Судот во американскиот округ Кент, во сојузната држава Мичиген, осуди на казна затвор едно петнаесетгодишно момче кое со пријателот провалиле во куќа и брутално со чекан го убил кучето што ја спречувало кражбата.
Петнаесетгодишниот Џонатан Кастелан заедно со својот пријател во мај годинава провалил во куќата на семејството Сото во градот Кентвуд.
Откако го скршиле прозорецот и влегле во семејната куќа, јазавичарот Пинто почнал да лае и да скока по нив. Суровото момче го удрило кучето со чекан по главата и го фрлило на кревет по што го покрило со ќебе за да не мора да го гледа.
Мајката на Џонатан се жалела и барала од судијата низ солзи да и го пушти синот, но американските закони кои ја регулираат заштитата на животните се многу строги. Особено строго се казнува бесчувствителното и брутално убивање на животните.
Eve vi i link: http://www.tocka.com.mk/index14.php?ID=18931

Баш фина казна... 20 години да ги преживее во затвор, а некои силувачи и манијакални убијци на луѓе се извлекуваат на лудило или никогаш нема да одлежат ни малку од казната, ниту па некогаш ќе ги стигне правдата. Како и да е, казнава е престрога па макар и да го разнел кучето (не викам дека подржувам убивање на животни!) но сепак 20 години... малку... премногу се за така млад човек.