Авионски несреќи

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една авионска несреќа, овој пат во Иран. 60 патници, 6 членови на екипажот, сите мртви.

Авион на Aseman Airlines, иранска полуприватна компанија која најчесто изведува локални летови на запустени “аеродроми“ во земјата, но и компанија која обезбедува и меѓународни летови, кој се обраќал од Техеран до Јасуј (ваљда така се чита), се урна откако во 5:55, еден час откако полетал му се губи сигналот. Авионот е ATR 72-212, со два турбо млазни мотори, со регистрација EP-ATS. MSN 391.

Не знам како воопшто е возможно компанијава да ја задржила лиценцата волку години: Авионот е стар 24 години (што не е премногу), но не бил во служба 7 години се додека не бил вратен на небото на 26 октомври минатата година; На 25 јануари имал итно слетување и ко демек го “поправиле“. Од компанијата викаат дека не се работи за техничка грешка :pos:
Исто така, како причина за несреќата ја наведуваат густата магла во планините, која исто така подоцна ги спречи и спасувачките хеликоптери да стигнат до авионот... Британски експерт како можни причини за несреќата ја наведува неисправната навигација која во облаците ги навела пилотите накај карпите.
 
Зaдутре,нa 8ми Мaрт се нaвршувaaт 4 гoдини oд кoгa се зaгуби трaгaтa нa aвиoнoт нa Malaysian Airlines.Штo мислите декa се имa слученo сo летoт MH 370?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom