Грците ќе плаќаат пенали!

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
Расте американскиот притисок врз Грција, откако Нимиц вчера ги одби барањата на Атина да запрат преговорите за името додека не биде избрана новата влада во Македонија.
Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која вчера се сретнала со македонскиот министер за надворешни работи Милошоски, побарала средба и со шефицата на грчката дипломатија Бакојани.
Средбата ќе се одржи на 24 јуни во Берлин, на маргините на самитот посветен на палестинското прашање. Официјално треба да се разговара за Кипар и за проблемот со името меѓу Грција и Македонија.
Случајно или не, денеска во ОН по 34 години се случи преседан, откако американските претставници го блокираа гласањето за резолуцијата со која треба да продолжи мандатот на мировната мисија на ОН на Кипар.
Од резолуцијата е изоставен еден амандман со кој се поткопува суверенитетот на грчкиот дел на Кипар.

Грчки дипломатски извори не исклучуваат дека овој чекор на американската администрација делумно е поврзан и со незадоволството од однесувањето на Атина на самитот на НАТО во Букурешт, кога и покрај најавата на Буш за прием на целата Јадранска група, Грција стави вето за Македонија.
Се проценува дека САД преку дипломатски чекори, кои директно немаат врска со прашањето за името, би можеле да извршат силен притисок врз Грција, во обид да ја натераат Атина да продолжи со сериозни преговори и да се изнајде решение до 9 јули, на што инсистира официјален Вашингтон со цел Македонија да им се приклучи на Хрватска и Албанија.
Во меѓувреме, во Њујорк дојде до средба меѓу кандидатот на републиканците МекКејн и архиепископот на Грчката православна црква во САД Диметриус.
И покрај тоа што се смета дека грчката дијаспора во САД е традиционално наклонета кон демократите, покрај Обама, на трите милиони грчки гласачи и потенцијални финансиери во кампањата им се обрати и кандидатот МекКејн.
За најголемиот дел од луѓето со коишто разговаравме во ОН проблемот со името меѓу Македонија и Грција е нерационален.
Дури и во официјалните прес-легитимации, издадени од прес-центарот на светската организација, наместо ФИРОМ, стои Македонија.
 
Ќе плаќаат тие уште многу!!! Долгот ќе биде вратен само тогаш кога ќе го вратат она што не е нивно. А за угнетувањата што ги сториле... ај да не зборам. Излишно е...
 
Prvo neka platat, posle ke trgneme crta,pa ke presmetame kolku i kako imaat ili nemaat za davanje.....NO PRVO NEKA PLATAT ...zarem mislite deka "PRAZNITE" vetuvanja se patentirani samo od Sekernata ili Gwujo ili drugarcinjata nivni...????
 
Се се враќа се се плаќа!
 
Времето ќе покаже дали ќе платат. Дај Боже да е така.

Но проблемот не е само во Бакојани или Караманлис, тие доаѓаат и си одат.
Проблемот е во прејакото грчко лоби во САД, составено од милјардери кои ги финансираат кампањите и на републиканците и на демократите, па после и двете партии имаат долгови за враќање кон грчиштата.
Не велам и дека нашите лобисти не се трудат, но не гледам некои македонски милјардери од дијаспората кои се обидуваат да лобираат за нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom