почувствував вистинска љубов“, ќе ја раскаже Александра својата тажна приказна преку македонската радиопрограма „Трипати зет“ во Мелбурн преку која оствари контакт со братот Ѓорѓи.

Раната што сите тие години ќе ја печи додека била сама малку ќе се залечи откако ќе се омажи и ќе формира семејство, ќе и' се родат синот и ќерката, но нема целосно да заздрави, зашто не знаела каква е судбината на братот кого никогаш не го видела. „Кога си дојдов од Полска во Скопје, престанав да трагам по мојот брат и мајка, зашто се плашев дека тоа ќе ми отвори нови рани и нема да издржам. Истовремено, бев лута и разочарана поради тоа што родителите ме оставиле сама. Јас да бидам цело време во Полска, а тие да не ме побараат, да не прашаат дали сум жива и здрава. Но, така не мислеше мојата ќерка Лидија. ’Не си падната од Марс, па да немаш никого, тие имаш свое семејство, треба да си ги знаеш своите корени’“, вели Александра со која разговараме три години по средбата со братот, која очигледно многу ја погодила нејзината кревка душа.

Главната трага што ќе ја одведе Александра во Мелбурн кај нејзиниот брат беше неговата фотографијата снимена во Скопје кога бил мало дете. Ја добила од прв братучед од братот на мајка и'. Пред многу години и' спомнале дека имаат таква фотографија, но и' ја дале дури пред неколку години. „Прво што помислив беше сликата да ја испратам во Австралија. Си велев дека таму живеат најмногу Егејци. Се обратив до Агенцијата за иселеништво од каде што ми помогнаа да воспоставам контакт со Ицо Најдовски, уредник на Македонската радиопрограма. Му ја испратив сликата, а тој ја објавил во македонските весници, со објаснување дека сестрата си го бара братот, чија мајка се вика Цвета“, вели ќерката Лидија.

Додека се потстрижувал, берберот Борис му раскажувал на Ѓорѓи како сестра од Македонија си го бара братот и притоа му ја покажал фотографијата објавена во весникот. Кога ја видел фотографијата, извикал: „Па тоа сум јас“. „Бев сигурен во тоа, зашто мајка ми пред една година ми даде иста таква фотографија. Истрчав до дома и ја донесов во берберницата за да ја споредам. Повеќе немав никакво сомневање дека тоа мало дете сум јас“, ќе раскаже Ѓорѓи, плачејќи како дознал дека има сестра во Скопје. Тој вели дека мајка му никогаш не му кажала за тоа и кога ја прашал зошто од него ја чувала големата тајна, таа со плачење му признала дека има не една, туку две сестри. Притоа, му раскажала како за време на Граѓанската војна во Грција најголемата сестра Александра ја зеле партизаните и нејзе и' рекле дека ќе и' ја вратат по две недели, а другата сестра Слободанка ја зел татко и' кога бегал. Мајка му со него во 1952 година преку Југославија заминала во Трста, а две години подоцна стасале во Австралија и оттогаш немала никакви контакти со Македонија. „Кога го слушнав гласот на сестра ми Сандра, срцето ме заболе. Тешко ми е зашто 50 години никој не ми кажал дека имам две сестри, и многу ми е жал зашто не пораснав со нив“, изјави Ѓорѓи преку Македонското радио во Мелбурн.

„Кога ни се јави преку телефон, беше потресен, постојано плачеше и ни објаснуваше дека никој во животот не му кажал дека има сестра. Инсистираше да се видиме колку што е можно поскоро. Извадивме виза и заедно со мајка ми отидовме во Мелбурн да се видиме со вујко ми“, раскажува ќерката Лидија.

CE1E5C379FD39C4C85F508AA61C8B5DD.jpg

Александра Цветаноска снимена со братот Ѓорѓи и мајката Цвета пред три години за време на нивната средба во Мелбурн

„Немам зборови да ја опишам средбата. Кога го прегрнав моето братче Ѓорѓи, ме облеа силна топлина, но истовремено почувствував голема тежина во срцето поради тоа што ме оставила мојата мајка. Како можела да ги заборави сопствените деца? Зошто криела од својот син дека има две сестри? Не можам да сфатам како можела да не му каже на синот дека е роден во Македонија“, раскажува Александра, која вели дека се' уште има голема грутка во градите. Таа и денес ги чувствува последиците од средбата со братот и мајка и' и по враќањето од Австралија дваесетина дека лежела во болница.

„Имам прекрасен брат, но не можам да кажам добри зборови за мајка ми. Додека бев таму, не разговарав со неа поради тоа што не' заборавила мене и сестра ми Слободанка. Немаше никакво објаснување зошто ги оставила своите деца. Кога ја прашав, гледаше во земја и никогаш не ме погледна во очи. Најверојатно, се срамеше поради тоа што го направила. Плачеше и се колнеше дека не' барала, дека сме и' недостигале, дека и' е срам поради таквата постапка, но јас не и' поверував на нејзините солзи, зашто ако сакала, можеше да не' пронајде. Остарев, имам 63 години, и прашање е дали и кога ќе го видам уште еднаш Ѓорѓи, дали ќе имаме шанса да поживееме заедно како брат и сестра, како сите нормални семејства“, ни ја отвора душата Александра, очигледно потресена од големата драма што ја преживува.

Приказната што ни ја раскажа таа за нејзиното семејство личи на повеќето егејски трагични приказни, но истовремено се разликува од нив по многу нешта. По завршувањето на Граѓанската војна, мајката Цвета пребегала во Битола, таткото Васил со другата ќерка се нашол во Белград, а таа веќе била сместена во дом во Полска. Мајка и' и татко и' се нашле и продолжиле да живеат во Југославија. Тогаш им се родил Ѓорѓи и го крстиле во една скопска црква. Подоцна, мајка и' го оставила нејзиниот татко и се премажила за друг, за Македонец од Пиринска Македонија и со него заминала во Италија, а оттаму за Австралија. А, татко и' со другата ќерка по други патишта стасал, исто така, во Австралија, во Перт, без да знае дека таму е и неговиот син.

„Татко ми цело време бил со сестра ми Слободанка и и' кажал за мене и за Ѓорѓи. Со неа се видовме по триесетина години, дојде кај мене во Скопје на одмор. Пред да умре, татко ми оставил аманет како знаеме да го пронајдеме Ѓорѓи“, вели Александра.

Зошто Цвета го напуштила својот сопруг во тие тешки времиња? Таа никогаш никому не му ја кажала вистината, ниту, пак, нивниот татко објаснил како се разделиле. Енигма останува и тоа зошто мајката ги напуштила ќерките и никогаш не ги побарала. Има разни претпоставки, а ќерката Лидија смета дека е најприфатлива таа што ја слушнале во Австралија. И вториот сопругот на Цвета оставил четири деца и, најверојатно, преќутно се договориле да не ги спомнуваат поранешните рожби, да ги заборават.

За трогателната средба на сестрата Александра и братот Ѓорѓи по 54 години дозна цела Австралија и слушнаа сите Македонци во светот преку македонската радиопрограма во Мелбурн. Посебна сторија емитувала и австралиската национална телевизија Канал 7. Александра и Лидија велат дека за пронаоѓањето на братот, односно вујкото најголема заслуги има новинарот Ицо Најдовски, кој не само што помогнал за да се сретнат, туку им гарантирал да добијат австралиска виза.

(Продолжува)
 
Драмата на Егејците, единаесетти дел

Жесток притисок на Британците врз Тито

5C4FB85C88EEC94D8BBEEAF54DD67791.jpg

Тито говори на митингот во Скопје во 1953 година

Тито тајно му ветил на својот пријател Фицрој Меклин, инаку шеф на британската мисија во Југославија во Втората светска војна, дека ќе ја прекини поддршката на демократските сили за време на Граѓанската војна во Грција. Ова ветување било чувано како строго доверлива тајна. За неа никој не смеел да дознае, зашто таа ќе му наштетела на југословенскиот маршал. Ова тајна се открива во британските документи за Македонците и југословенско-грчките односи објавени од Државниот архив на Република Македонија.

Во разговорот што го водел Меклин за време на посетата на Белград во почетокот на мај 1949 година, Тито не негирал дека во минатото им давал помош на востаниците во Грција. Истовремено рекол дека ситуацијата се променила, повлекувајќи дека Југославија, сепак, не може да им го одбие правото на азил на политичките бегалци, кои биле задржувани во Југославија. „Фактички, тој може да вети дека во иднина нема да им биде дозволено на востаниците да се враќаат во Грција за да продолжат да се борат, ниту ќе им биде давана каква било друга помош. Меѓутоа, тој замоли оваа негово ветување по никоја цена (повторувам по никоја цена) да не биде јавно објавено, бидејќи неговото обелоденување ќе му предизвика многу големи проблеми“, пишува во телеграмата до Форин офисот британскиот амбасадор во Белград Чарлс Пик. Тој притоа изразил уверување дека ветувањето на Тито дадено на Меклин му звучи искрено. За него тоа е од првостепено значење зашто востаниците повеќе не ќе можеле да се прегрупираат и реекипираат преку југословенската граница. „Сметаме дека Тито, најверојатно, му ја кажал вистината на неговиот стар пријател и затоа е многу пожелно тоа што го кажал да го сочуваме само за нас. Поради тоа, ве молиме овие добри вести да ги третирате како „строго тајно и лично“, стои во еден од документите.

За време на Титовото „не“ на Сталин, Југославија била од сите страни блокирана, а економските тешкотиите можела да ги надмине единствено само со помош на Запад. А за да и' помогнат на Југославија, САД и Велика Британија поставиле услов таа да ја затвори границата со Грција. „Решението на прашањето во врска со Грција, ми се чини, зависи од самиот Тито. Ако тој сака да ја види грчката ’ситуација‘ смирена, постојат неколку чекори што треба да ги преземе во тој правец - еве само неколку примери: затворање на радиостаницата на Маркос, која се наоѓа на југословенска територија; враќање во Грција, по преговорите преку дипломатски канали, на децата-бегалци, кои сега се во Југославија; отстранување на грчките востанички регрути, кои сега се обучуваат на југословенска територија; повторно отворање на комуникациите меѓу Скопје и Солун; и, на крајот, затворање на грчко-југословенската граница, што би било насочено против востаниците. Во суштина, ова е едно од прашањата со кое Тито на дело може да почне да ја докажува искреноста на неговите уверувања!“, ќе и' напише Џефри Валингер, шеф на Јужниот оддел на Форин офисот на амбасадата на САД во Лондон.

Она што им го ветил Тито на Британците ќе почне и да го реализира. Во познатиот говор што ќе го одржи на 10 јули истата година во Пула ќе ја нападне грчката влада за постојаните инциденти што се случувале на југословенско-грчката граница предизвикани од „монархофишистите“, но ќе упати критики и на силите на Демократската армија. „И така народот во демократска Грција си дозволил себеси да биде воведен во работа што може да има и веројатно ќе има фатални последици за грчкото ослободително движење“, ќе рече тогаш Тито. Притоа, ќе нагласи дека Југославија ќе мора целосно да ја затвори граница и да ги заштити „животите на работниот народ на нашата земја во оваа област“. „Се разбира, не треба да покажеме какво било колебање или каква било слабост, туку моќ, бидејќи ја браниме нашата сопствена земја и бидејќи мораме да ја одбраниме мирната изградба на социјализмот во нашата земја и ние ќе го браниме тоа од секого“, ќе поентира југословенскиот маршал.

0C23857CDD13DA488947C4ACC1EDC357.jpg

Ветувањето на Тито дадено на својот пријател Фицрој Меклин (горе) дека ќе ја прекини поддршката на демократските сили за време на Граѓанската војна во Грција и ќе ја затвори границата било чувано како најстрого доверлива тајна

„Основната цел била преку економска помош, Тито да се одржи на површина, што од своја страна, пак, барало и одредени отстапки од југословенскиот лидер. Или, како што предложил еден дипломатски службеник на Форин офис: ’...ако (Тито) се' уште сака да ја добие нашата економска помош, ќе биде во негов интерес да ни даде некаква помош за возврат... Она што за возврат тој најлесно може да го направи за нас, без притоа да го изгуби внатрешниот углед, е незабележано да ја повлече поддршката за грчките востаници’“, подвлекуваат д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов, подготвувачи на документите од Националниот архив на Велика Британија. Пановска и Чепреганов нагласуваат дека Југославија ја користела секоја можност да ги убеди западните сојузници за промената на нејзината политика во однос на Грција, така што „...Тито не само што му вети на Меклин, туку, исто така, преку Кардељ истите ветувања му ги даде и на американскиот амбасадор...“, истакнувајќи „...сега се' е поинаку... ние таму повеќе немаме пријатели (помеѓу востаниците)“.

„Со таа одлука за Британците повеќе не постоело никакво сомневање дека ’македонското прашање за скоро време е ставено во замрзнувач‘, имајќи предвид дека тоа прашање за нив било ’многу комплицирано... и нејасно...‘“, подвлекуваат македонските историчари.

По поразот на Демократската армија на Грција, Велика Британија започнала голема дипломатска офанзива да ги нормализира односите меѓу Грција и Југославија. „Во тој процес учествувале многу политичари од сите заинтересирани страни. На маса биле ставени голем број прашања и проблеми, за кои се воделе долги и непријатни дискусии. Меѓу нив било и прашањето за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како и за децата-бегалци. Во тие разговори имало уцени, отстапки и решенија донесени без знаење на заинтересираните. Тоа се однесува на Македонците, кои во таа политичка игра на „земи или остави“ немале ниту еден свој претставник, биле само неми сведоци и извршители на договореното меѓу повисоките инстанции. Повисоките државни интереси на Југославија имале приоритет пред судбината на македонското малцинство во Грција. Тие биле онаа „потребна“ жртва што придонела за нормализирање на односите меѓу Југославија и Грција“, подвлекуваат Пановска и Чепреганов.

Тоа дека Тито се откажал од грижата за Македонците во Грција во интерес на нормализирањето на односите на двете држави може да се види и од повеќе британски документи. „Југословенската Влада, истакна Тито, нема претензии спрема Грција и нема интерес да се меша во внатрешните работи на Грција... Во секој случај, тој не мисли дека би требало да е дозволи прашањето на македонското малцинство да стои на патот на обновувањето на добрите односи меѓу двете земји; ниту мисли дека прашањето на грчките деца би требало да претставува пречка. Југословенската Влада е подготвена да направи се' што може за да се реши прашањето со децата; но, тоа е многу покомплицирано отколку што се чинело на прв поглед“, стои во еден од нив.

Британците вршат постојан дипломатски притисок врз Тито и врз Едвард Кардељ, кој инаку тогаш бил министер за надворешни работи на Југославија. Тие дури инсистираат на разговорите да не присуствуваат определени личности кои биле промакедонски ориентирани. Во документите е забележан еден скандал што го предизвикале Светозар Вукмановиќ - Темпо и Владимир Дедиер. Тогашниот амбасадор на Велика Британија Чарлс Пик на 19 август 1950 година го информира Форин офисот дека се одржала средба на државниот потсекретар на Парламентот Ернес Дејвис и Едвард Кардељ, но разговорите завршила неуспешно поради присуството на Темпо и Дедиер. Преговорите биле прекината поради вечерата на која дошле и овие двајца врвни југословенски политичари. Што кажале тие во полза на македонското малцинство во Грција британскиот амбасадорот не соопштува, но затоа, пак, нивните дискусии кај Кардељ предизвикале нервоза и недоверливост.

Чарлс Пик своето мислење за Темпо и Дедиер ќе го каже во другата телеграма што ќе ја испрати истиот ден, подвлекувајќи дека бил непријатно изненаден од присуството на Темпо и Дедиер. „Во ниту еден момент не се сомневам во правото на Кардељ да избере кого било за водење на овие разговори, но сегашниот избор, искрено кажано, беше несреќен. Вукмановиќ е македонски фанатик, а се верува дека Дедиер, точно или не, е силно антибритански расположен“, ќе напише Пик.

Кардељ по скандалот ќе се правда дека не посакувал ниту Темпо ниту Дедиер да учествуваат во разговорите и дека тој ги поканил само да присуствуваат на вечерата. Истовремено, предложил да ги продолжат разговорите во Блед во интимна атмосфера.

(Продолжува)
 
Драмата на Егејците, дванаесетти дел

Паничен обид за бегство преку Преспанско Езеро

E2AE1D34E81AFB48B28624DF84B07A2A.jpg

Лефка Иванова-Ќосева (прва одлево) снимена во болница во Солун кон крајот на 1949 година заедно со уште две ранети партизанки, борци на ДАГ

Во конфузијата при повлекувањето по поразот во Граѓанската војна во Грција, Лефка Иванова, партизанка на Демократската армија, се обидуваше да го одржи чекорот со колоната борци што се повлекуваа, но почна да заостанува поради незаздравената повреда на стапалото. До изутрината таа веќе беше одвоена од нејзината единица, но сама продолжи во насока на запад кон границата, што и' беше речено дека се наоѓа во тој правец. Збунета, сама и уплашена, таа одлучи да се обиде да плива до југословенската граница, што можеше да ја види од брегот на Преспанско Езеро. Таа знаеше дека таму има семејство, двајца вујковци, браќа на нејзината мајка. Тоа беше чуден и очајнички чекор, бидејќи таа не знаеше да плива, а езерото беше многу длабоко. Додека таа влегуваше во водата, дожд куршуми од автоматско оружје од скриен непријател го пресече езерото и еден куршум ја погоди во десната рака, притоа кршејќи и' ја коската и оставајќи и' ја раката да виси бескорисно. Сфаќајќи дека може да се удави ако продолжи, таа почнала да се враќа кон брегот, очекувајќи дека ќе биде убиена. Кога излегла од водата, влечејќи ја повредената рака, еден војник од владините сили и' пришол и љубезно ја прашал дали може да се движи, на што Лефка одговорила позитивно иако не ја чувствувала раката. Љубезноста на војникот ја изненадила, бидејќи таа била учена да очекува многу строг третман од непријателот. Ова е една од подраматичните сцени од животот на младата партизанка, која денес живее во Австралија и која ќе ни ја пренесе нејзиниот син Пандо Ќосев.

Како што пишува тој, таа била упатена кон болница каде што лекар и' ги санирал раните. Во болницата открила уште неколку заробени партизанки, некои од нив ги знаела од планините. Поради сериозноста на повредите, била испратена во поголема болница во Солун. Таму минала четири месеци.

Лефка Иванова е родена во селото Крчишча, Костурско, во 1932 година, и е втората од трите ќерки на Донка и Ламбро. Нејзиното грчко име е Елефтерија Иоану, а селото се викало Полијанемон. Нејзиниот татко во 1937 година заминал на печалба во Австралија, што била вообичаена практика на припадниците од неговата генерација. Мајка и' починала млада, на 37-годишна возраст во 1947 година. По ова, за Лефка, на 15-годишна возраст, и за нејзините две сестри Олга и Алики, се грижела нивната баба. Нејзината мајка била активен член на отпорот, како што тоа бил случај и со нејзините двајца браќа за време на германската окупација и во периодот на првите години од Граѓанската војна во Грција.

Синот Пандо ни пишува дека сторијата на Лефка почнала во октомври 1947 година кога младите од селото кои имале над 18 години, и момчиња и девојки, едно доцна попладне биле собрани сите заедно и регрутирани од страна на партизаните од ДАГ. Многумина од овие млади луѓе веднаш биле доцна во ноќта повторно упатен кон планините. Меѓутоа, овој обид да се регрутираат нови војници не успеа да ја задоволи квотата на селото, и една вечер неколку недели подоцна двајца партизани го посетиле семејството додека тие се криеле со другите соселани во близина на реката за да го избегнат бомбардирањето од страна на кралските сили. Власта редовно отворала артилериски оган од Костур кон селата во областа, ако за нив се сметало дека се „нелојални“ или им нудат засолниште на силите на ДАГ.

Од селото, Лефка била однесена во штабот на ДАГ-командата на теренот, кој бил лоциран на планината Грамос, каде што се сретнала со голем број свои пријатели од селото кои биле регрутирани претходните недели и месеци. Потоа следуваат два месеца обука за герилска тактика, период кога многумина од нејзините пријатели ги молеле властите да ја вратат назад поради тоа што била многу млада и, на крајот, и' била доделена на една единица на ДАГ за активна служба. На крајот од обуката, нејзината единица била испратена на фронтот во јужните делови на Костурско. Не можејќи да ги разбере ризиците од тоа што ќе биде вклучена во пресметка со добро вооружен непријател, Лефка за кратко време се наоѓа обземена од вревата, конфузијата и ужасите на војната. Во една од нејзините први борби, кога нејзината единица организирала заседа против кралските сили, Лефка се здобила со сериозна повреда на главата од рачна граната фрлена од непријателот.

Обилно крвавејќи од раната и повремено губејќи ја свеста, таа била оддалечена од линијата на фронтот од страна на соборците и следните три месеци ги минала во тајна полска болница скриена длабоко во шумите на планината Грамос. Болницата била преполна со млади момчиња и девојки-партизани кои биле сериозно повредени и биле негувани од лекари и волонтери. Многумина биле вратени дома, но поради бројот на жртвите и недостигот од регрути, за кратко тие биле испратени на фронтот. За да спречи да и' се инфицира раната, Лефка ја избричила главата, и поради младоста и војничката униформа, честопати била заменувана за момче. Ова било причина 15-годишната девојка да доживее голем број незгоди и маки.

„Пред целосно да закрепне, таа беше назначена за стражар на еден од многуте непознати гребени на Грамос за да го следи движењето на владините сили и да го информира штабот за движењето на непријателот. Главна грижа на партизаните секогаш била можноста за голем напад врз нивната оперативна база во планината. Додека таа била на должност, една вечер нејзината позиција била набљудувана од страна на непријателот и била нападната со минофрлачки оган. Една граната паднала во непосредна близина на Лефка, каде што таа лежела за да го избегне дождот од метал, меѓутоа едно големо парче шрапнел и' ја дупна чизмата и и' ја проби ногата, уништувајќи и' го зглобот. Во овој случај, таа повторно е повлечена од линијата на фронтот, меѓутоа овој пат е испратена од другата страна на границата во Корча, Абанија, на четири месеци за да добие медицински третман за сериозно оштетеното стапало. Таа подоцна дознава дека шрапнелот сериозно и' ги оштетил нервите и делумно и' ја паразирал ногата, повреда што ја влечеше со себе се' до реконструктивната операција 40 години подоцна, направена во Австралија, која и' овозможи да се движи без болка во повреденото стапало.

FE6BBA4701807D4A92DE1BBD0ECE2817.jpg

Лефка со сопругот Грегори, синот Пандо (оддесно налево), снаата Кристина, ќерката Розмари и зетот Џорџ, снимени во Перт, Австралија, каде што живеат денес

Некаде во мај 1950 година, Лефка добива абер од својот татко да му се приклучи во Перт, Австралија. Семејството што го сочинуваа и нејзините две сестри, едната во Југославија, а другата во Полска, добило информации дека Лефка ја преживеала војната. Нејзиниот татко го планирал патувањето на трите ќерки во Австралија. Додека била во туристичка агенција во Костур, таа била набљудувана од едно 22-годишно момче кое штотуку се вратило од Атина за да ги подготви документите за апликација за пасош. По игра на случајот, и неговиот татко, исто така, бил во Перт и се обидувал да му помогне на семејството да му се приклучи. Неговото семејство потекнува од Костурскиот регион, од селото Вишини. Тој го напуштил селото во 1947 година за да му се приклучи на својот татко во Австралија, но му бил одземен пасошот. Парадоксално, тој чекал да биде регрутиран за воена служба од страна на грчките власти. Меѓутоа, кон крајот на Граѓанската војна, тој е во можност да го продолжи своето патување.

По само неколку недели од нивната прва средба, и двајцата заминале за Перт, непознато место за нив, а нивните татковци со години биле пријатели. И двајцата родители биле активни во македонската заедница уште од раниот период на формирањето на македонската населба во Западна Австралија во 20-тите и 30-тите години на минатиот век. Во мај 1953 година, Лефка Иванова се омажи за човекот што го сретна во Костур, Григори Ќосев. Тие имаат две деца и пет внучиња.

(Продолжува)
 
Искривена слика за децата-бегалци во грчки документарец


5589A13450BFB64ABA18EB674575F119.jpg

Влезот на детскиот град Свети Анастаси на кралицата Фредерика, која сосила прибрала над 25.000 деца и 4.000 од нив продала на богати Американци кои ги посвојувале


Во филмот не се споменуваат Македонците, ниту нивното масовно учество во Граѓанската војна
Виктор Цветаноски

Грција и натаму продолжува да го фалсификува македонското минато и драмата на децата-бегалци да ја претставува само како драма на Грчиња, а не и на Македончиња. Во документарниот филм, снимен по повод 60-годишнината од евакуацијата на триесетина илјади деца за време на Граѓанската војна во социјалистичките држави, не се кажува ниту збор за тоа дека грчките комунисти тогаш ја признале реалноста, дека во Егејскиот дел на Македонија живеат и Македонци, со своја посебна култура и свој македонски јазик.

Од Граѓанската војна се посочуваат само оние историски факти што се вклопуваат во познатата доктрина дека во Грција живеат само Грци, без да се спомне масовното учество на Македонците во Демократската армија во која во последните битки биле најбројни. Во овој филм, со кој се сака на светот да му се сервира искривена слика за децата-бегалци, се споменува нешто друго, дека имало обиди грчките деца да се словенизираат.

Разговорите се водат, главно, со децата-бегалци од Унгарија и со Чехословачка и нивни воспитувачи, кои се претставуваат како Грци, а еден од воспитувачите раскажува како во домот се појавил проблем кога некои почнале да се декларираат како славомакедонци и на нив им биле менувани имињата и презимињата. Се посочува како на едно дете кое, наводно, се презивало Пападопулос било прекрстено во Поповски. Во изјавите воопшто не се спомнува дека повеќето деца во детските домови биле Македончиња.

Единствената вистина што се кажува онака како што е знаеме е вистината за грчката кралица Фредерика. Според документарниот филм, таа еднакво била омразена и од комунистите и од десните сили, кои ја критикувале поради тоа што сопствената волја му ја наметнала на кралот Павлос и, практично, таа владеела со Грција. Во врска со неа, интересен е податокот дека за голема сума пари овозможила да бидат посвоени од богати Американци 4.000 деца од вкупно 25.000, колку што сосила сместила во т.н. нејзини детски градови. Едно од тие продадени деца, сега возрасен маж, кој во филмот говори само англиски јазик, бидејќи не го знае грчкиот, се жали дека многу му е жал што бил посвоен од семејство што не е од православна вера. Посвоени деца во Америка, од кои најголемиот број биле Македончиња собирани во селата каде што живеело македонското население, формирале организација за да ги бараат своите родители, но малкумина од нив ја имале таа среќа да ги пронајдат.

0BDF7484B3C6BE41B04DDB7E208C6CCC.jpg

Влезот на детскиот град Свети Анастаси
Во документарецот свое мислења изнесуваат политиколог и историчар. Политиколог смета смета дека децата биле однесени во социјалистичките држави за нивните мајки и татковци да ги држат како заложници. Според него, со одведувањето на децата, комунистите јасно им дале до знаење на родителите да не се спротивставуваат и да се борат во редовите во ДАГ, зашто нивните синови и ќерки ги држат тие во источноевропските земји. Токму поради тоа, смета тој, учеството на жените на страната на Грчката демократска армија било масовно.

За разлика од него, грчкиот историчар, главно, ги соопштува истите факти што ги изнесуваат и македонските историчари околу војната, се разбира, ако се исклучи негирањето на учеството на Македонците и постоењето на македонското малцинство во Грција. Тој изјавува дека децата биле евакуирани од комунистите за да се спасат од бомбардирањата.

Она што е вредно во овој грчки документарец се снимките преземени од друг документарен филм снимен за време на војната во егејските села, кој бил загубен и неодамна пронајден во француските архиви. Инсерти од филмот на најдобар начин ја илустрираат големата драма на Македонците, зашто е снимен во македонски села. Меѓу другото, снимени се децата како патуваат пеш кон границата на Југославија. Тие исти снимки подоцна, откако биле префрлени во социјалистичките држави, им биле прикажани на мајките во селата во Преспа, кои првпат гледале филм. Силно возбудени од тоа што ги гледаат своите деца, помислиле дека тие се тука пред нив. Ги подаваат рацете кон нив за да ги прегрнат и во еден момент сите се стрчуваат зад платното и ги бараат.

Во документарецот се прикажува и една старичка како во една селска црква копа гроб во кој подоцна погребува мало дете кое или починало или загинало при бомбардирањата. А неговата мајка, која не смеела да присуствува на погребот, стои пред портата на својата куќа и чека да се заврши погребната церемонија. Документарецот сведочи и за децата кои не знаеле каде се нивните родители. Кога ги прашувале каде се нивните татковци, велеле дека се убиени или интерниран на островите, а најчест одговор бил дека се изгубиле.
 
Драмата на Егејците, тринаесетти дел

FB74A616D6501741AB875C287BD44642.jpg

Галати Ефтимиу и Василка Шукалова - Поповска снимени во војнички униформи во 1954 година во Узбекистан


Комунистите помогнаа да го истребат македонскиот народ

Александар Поповски од Долно Котур во Граѓанската војна во Грција се вклучил со сиот младешки жар, зашто верувал дека така Македонците ќе се изборат за своите права. „Уште како дете бев воспитан од мојот дедо да ја сакам Македонија. Тој имаше четворица браќа и сите беа комити, а еден војвода”, вели Поповски, кој во партизани заминал на 17 години. Беше во составот на младинска елитна чета и учествуваше во сите поголеми битки.

„Грчките власти го уапсија татко ми во 1946 година и сакаа да го стрелаат. Избега од затвор и пребегна преку граница во Југославија. Поради тоа се нафрлија врз мене и мајка ми. Ме уапсија, ме врзаа и три дена ме мачеа за да им кажам дали имал скриено пушки. Ми се закануваа дека ќе ме стрелаат или ќе ме фрлат низ прзорец, а имав само 14 години. Во 1947 година најпрво им бев курир на партизаните, а од март 1948 година се борев со пушка в рака“, додава тој.

Учествувал и во епопејската битка на Грамос, која започнала на 17 јуни, а завршила на 21 август. „Тука, многу крв се пролеа. Имаше случаи едно исто ритче да го заземаме по пет пати. Од триесетина души на младинската чета останавме само четворица. Сите бевме Македончиња, само офицерите беа Грци. Тоа беше елитна младинска единица, која на 21 август, кога бевме заобиколени од сите страни на Грамос, го изврши пробивот преку едно ритче. Така ДАГ се повлече на планината Вич по 74-дневна борба”, раскажува тој.

На 24 септември младиот Александар бил тешко ранет. Последиците ги чувствува и денес, не слуша добро и со едното око не гледа. По лекувањето во Албанија, се вратил повторно назад и се борел во четата на Ѓорѓи Пејков, легендарен македонски борец, кој не можел да добие повисок чин од капетан затоа што бил Македонец. „Ние- Македонците имавме само ниски чинови, а високите командни места ги држеа Грците. Иако се боревме заедно со нив, тие кон нас имаа потценувачки однос. За да не' навредат често ни се обраќаа: ’Еј, вие Вулгари‘, што имаше погрдно значење.

B42129A322336F4699027A6689EE20AD.jpg


Поповски раскажува за битката за Лерин во која доживеале голема катастрофа, бидејќи некој ги предал. Непосредно пред нападот сите позиции во градот ги зазела грчката армија, така што дале околу 700 жртви. „Ние бевме 5.000, а во заседа не' пречекаа 20.000 грчки војници. Се сеќавам тој ден беше мојот 17 роденден. Ние-Македонците покажавме големи херојства. Се боревме со душа и со срце. Тогаш беше фрлена парола од генералниот секретар на КПГ, Нико Захаријадис: „На Македонците не само што ќе им дадеме автономија туку и право на самоопределување”. Сега сфаќам дека со тоа сакаа македонскиот народ да го истребат. Таа парола не' запали, сите јуришавме на непријателските позиции и гиневме”, се сеќава Поповски.


Тој ни ја раскажува и случката како бил прогласен за мртов. За него често пишувале весниците на левицата, а некои луѓе кои биле во грчката армија по секоја цена сакале да го фатат. Не можејќи да му се одмаздат, ја уапсиле мајка му и ја осудиле на 17 години затвор. Меѓутоа, по една борба во рацете на грчката војска паднала нивната документација. Негов втор братучед, кој се борел на спротивната страна, бил убеден дека Александар е убиен и со документите отишол во затворот за да ги убеди во тоа. И така мајка му била ослободена. „И таа поверувала дека сум мртов. Шест месеци давала задушница за мене. Кога се вратив од Русија по девет години не веруваше дека пред неа стои нејзиниот син. Не ме позна ни татко ми. Тогаш таа му рече дека и' пратиле некое друго дете”, раскажува Поповски.

Тој е уверен дека грчките комунисти спрема Македонците и македонската борба не биле искрени. „Додека се боревме, а и подоцна јас им верував. Но, во 1988 година кога генералниот секретар на КПГ, Флоракис, во Солун јавно изјави дека за нив македонско прашање не постои и дека тој што ќе го постави тоа прашање е непријател на грчкиот народ, дефинитивно сфатив дека ние сме биле жртвувани за други цели”.

А Александар Поповски неколку години во Ташкент со пушка в рака ги чувал првите луѓе на КПГ и генералите што се повлекле по поразот. „Таму сите бевме вооружени. Нивната парола беше: „Со пушка на готовс кога ќе не' повика татковината повторно да се бориме”, раскажува Поповски, кој во Ташкент останал 9 години, каде што се школувал во тамошната воена академија.

1DB21E1D7BDFE248BC2049D0FD464922.jpg

Александар Поповски, снимен со сестрата Катерина Караманова со која се видел по 40 години за време на посетата на Австралија со сопругата Василка

„Моето семејство беше растурено во четири држави. Мајка ми со едната сестра остана во Грција. Другата по војната ја зеде стрико ми во Австралија. Тогаш Грците на сите Македонци што сакаа да се иселат им даваа документи под услов да се потпишат дека нема да се врат. Татко ми со најмалата сестра беше во Лесковац. Подоцна мајка ми и татко ми се пронајдоа и во 1954 година дојдоа во Македонија и се населија во Бистрица. Едната сестра живее во Белград. Подоцна и помалата сестра замина во Австралија. Јас по 40 години, во 1988 година, се сретнав со најстарата Катерина. Ме покани на свадба. Таа средба колку што беше радосна, толку беше тажна. Тогаш стиснав срце, не заплакав, но кога дома ја гледав лентата од средбата, плачев како дете“, со нескриени емоции се сеќава Поповски, кој долги години беше на чело на Здружението на Егејците во Битола и ги организираше познатите средби во Трново.

И Василка, неговата сопруга, била партизанка и верувала во борбата што ја воделе. Тешко и' е да зборува за тие години, зашто при секој разговор вели како да фрла сол врз отворена рана. „Бев партизанка на 16 години, два пати ме ранија. Јас сум од Граче, Костурско. И татко ми, и брат ми, и чичко ми беа партизани. Бевме две сестра и тројца браќа. Двајцата помали браќа и сестра ми ги одведоа преку граница заедно со сите деца. Дома останавме само јас и мајка ми. Подоцна не' префрлија во Албанија во еден логор. Тогаш дојдоа комунистите и ни предложија да одиме во партизани. Сите што имавме 16 години се пријавивме доброволно. Јас немав ни толку, но се пријавив. Мајка ми ме запираше, но не ја послушав. Сите учествувавме во борбите на Грамос. Херојски се боревме со денови, ни јадени ни пиени, но издржувавме се' зашто верувавме во победата“, раскажува Василка, која двапати била ранета и лекувана во Албанија.


По последното ранување во болницата во Елбасан ја испратиле да се школува во СССР. „Така и се случи, на 15 октомври 1949 година со товарни бродови илегално заминавме за Советскиот Сојуз. Ни бевме сместени на долните катови, а горе имаше натоварено пченица и пченка. Тоа беше многу мачно патување. Во Црно Море фати големо невреме, многумина се разболеа од морска болест. Во Батуми не' пречекаа со казани со храна. Тогаш се избањавме и пресоблековме. Не' однесоа и во кино“, се сеќава Василка.

Откако се одмориле, ги качиле на воз и низ неколку пустини ги однеле во Средна Азија. Оттаму преку Касписко Море стасале на последната станица, Бековац, во Узбекистан. „Продолживме да живееме војнички. Јас не знаев каде се моите најблиски, ниту пак тие знаеја за мене. Единствено знаев дека татко ми е во Југославија. Дури во 1953 година го добив неговото прво писмо. Подоцна преку Црвен крст разбрав дека двајцата браќа и сестра ми се во дом во Чехословачка, а мајка ми и стрина ми во Унгарија. Најстариот брат Ѓорѓи, кого го видов само еднаш, загинал. Гробот не му го знаеме. Со години не бевме сигурни дека е мртов, зашто никој не ни даде некаков документ за неговата смрт. Долго време се надевавме дека е жив. Растурени по светот, се собравме по 10 години во Македонија“, раскажува Василка.

Ја прашуваме дали со Александар се засакале додека биле партизани. „Не, вели, тогаш бевме деца“. Нивната љубов се родила во Бековац. Не се согласувала да се омажи, зашто сакала да учи. Се запишала на Музичка академија, ама Александар бил упорен. Таму им се родила и ќерката, ја крстиле Мирка, по името на народната херојка Мирка Гинова.

(Продолжува)
 
Da ne znae nekoj nesto za sredbata vo sabota? Na pr. vo kolku casot ke bide
 
Znam deka ke ima i vo petok, ama jas sakam da odam vo sabota.
BTW Celiot nastan li ke bide vo Boris Trajkovski?
 
Драмата на Егејците (24)
05B160F5E55024429C82C8E8CDEA5393.jpg

Македонски жени снимени за време на Граѓнската војна по евакуацијата на нивните деца




Белград глув на реакциите од Скопје

Тито и тогашниот министер за надворешни работи на Југославија Едвард Кардељ, според британските дипломати, покажувале прекумерно почитување спрема тогашните македонски раководители кои имале поинакво мислење од официјален Белград во однос на македонското прашање во Грција. Тие во почетокот биле против ставот да се премолчи тоа за време на разговорите за нормализирање на југословенско-грчките односи, но подоцна молчешкум се согласиле.

Британскиот амбасадор во Белград Чарлс Пик, кој бил еден од клучните дипломати на Лондон и кој постојано притискал врз Тито и Кардељ да се откажат од Македонците во Егејска Македонија во интерес на подобри односи со Атина, првичните реакции на македонското раководство ќе го нарече „нов бран шовинизам од страна на македонските комунисти“. Во британските документи посебно е забележана реакцијата на Лазар Мојсов по една изјава на Едвард Кардељ откако министерот за надворешни работи решавањето на прашањето за македонското малцинство го определил како споредно, Мојсов ќе изјави дека македонскиот народ не може мирно да го следи зачудувачкиот начин на задушување на основните човекови права на македонското национално малцинство во Грција и политиката на денационализацијата и протерувањето на Македонците.



„Односот на грчката влада спрема македонското малцинство ќе биде еден базичен критериум од кој ќе се оценува искреноста на изјавите на владата на Пластирас. Владата на Пластирас ќе ја покаже својата желба за нормализирање на односите со Југославија ако стави крај на бруталната и варварска политика што ја ’спроведуваа’ претходните власти кон македонското малцинство; ако ги ослободи од затворите и логорите, без резерва сите Македонци и десетината илјади депортирани Македонци од ’островите на смртта’ и ако ги признае основните малцински права на Македонците во Егејска Македонија, така што тие би можеле да го употребуваат својот сопствен јазик, да имаат училишта на свој јазик, што претставува минимална гаранција за националните малцинства во сите цивилизирани држави“, ќе изјави Мојсов.

За жртвувањето на Македонците од страна на тогашниот југословенски државен врв во интерес на подобрувањето на односите со Грција, Лазар Колишевски, инаку клучната македонска фигура во тие години, вели: „Требаше уште тогаш, во 1948 година, категорично да го поставиме решавањето на македонското прашање, но, место тоа, тоа прашање пак го одложивме во недоглед, бидејќи во тоа време се поставуваше прашањето на одбраната на независноста и придобивките на земјата во целост“.

Тој подвлекува дека оттогаш тие во Македонија се нашле во деликатна ситуација како да ги објаснат новонастанатите моменти. „Поради активностите на Информбирото и опасностите на границата, пак, сите расправи за тоа ги одложивме за ’подобри времиња’, и така се' до 1955 година, до нормализирањето на односите на Југославија со Советскиот Сојуз и доаѓањето на Хрушчов во Белград“, изјавува тој во книгата на Драган Кљаиќ „Времето на Колишевски“. Истовремено, истакнува дека на еден партиски форум на комунистите ја нападнал југословенската власт за индиферентиот однос спрема македонското малцинство во Грција и јавно рекол дека постојано се прашувале што ќе речат Грците, но никогаш што ќе рече македонскиот народ, што ќе речат Македонците?

„И така, благодарение на нашите највнимателни ставови, за да не ги заматиме добрите и пријателски меѓусоседски односи со Грција, го толериравме она што инаку една достоинствена земја никогаш не би го толерирала“, признава Лазар Колишевски дека тогашната југословенска власт не застанала во одбрана на Македонците во Грција.

F4AC50BC096CB943B6BB03203B54550D.jpg

„Благодарение на нашите највнимателни ставови, за да не ги заматиме добрите и пријателски меѓусоседски односи со Грција, го толериравме она што, инаку, една достоинствена земја никогаш не би го толерирала“, ќе изјави Лазар Колишевски

Меѓутоа, и покрај повремените реакции на некои македонски претставници, југословенскиот политички врв ќе продолжи и натаму да го игнорира нивното мислење, а прашањето за македонското национално малцинство во Грција привремено ќе го остави понастрана, без притоа да дозволи тоа комплетно да згасне. „Југословените не бараат територијални промени, но сметаат дека на македонското малцинство во Грција треба да му бидат дадени малцински права, исто како што Југословените им ги имаат дадено на нивните малцинства во Југославија. Тие, исто така, сметаат дека македонското малцинство не треба да биде прогонувано“, стои во телеграмата на британската амбасада во Белград до Форин офисот од 9 ноември 1950 година.

Во преписките што ќе ги водат тогаш британските дипломати, особено ќе предупредуваат да не се употребува зборот македонско малцинство во разговорите со Грците, иако тие во своите документи без никакви огради признаваат дека Македонците се посебен национален идентитет. „Сите овие грчки Македонци зборуваат на јазик кој е лесен и разбирлив за овдешниот народ, но изгледа има многубројни сосема јасни разлики со бугарскиот (особено што овој е многу помузикален од тој јазик). Најинтересно е можеби тоа што сите тие се покажаа писмени (дури и старите жени од најмалите села), но само на македонски“, ќе напише Хилари Кинг, британски конзул во Скопје до амбасадата во Белград по повеќето средби што ќе ги има со македонските бегалци од Егејска Македонија, кои кај него барале визи за Австралија.

„Не постои сомневање дека овие луѓе се сметаат себеси за Македонци и грчкиот го сметаат како странски јазик. Понекогаш тие дури имаат тешкотии во изговарањето на нивните официјални грчки лични имиња и имињата на нивните села“, ќе констатира британскиот конзул. Кинг во писмото до претпоставените во Белград наведува дека бил информиран од Атина дека грчката влада одбивала да дава пасоши на секој Македонец од Грција. „Не знам дали е вистина ова, но ако е така, грчката влада веројатно не треба да очекува егејските Македонци да бидат лојални граѓани на Грција“, констатира тој.



Британците сметаат дека била важна работа југословенскиот и грчкиот печат да ги избегнат меѓусебните навреди и дека двете влади не би требало непотребно да се навредуваат за она што ќе се појави во печатот. Тие бараат печатот на двете страни да се држи под контрола, „а пред се' пишувањето на малотиражниот весник во Скопје“ (се мисли на весникот „Нова Македонија“ н.з) и дека не треба да се обрнува премногу внимание на локалните македонски медиуми, а не требало и премногу сериозно да ги сфаќаат Грците.

„Верувам дека Тито ја зборува вистината кога ми кажува, како што има направено во повеќе пригоди, дека е многу тешко за него да го замолчи локалниот македонски печат. Според него, Македонија била најуспешна од сите други федеративни републики и мислам дека таа има најсилно комунистичко малцинство од која било друга. Навистина, ако некој патува по земјата, само во Македонија, општо зборувајќи, ќе сретне пофалби за режимот. За ова, покрај другите работи, Тито ги цени Македонците и им угодува на нивните каприци и слабости. Не се сомневам дека македонските лидери од своја страна ги ставаат во преден план своите заслуги и бараат колку што може за нивната лојалност. Постои и друга работи поради која Тито не се осмелува да преземе каква било акција која на Бугарите би им дала изговор да кажат дека тој ја напуштил борбата за Македонија и дека тие се оставени да бидат нивни бранители“, ќе напише британскиот амбасадор во Белград до својот колега во Атина.
 
Дванаестти март илјада девестотини четириесет и деветата

12 март 1949 година
Деница дени зора пука
Петли пеат гласови се слушат
На сред село се збираат
За деца кошови се спремаат
На коњи се товараат
Животите да ги спасат
Деца од мајки се делат
Со домови простуваат
Од своето село Бапчор се одвојуваат
Карван тргна за не познат крај
Плачат мајки и баби
Плачат гори и Вичо планина
Збогум наши соколи
Кои мајки ќе ве сретнат
Во ново руво да ве напроменат.
------------
 
Да знаат сите дека првите напалм бомби паднаа на Вичо планина каде ги изгореа луѓето..

Во таа војна Македонците се бореа и против Грци и против Британци..
 
Од планини ветер дува
до корење гранки свива,
по полето лисја бегаат
како сирак од селото

Зошто плачеш дни и ноќи
секој петок и сабота?
Кажи мајко,ништо не кри
татковината наша каде е?

Имавме ли како сите -
Овци,ниви,покуќнина
браќа мили каде умреа
кој отаму не пропуди?

Срам ли беше да се живи
или ропство ги умртви?
Имавме ли ние роднини,
туѓ сум тука на сите!

Спиј ми, спиј ми, машко дете
не ми буди спомените,
ни за куќа ни за браќа
кога ќе пораснеш ќе дознаеш.
Кај си роден,како си доен
кој го одроди здивот од градите...
 
Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

целиот текст:
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/277/103450714

Издвоени делови:
Од писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробени од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, која веднаш,таа 1913 година, била донесена во Државниот архив во Софија.

По заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силувавме сите млади момички што ги фативме, - пишува еден од војниицте на кралот. Друг пишува: Со радост ги палиме словофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Во писмото на трет војник пишува дека селата во кои нема Грци ги гориме до темел за да не може одново да никне таа гнасна славофонска раса. Еден од војниците пишува дека ги наоѓале селаните скриени по разни места: Секојдневно наоѓаме мнозина од нив и ги убиваме. Во писмото број седум пишува: Таква е наредбата - да ги палиме селата, да ги убиваме младите. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: Ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен.

Така еден од војниците со своето писмо вели дека ,,од 1200 заробеници, кои ги заробивме кај Нигрита, не останаа повеќе од 41 во затворот,, а друг ладниокрвано ќе напише дека ,,во селото Броди фативме пет славофони со една мома од Сер; ги затворивме во една визба. Девојката ја убивме без мачење, а мажите многу ги мачевме, живи им ги извадивме очите“.


Моја забелешка:

Мамичето мамино да им го изонадам на сите неписмени политичари, научници, историчари, експерти по меѓународно право кои не тераат да преговараме со овие кољачи за нашето име.
Нели по секое нормално право Грција прво треба да сноси последици за овие злодела кои ги направила према Македонското население.
Изгорените градови и села и денеска се сведок во Беломорска Македонија за овој геноцид.

Кралот денеска ви е ЕУ, НАТО, Ватикан.
 
Мамичето мамино да им го изонадам на сите неписмени политичари, научници, историчари, експерти по меѓународно право кои не тераат да преговараме со овие кољачи за нашето име.
Нели по секое нормално право Грција прво треба да сноси последици за овие злодела кои ги направила према Македонското население.
Изгорените градови и села и денеска се сведок во Беломорска Македонија за овој геноцид.

Кралот денеска ви е ЕУ, НАТО, Ватикан.

И јас се придружувам кон „честитките“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom