Архитектонски журнал

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
18.06.2008



Во организација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија. гостин во Р. Македонија во период од 15-21 Јуни, 2008. ќе биде Деканот на факултетот за пејзажна архитектура и планирање , проф. Фредерик Штајнер од универзитетот Остин во Тексас, САД ,кој покрај другите активности ќе одржи предавање на на Архитектонскиот Факултет во Скопје во четврток, 19 Јуни во 10:30 до 12:00 часот.
превземи програма
Професорот Фредерик Штајнер, Декан на факултетот за пејзажна архитектура и планирање од универзитетот Остин во Тексас, САД, ќе биде гостин во Р. Македонија во период од 15-21 Јуни, 2008. За време на својот престој проф. Штајнер ќе оджи серија предавања, презентации и индивидуални консултации на различни теми од областа просторно планирање и планирање на животната средина, урбани предели, теорија и пракса на пејзажната архитектура во САД, проценка на земјиштето и анализа на подобност во еколошкото планирање (планирање на животната средина).

Професор Штајнер има богата професионална кариера. Неговите истражувања се насочени кон разновидни прашања од областа на развојот и животната средина како на ниво на урбано така и на ниво на просторно планирање. Тој има објавено неколку книги: The Living Landscape (1991, 2002); Soil Conservation in the United States (with John Hopkins, 1990); A Decade with LESA: The Evolution of Land Evaluation and Site Assessment (with James Pease and Robert Cou, 1994); Ecological Design and Planning (with Georg Thompson, John Wiley and 1990); Human Ecology” Following Nature’s Lead (2002). Професор Штајнер држи предавања од областа на проценки на животната средина, анализа на пределите, и теоријата на пејзажната архитектура.

Предавања и средби ќе се одржат на Факутетот за земјоделски науки и храна, на Архитектонскиот факултет, во Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, во Американските катчиња во Битола, Скопје и Тетово како и во канцелариите на Националниот парк Пелистер во Битола и Националниот парк Галичица во Охрид.

Извор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom