Оф леле xD И ти мислиш дека се понашаме како 25 годишни, пошто носиме пудра којашто може човек со гребло да ја гребе од нас?

Ти се чудам на паметов, стварно.
И те молам, преку глава ми е од луѓе кои поминале низ истите работи низ кои поминал секој човек, а зборуваат за тоа како да се напатени до даске. Од вакви луѓе ми се повраќа.
Сте правеле огромни грешки и самата велиш. Ама родителите ве млателе поштено, за да ви дојде памет. И сега вие исфрустрирана генерација пошто вашите ве млателе мислите дека тоа е правилно и дека грешките што ги прават овие деца само со ќотек можат да се искоренат.
Ако некој пробал цигара или спиел со некој на 15 или пробал марихуана, не значи дека пораснал. Некој може и у вена да се пука (highest level of deliquency, нали, нешто што не треба ни 25 годишни да го прават, па неголи 15), па пак нема да биде тоа доказ дека пораснал и се изживеал во животот. АМА, пошто на тие што имаат 15 години СЕ им е дозволено (а они имаат памет на 15, не на 25 годишен човек, како што сакаат да прикажат) го искористуваат тоа и мислат дека ако пробаат цигара ќе изгледаат повозрасно, ако облечат минич, ќе изгледаат повозрасно итн.
Сето ова не е резултат на нашата (не)интелигенција, туку резултат на примерот што ни го оставаат родителите и останатите луѓе со кои сме опкружени.
А да не зборам па за ќотекот, дека е нешто нај спротивно на тоа детето да созрее и да сфати дека ако проба цигара нема да изгледа повозрасно. Децата се воспитуваат со и со постепено терање на размислување за одредени теми. Со таквите разговори му се крева свеста на едно дете и тоа дури и да има 15, може да има развиена свест како еден 25 годишен човек.
И да се дојаснам, тоа не се разговори од типот „Јас на твои години вака, онака, па после си трпев последици“, тоа колку што може да го натера детето да проба нешто во животот што досега не го пробало и да си докаже на себеси дека „не е толку глупо како *човекот кој му ја раскажувал приказната*“, мислам дека ништо повеќе не може. Треба да се тераат децата да размислуваат.
Сакаш да изгледаш како повозрасен. Зошто? Така мислиш дека ќе те ценат останатите? Зошто сакаш да те ценат останатите? Зошто ти е тоа толку битно? итн.
My point is, повеќето родители размислуваат како тебе и не се компетентни да бидат родители. Не знаат на правилен начин да ги воспитаат децата и да создадат од нив силни личности.