Кој го победи фашизмот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку германија увезуваше челик од Шведска не од Русија.

Не е само челикот во прашање, туку и воената опрема и снабдувањето со нафта. Сето тоа е договорено со договорот Рибентроп-Молотов. Освен за ненапаѓање договорот послужил и како основа за широкоразвиена трговија, од која најмногу исползувале Германците.

Исто и тоа, но иако америте имаа големи загуби кај Нормандија, после тоа се зголеми нивниот ангажман во Европската војна, а кога тие нешто ќе наумат секогаш го остваруваат без оглед на последиците. Го сватив тоа. Од нив се предизвикани 90% од војните во 20=тиот век.

Епа фала богу, САД влегле со јасна цел во војната: помош за Европа, за потоа да си ја направат своја колонија Западна Европа и да си делат педесет-педесет со Русите. Многу мудро и тактички одиграно.
 
Се согласувам. Никој не прави нешто за џабе. Поготово не САД. Не е ни тоа накаква тајна. Се сомнавам дека сеуште сите држави од Западна Европа, се некој вид протекторати на САД и за сите одлуки кои ги носат мора да бидат консултирани САД. Исто и со истокот кај Русите.
 
Не е само челикот во прашање, туку и воената опрема и снабдувањето со нафта. Сето тоа е договорено со договорот Рибентроп-Молотов. Освен за ненапаѓање договорот послужил и како основа за широкоразвиена трговија, од која најмногу исползувале Германците.



Епа фала богу, САД влегле со јасна цел во војната: помош за Европа, за потоа да си ја направат своја колонија Западна Европа и да си делат педесет-педесет со Русите. Многу мудро и тактички одиграно.

Јапонија ја нападна Америка. Пред тоа Америка не беше влезена во војна.
Америка не и објави војна на Германија, туку Германија и објави војна на Америка. Значи какво тактичко (не е точен називот треба да речиш стратегиско за такви размери на операции) одигрување кога друг те напаѓа и друг ти објавува војна ?!?!

Нафта за германија (пред напад на СССР) идеше од Аруба преку Шпанија, од Романија (најповеќе), од Унгарија и дел од германски и австриски наоѓалишта кои беа со послаб квалитет а после произведуваа и синтетичко гориво.
 
Инаку германија увезуваше челик од Шведска не од Русија.
Во склучениот договор Рибентроп-Молотов имаше и одредница со која Русија и праќаше на Германија разни суровини(меѓу нив и челик).
Иначе Германската армија беше надмоќна врз руската во секој поглед.Природата ја порази Германија,не Русите.Правилно си планирал Хитлер да ја освои Русија пред да дојде зимата,ама бунтот во Југославија и Грција му ги помести плановите за неколку месеци.
 
Јапонија ја нападна Америка. Пред тоа Америка не беше влезена во војна.
Америка не и објави војна на Германија, туку Германија и објави војна на Америка. Значи какво тактичко (не е точен називот треба да речиш стратегиско за такви размери на операции) одигрување кога друг те напаѓа и друг ти објавува војна ?!?!

Америка едвај чекаше да влезе во војна,затоа и ги оставија да изгинат тие од Перл Харбор,си остварија многу зацртани цели и оваа војна им одговараше и тоа како,пошто нели -не се водеше на нивна територија- ,пред војната беа ко 13-то прасе во меѓународната политика и нивното влијание не беше нешто посебно.Колку само добија после падот на 3-от рајх и која контрола ја имаа низ Европа потоа.
 
1. Јапонија ја нападна Америка. Пред тоа Америка не беше влезена во војна.
Америка не и објави војна на Германија, туку Германија и објави војна на Америка. Значи какво тактичко (не е точен називот треба да речиш стратегиско за такви размери на операции) одигрување кога друг те напаѓа и друг ти објавува војна ?!?!

2. Нафта за германија (пред напад на СССР) идеше од Аруба преку Шпанија, од Романија (најповеќе), од Унгарија и дел од германски и австриски наоѓалишта кои беа со послаб квалитет а после произведуваа и синтетичко гориво.

1. Односите меѓу Јапонија и САД не биле розови и пред нападот. САД го знаеле тајмингот ама не биле сигурни во идејата дека Јапонците можат да ги нападнат. Ако САД сакаше брза и ефективна пресметка ќе го решеше тоа со Јапонија и точка.
Тие се решија за помош на Западна Европа, со тоа и рушење на Германскиот Рајх. Потоа знаеме што бидна, Маршалов план, обнова и зависност на западноевропските држави од САД. Формирање на НАТО.

2. И што е поентата? Германија профитираше од руската спогодба многу повеќе, а потоа со истите тие средства ги нападнаа. Британското пристаниште и материјали се блокирани, Русија нуди алтернатива во Базис Норд, близу Мурманск.
Во првата година од договорот, Германците добиваат: 1 милион тони жито, 500.000 тони пченица, 900.000 тони нафта, 100.000 тони памук, 500.000 тони фосфат како и незапирање на транзитот од 1 милион тони соја од Манџурија (кој минувал низ руска територија).


Мислам дека бројките говорат колку Германците добиле од тој договор и како тоа го искористиле.
 
Само не знам зошто се слави 9-мај(1945) како ден кога се победил фашизмот,кога фашистичкиот диктатор Франко со Шпанија владеел до 1967 ако не се лажам.:toe:
 
Само не знам зошто се слави 9-мај(1945) како ден кога се победил фашизмот,кога фашистичкиот диктатор Франко со Шпанија владеел до 1967 ако не се лажам.:toe:

Општоприфатена е теоријата дека се победил фашизмот, а не нацизмот, две навидим слични, но сепак различни доктрини.
На пример, фашизмот на Мусолини никаде не вклучува расизам!
 
With all due respect, офтопик и нонсенс. Да, тие тераат комунизам (не сум сигурен дали е баш комунизам) но Кинезите не го победија фашизмот во никаква смисла.
 
Општоприфатена е теоријата дека се победил фашизмот, а не нацизмот, две навидим слични, но сепак различни доктрини.
На пример, фашизмот на Мусолини никаде не вклучува расизам!
Фашизам во Италија.Нацизам во Германија.Идеологијата им е иста,можда се разликуваат во нијанси.
 
^и капитализам е исто - минус убиство
 
Фашизам во Италија.Нацизам во Германија.Идеологијата им е иста,можда се разликуваат во нијанси.

Да де, знам што каде е, само што народов ги поистоветува.
Инаку тие "нијанси" биле радикално изразени (разизмот е основа на нацизмот!) пред договорот за пријателство меѓу Мусолини и Хитлер.
 
Мусолини бил слаб владетел, а неговиот фашизам некорисна марионета во рацете на Хитлер при војната. Од друга страна национал-социјализмот во Германија се покажал јак систем на управување, произведување и организација. Тука се разликуваат. Инаку се согласувам, идеологијата во основа им е иста, погибелна. Нивната пропаст е чисто политичка на големата сцена. Видете ја оваа ароганција:

Затоа:


Не можам да сфатам кој е позлобен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom