Македонска археологија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ако се пронајде вреден антиквитет, може да се продаде во македонија, се мисли на музеите, т.е дали државата дава пари за тоа?
Да, музејот во кој би го однел има право да го отцени на одредена вредност и да ти го откупи.Меѓутоа треба да објасниш и да ги убедиш дека си го пронашол случајно, па по можност ке треба да ги носиш и на местото каде што си го пронашол наодот. Ти да не најде нешто?
 
Да, музејот во кој би го однел има право да го отцени на одредена вредност и да ти го откупи.Меѓутоа треба да објасниш и да ги убедиш дека си го пронашол случајно, па по можност ке треба да ги носиш и на местото каде што си го пронашол наодот. Ти да не најде нешто?

Значи самото носење таму во музеј е ставање јаже околу гуша.
Кога правевме куќа копавме низ дворот и најдов нешто интересно, не е битно што, па сакам да го оставам во музејот но и да добијам пари. Бугарски колекционери се засегнаа за истото и почнаа да нудат ненормално добри пари за само да го имаат. Од една страна сакам да земам пари, а од друга страна не ми се дава на бугарите.
 
Значи самото носење таму во музеј е ставање јаже околу гуша.
Кога правевме куќа копавме низ дворот и најдов нешто интересно, не е битно што, па сакам да го оставам во музејот но и да добијам пари. Бугарски колекционери се засегнаа за истото и почнаа да нудат ненормално добри пари за само да го имаат. Од една страна сакам да земам пари, а од друга страна не ми се дава на бугарите.

Најверојатно ќе ти дадат вреќа брашно :)
Од друга страна пак да го дадеш на татарлаана и гејлињата е уште поголем грев. Чувај го дури не се средат работите кај нас.
 
Најверојатно ќе ти дадат вреќа брашно :)
Од друга страна пак да го дадеш на татарлаана и гејлињата е уште поголем грев. Чувај го дури не се средат работите кај нас.

Не бе што зборуваш не го давам еве и грци ми пишале емаил, само не го давам. Утре кога ќе отвори музејот го носам таму, и ќе ви го кажам најсмешниот виц.А тоа ќе биде сумата која ќе ми ја понудат за нештово.
Само за информација, достигна цена од 400 евра.Мислам дека е старословенски период, заради тоа што бугарите навистина многу се запалија за ова..
 
Доколку ти треба помош за контакт, совет или слични искуства кое ќе резултира со предавање на предметот во соодветните институции, со намера да стане дел од македонското археолошко наследство и следователно би нашло место на нашата тема тогаш слободно дискутирај за таа цел.

Но, овој форум ниту е аукција, ниту пак индиректно ќе помага нелегална продажба преку рекламирање и манипулирање со вредни археолошки предмети.

Мојот совет е што поскоро да контактираш некој историски завод, музеј или други слични институции, од кои ќе побараш потврда за врачување на предметот со потпис и печат.

Твоето мислење е архивизирано и твоите податоци ќе бидат на увид на надлежните институции доколку ги побараат, според законот, затоа размисли подобро што пишуваш на форумов.
 
де мајку му, па чим татарчињава и гејчињава ти нуделе толку пари, сигурно си го ставил на нет, слика мислам, па штом виделе тие, оти да не видиме и ние за што станува збор?
 
Го ставив на нет, за ПРОЦЕНКА, не за продавање, имам напоменато не сакам да иде надвор од македонија. Го однесов во музеј, каде 2 дена отстое, и не ми се јавија иако ветија дека ќе се јават.Денес е сабота и не го зедов, в понеделник идам да го подигнам предметот.
Им се јавив вчера, им напоменав за тоа и после долго мислење, се сетија на мене, и рекоја дека на тој што сум му го предал ги однел дома, и од него да ги барам а не од музејот, иако претходно напоменаја дека ова е институција и што ќе оставам не ми гине.
Далје, се јавив на вториот број, каде веднаш се сети службеничката на ексопнатот што го однесов и потенцираше дека бил тотално безвреден и дека ако сум сакал сум можел да го донирам за во музеј каде немало никакво слично на него. Не се нафатив, реков дека ќе го подигнам ексопнатот и сеуште немам појдено. Понатака, незнам што ќе биде, но се надевам, нема селската да ја опнат, да речат дека го изгубиле или пак, не знаат каде се наоѓа, затоа што станува збор за туѓа сопственост.

Еве слика од ескопнатот, кој сака нека го протумачи, досега откривме оти е печат,користен во старо време, според писмото кое го има на него:

prileprxr.jpg


prilepzfz.jpg
 
АРХЕОЛОШКИ истражувања во истоЧна македониЈа
Откриени древни населби во Штипско-радовишко


09BD37A76DF0ED46B663919F7FF024E1.jpg


Археолозите на локалитетот Плоча го потврдија постоењето на утврдена населба, на Пилав Тепе е пронајден материјал кој можеби потекнува од градот Астраион, а во Боров Дол се очекува потврда за постоење повеќе рударски населби
На тромеѓата меѓу општините Штип, Конче и Радовиш имало живот и повеќе населби со векови, почнувајќи од неолитот, околу 5.000 години пред новата ера, потоа македонскиот период, хеленизмот, доцната антика, раниот среден век, а можеби таму се наоѓал и значајниот град Астраион. Археолозите годинава почнаа да вршат заштитни археолошки истражувања. Во јуни и во јули беа спроведени на археолошкиот локалитет Плоча, а деновиве почнаа и во Боров Дол.

Најинтересното на крај

На археолошкиот локалитет Плоча, кај штипското село Брест, е потврдено постоењето на средновековна утврдена населба, хронолошки лоцирана во периодот од 12 до 14 век, која зафаќа површина помеѓу два и три хектари. Двомесечните ископувања претежно биле лоцирани на акрополниот дел и на одбранбениот ѕид. Во последната фаза од истражувањето археолозите од штипскиот Завод и музеј откриле дел од просторија, вкопана 60 до 70 сантиметри во карпа, фрагменти од плитар - слама, кал и прачки, со кои тогаш се градело, а покривот веројатно бил од трска.

Во просторијата биле пронајдени печка за храна изградена од плитар, копје, метално ноже, керамички садови и керамички пршлени. Археолозите велат дека тоа било кујна на куќата или економија на станбениот дел од населбата.

- И на ова, како и на речиси секое друго археолошко ископување, најинтересното дојде на крајот. За жал, се работи за заштитно истражување, со ограничени средства, па не продолживме. Ќе конкурираме за средства до Министерството за култура за следната година. Па веруваме дека тогаш ќе продолжи истражувањето на Плоча. Бедемот има големи оштетувања од ерозијата. И тој припаѓа на типот на средновековните утврдувања од тој период, како Исарот кај Штип, Цареви Кули кај Струмица, Маркови Кули кај Прилеп - вели археологот Трајче Нацев.

Заштитно истражување на Пилав Тепе

Заштитно археолошко истражување се очекува да има и за локалитетот Пилав Тепе, кој е на околу 500 метри од Плоча, покрај патот Штип - Радовиш, а кон крајот на минатата година бил оштетен од сопственикот на парцелата, кој со градежна механизација го порамнувал теренот. Работите беа прекинати по налог на градежната инспекција, а на терен излегоа археолози од штипскиот Завод и музеј. Потоа, увид извршила и Управата за заштита на културното наследство.

На теренот биле пронајдени керамички садови, керамички тегови, еден целосно зачуван и неколку фрагменти од питуси, а се гледале и остатоци од ѕидови.

- Управата направи записник, па очекуваме да има заштитно истражување и на Пилав Тепе, локалитет на кој има и неолитска населба. Можеби на Пилав Тепе се наоѓа и многу значајниот град Астраион, кој временски се лоцира од 4 до 2 век пр.н.е. И сега откриениот движен материјал, според првичните сознанија, потекнува од тој период. Но на тој простор има културни хоризонти и имало живот и со векови подоцна - истакнува Нацев.

Во Боров Дол заштитното ископување почна деновиве, а археолозите од Штип, заедно со нивни колеги од други градови, истражуваат три археолошки локалитети - Врчва, Камено и Падарница.

Според досегашните сознанија и наоди на теренот, локалитетот Врчва веројатно потекнува од доцната антика, во кој живот можеби имало до раниот среден век.

Во Падарница, пак, била пронајдена згура, па се очекува сега да бидат најдени и печки за топење руда.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C777B97E9B99494AB756CB16FE3AAFE9
 
МВР пронајде и одзеде делови од свечена погребна ритуална кочија од 2.век п.н.е

...

Мерки на кривичен прогон беа преземени против 29 лица, а од страна на истражен судија на 23 лица им беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...na-ritualna-kochija-od-2vek-pne?quicktabs_3=1

сите нека ги испозатворат... диви копачишта
 
Состанок за превенција од нелегална трговија со културни добра

Со заеднички сили земјите од Балканот да спречат нелегална трговија со артефакти.

УНЕСКО на македонските власти им даде препорака- како да го зачуваат културното наследство.
- Се работи за меѓународен проблем кој не познава граници и дека двигатели на таа појава се, бескрупулозни собирачи -колекционери на културни добра. Затоа, потребен ни е одговор против оваа појава на меѓународно ниво. Треба да се зајакне меѓународната соработка, да се продлабочи и зголеми размената на информaции меѓу нашите институции и да се зголеми свеста во нашите општества за значењето на културното наследство, рече Кристофер Базил, Федерално министерство за образование од Австрија.
Акцијата Фаланга која минатата година ја спроведе Македонската полиција е успешен пример за спречување на еден од најголемите канализ а трговија со културно наследство, велат и странските и домашните експерти.
- Исправени сме пред исклучително тешка задача, зашто, за жал, трговијата со артефакти и културни добра е добро исплатлив бизнис на криминалните кругови. Свесни сме дека сами не сме во можност да и застанеме на пат на оваа појава и дека за поголем успех ни е потребна засилена соработка и координација на меѓународно и на национално ниво со релевантните фактори, рече Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Во 2010 година конфискувани над 3.000 монети од различни историски периоди, повеќе од 20 фигури изработени од камен, бронза, бакар и мермер, над 160 парчиња накит, повеќе од 10 икони, сите наменети за црниот пазар на артефакти.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...ncija-od-nelegalna-trgovija-so-kulturni-dobra



 
Артефактот „Кратерот“ од Корешница ќе се бара назад

До сега официјално никој не остварил контакт со фамилијата Шелби Вајт во САД за враќање на кратерот од непроценлива важност во Македонија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=81361

Ако се успее во ова, да се врати Кратерот во Македонија,ке се исправи една голема неправда. Со среќа нека е обидот.
 
Археолошкиот локалитет Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година
Aрхеолошкиот локалитет Стоби, како единствен претставник од Македонија се најде во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание од листата на World Monuments Fund за 2012 година.
На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund ја објави листата за 2012 година на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот.
Од Националната установа „Стоби“ соопштуваат дека ова е добра можност преку реализацијата на меѓународни проекти да се одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси.

Покрај конзервацијата, информираат дека втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалното население со значењето на Стоби во поширока смисла.

World Monuments Watch е главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=0A26316875E36E4E8A7EDFB062E3F075
 
А што се дешава воопшто со археологијата во МК?
некако во 2010 имаше многу повеќе движење, ете и ова е во застој http://mav.mk/#

Дали е кнап буџетот, или најдоа нешто ептен важно па сите сили се таму форсирани?
 
Археологијата и оваа година си беше на свое ниво, само не беше рекламирана како во изминатите две години, заради тоа што летово помина во знак на парламентарните избори и формирањето на влада, а баш периодот од април до септември е едино погоден за нови археолошки ископувања!
Во периодот од почетокот на месец мај до крајот на септеври имаше организирани ископувања во Археолошкиот локалитет Стоби, спроведени од вработените во НУ Стоби, работници со месечни договори но и странски и македонски студенти кои присуствуваа на летните школи за археологија. Нешто слично се дешаваше и во Неготино каде постои претпоставка дека конечно ја најдоа Антигона, како и во Стибера кај Прилеп, Хераклеја Линкестис кај Битола, Охрид традиционално и во многу помали локалитети ширум земјава.
Археолошките ископувања во Македонија никогаш не престанале и нема да престанат.
 
Монети од антички период ископани во делчевско

Монети од античкиот период и отомански меџидии со арапско писмо се пронајдени во делчевско. Земјоделецот Љупчо ги ископал од нивата, кога ја орал оваа есен и не се двоумел да ги донесе во Центарот за култура во Делчево, кој со поддршка на Министерството ја спроведуваат акцијата за собирање на старини, археолошки и етнолошки.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=83100
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom