11.09.2014
Епископ брегалнички г. Марко: Одговор на најновите манипулации од страна на расколничките јерарси
Овие денови, на одлуката на СПЦ да организира црковен суд за г. Стефан, архиепископ на МПЦ во раскол, неколкумина негови собраќа јерарси, преку медиумите, возвратија со одговор дека согласно на Уставот на МПЦ, од 1959 год., престанала да важи јурисдикцијата на СПЦ во однос на МПЦ.
Но, дали е тоа целосно точно, и дали, всушност, таквиот одговор не е само уште една во низата манипулации од врвот на МПЦ, за на јавноста да ѝ се сервира само тоа што им одговара на јерарсите од расколот?
Да почнеме по ред. Во записникот на АС на СПЦ бр. 47/1959 и 6/1959, зап. 57, од 17/4 Јуни 1959 год., Светиот Архиерејски Собор на СПЦ се согласил со одлуките од македонскиот црковно-народен собор од 1958 година. Но, таму се вели и следново: „Светиот Архиерејски Собор констатира дека епархиите скопска, охридско-битолска и злетовско-струмичка на црковно-народниот собор одржан на 4-6 Октомври 1959 год., во Охрид, се издвојуваат во самостојна Македонска православна црква, која се управува по Уставот донесен на тој собор, а
останува и понатаму во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот поглавар, односно Неговата Светост Патријархот на СПЦ.“ Уште малку подолу се вели дополнително дека: „Врховниот поглавар на СПЦ, ја претставува самостојната Македонска православна црква пред другите цркви.“ Ги потсетуваме собраќата на г. Стефан дека тогашната титула на Патријархот беше: Патријарх српски и македонски. Исто така, ги потсетуваме и дека одлуката од 1959 год., само му претходи на Томосот за автономија на Православната Охридска Архиепископија од 2005 година, којшто МПЦ можеше да го има доколку не го направеше расколот.
Овие точки од одлуката на СПЦ во 1959 год., кои
се прифатени од страна на МПЦ, недвосмислено потврдуваат и сведочат дека МПЦ со стекнувањето на посебниот статус, кој посочивме дека не е автономен (МПЦ не може да покаже дека има Томос за автономија), а уште помалку автокефален, останала и понатаму во јурисдикцијата на Пеќската Патријаршија; толку колку што дозволува тој статус и толку колку што е договорено, но сепак се работи за јурисдикциско подрачје, коешто сите помесни православни Цркви и ден денес ѝ го признаваат на СПЦ.
Кога веќе се повикуваат на тој статус од 1959 год., претставниците на МПЦ треба да престанат искривоколчено да го презентираат споменатиот статус и да прифатат дека СПЦ, и според одлуките од 1959 год., сепак ја има јурисдикцијата во однос на МПЦ, та следствено, одлуката на СПЦ за црковен суд на г. Стефан е легитимна и по таа основа. Истовремено, никој нека не се сомнева дека одлуката на црковниот суд на СПЦ во однос на г. Стефан ќе биде прифатена и конечна за сите помесни православни цркви.
Ако веќе расколничките јерарси од МПЦ се повикуваат на одлуките од 1959 год., тогаш треба да ја прифатат токму оваа непобитна реалност и еднаш засекогаш да престанат со манипулациите. Уште подобро би било, наместо дополнително да се заплеткуваат во сопствената бесмислена состојба, конечно да го променат и неприфатливиот пристап во однос на статусот на МПЦ, заради православните верници во Р. Македонија, кои веќе речиси 6 децении ги држат во заблуда и заложништво.
Покрај овие лаги, уште една, не помалку опасна манипулација, заслужува да биде разобличена. Имено, секоја критика упатена до расколничките јерарси заради нивната лична несериозност и неодговорност за позицијата на која се наоѓаат, тие веднаш ја префрлаат на народот. На пр., еден расколнички јерарх вели дека со расчинувањето на поглаварот на МПЦ, се осудува цел еден народ. Се поставува суштинското прашање: дали расколничките епископи имаат монопол над целиот народ кој живее во Р. Македонија? Кога неодамна беше расчинет поранешниот јерусалимски Патријарх Иринеј, дали со него беше осуден целиот православен народ на Јерусалимската Патријаршија? Се разбира – не! Или, кога г. Стефан го ставаше хотелот „Изгрев“ под хипотека и кога во четири очи го продаваше црковниот имот во Говрлево за баснословни суми, дали тогаш средствата завршија во рацете на целиот народ? Се разбира – не! Затоа, доколку некогаш за тоа се поведе судска постапка, ќе му се суди нему, а не на народот. И, конечно, кој им го дал тоа право на расколничките јерарси да зборуваат во името на целиот народ, ако макар има и само еден човек (а, има), кој по сопствената слободна волја ниту сака, ниту ѝ припаѓа на нивната расколничка организација, а сепак е дел од народот, којшто живее во оваа наша татковина? Дали со тоа што не припаѓаат на расколничката МПЦ, одредени граѓани Македонци престанале да бидат дел од македонскиот народ!? Нашиот став е дека таквите размисли се варварски, нецивилизирани и повеќе од апсурдни! На крајот на краиштата, кога му се суди дури и на еден расколнички јерарх каков што е г. Стефан, заради неговата лична неодговорност кон службата, со тоа не се осудува ниту народот, ниту свештениците, ниту монасите. Припадниците на расколот сами би се осудиле, доколку останат во заедница со расчинет епископ; но, слободни се (а, таа слобода на вероисповест ја гарантира и Уставот на нашата држава, како и Конвенциите кои таа ги има потпишано), значи, слободни се да отстапат од расколот, да не пребиваат во заедница со расчинетиот и да се спасуваат во Црквата Христова. На подобен начин и секој расколнички јерарх е слободен да се оттргне од политичката „црква“, да отстапи од погубноста на расколот и со личен пример на Христијаните да им го покаже патот на спасението.
http://www.poa-info.org/mkdhttp://www.poa-info.org/mkd[DOUBLEPOST=1411436279][/DOUBLEPOST]04.09.2014
Човекови права без граници: Православната Охридска Архиепископија – жртва на злодела од омраза

Основана во 1989, „Човекови права без граници“ (Human Rights Without Frontiers) е невладина организација која истражува, анализира и набљудува широк опсег на прашања поврзани со човековите права, во многу земји во светот. Организацијата е посветена на промоцијата на демократијата и владеењето на правото. Лоцирана во срцето на Европската политика, во Брисел, има цел да влијае врз политичката агенда на Европската Унија и на другите регионални и глобални институции за да бидат запазени човековите права во и вон Европа. Оваа организација исто така тежнее да има влијание врз оформувањето на јавното мислење, преку речиси секојдневната комуникација во електронска форма, која се испраќа на повеќе од 8000 претплатници.
Неодамна, во едно од своите информативни изданија, „Човекови права без граници“ објави текст за прогонот на Правосланвата Охридска Архиепископија, и особено нејзиниот Претстоител – Архиепископот Јован, кој е затворен речиси цели три години. Текстот има наслов „Охридската Архиепископија – жртва на злосторство од омраза“, и дава преглед на државниот прогон на верска основа којшто нашата Црква го претрпува во последните 12 години, преку одбивањето на регистрацијата на Црквата, затворските пресуди за Архиепископот Јован, и од неодамна – конфискувањето на имот, и осудителни пресуди против останатите Епископи, свештеници, монаштво и верен народ на единствената канонска Црква во Р. Македонија – Православната Охридска Архиепископија.
http://www.poa-info.org/mkd[DOUBLEPOST=1411436610][/DOUBLEPOST]
дипл. правник Георги Тасев: PROBATIO DIABOLICA
Коментар на измамничкото писмо на г. Стефан, објавено на повеќе јазици и лиферувано ширум Православието.
Таканареченото „ѓаволско докажување“ во правото се користи како термин во една постапка кога тужителот (во случајов МПЦ) докажува дека е сопственик на предмети (пари и имот), кои наводно се наоѓаат во фактичка власт на тужениот („присвоени“ од Архиепископот г. Јован, а „стекнати“ со кривично дело затајување).
Тоа „ѓаволско докажување“ г. Стефан го вршеше изминатите 12 години, поминати низ судските лавиринти на корумпираното македонско судство, докажувајќи дека Архиепископот г. Јован е криминалец, па малку му беше тоа, за сега да реши своите „ѓаволски докажувања“ да ги објави и ширум Православието, преку писма, наместо со покајание да се соземе и врати во канонскиот поредок на Црквата.
Се прашувам, како ли сега, споменатите во неговото писмо „аргументи“, г. Стефан ќе ги докажува пред црковниот суд, каде што наскоро ќе треба да се појави?
Но, да почнеме со ред.
Г. Стефан лиферува едно нецелосно, еднострано, површно писмо. Тоа се гледа од фактот, што тој на почетокот, свесно изостава да признае дека прогонот против Архиепископот г. Јован започна, не за финансиски криминал, туку по обвинение на МПЦ против Архиепископот г. Јован за наводно предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Само заради тоа што Архиепископот г. Јован одлучил да не биде повеќе член на МПЦ, туку стана член на друга Црква. Исто така, и поради напишан текст во верскиот календар на ПОА, каде МПЦ е наречена „последен бастион на комунизмот во Македонија“, календар, кој патем речено не беше во јавна продажба, туку исклучиво за членовите на ПОА. За истото дело, Архиепископот г. Јован беше осуден на 18 месеци затвор во 2004 год., и таа казна ја издржа во затворот Идризово.
Откога г. Стефан виде дека не може да го скрши Архиепископот г. Јован на овој начин, уште додека тој беше во затвор, измисли и почна да ниже лажни обвиненија врз обвиненија, за наводни затајувања пари.
Понатаму, г. Стефан пишува за Архиепископот г. Јован, дека е расчинет епископ на МПЦ со пресуда САС бр. 250, од 2003 година. Но, никаде не сака да наведе, дека всушност МПЦ воопшто не спроведе канонско судење, т.е. постапка за негово расчинување, туку Архиепископот г. Јован беше еднострано осуден, без присуство на 12 Епископи како што налагаат каноните, и без да му се даде право на одбрана! Тоа ќе остане за историјата. Ваква одлука би паднала на секој суд, па и пред повисок црковен суд.
За разлика од тогаш, сега, г. Стефан ќе биде уредно поканет да ја даде својата одбрана пред 12 Епископи на црковниот суд, кој ќе заседава поради него.
Тој и понатаму во писмото продолжува со сличниот стил на подла манипулација. Така, за да направи смут, само таксативно наведува повеќе ставки од наводните големи суми „затаени“ средства, чиј износ е еднаков на четирите годишни буџети во епархиите во кои г. Јован бил Епископ. Но, само прост човек може да се убеди дека г. Јован би можел да си ги присвои сите буџети во сите епархии во кои бил, без притоа да има потреба за било каков расход во епархиите за тие четири години и, згора на сѐ, тоа никој да не го забележи!?
Г. Стефан, исто така, во своите клевети, заборава да одговори дали реално Архиепископот г. Јован можел да присвои толкави средства, ако се знае дека цели две години, од вкупното негово четиригодишно епископство во МПЦ, г. Јован беше само помошен Епископ, а со тоа и не беше потписник на сметките на епархиите во кои ја извршувал функцијата помошен Епископ! Ова е многу важен момент, бидејќи наредбодавател и потписник на сите сметки бил тамошниот надлежен архиереј, г. Петар. Всушност, сѐ за што е обвинет Архиепископот г. Јован, најпрво морало да помине низ рацете на неговиот надлежен архиереј, г. Петар и доколку има затајување, г. Петар е тој што всушност треба прв да биде обвинет.
Потоа г. Стефан добро знае дека сите завршни сметки на епархиите, со кои раководел г. Јован, биле уредно доставувани до неговиот Архиепископски Управен Одбор и без никакви забелешки биле усвојувани од истиот и сметани за коректни! Значи, додека г. Јован бил дел од МПЦ, сѐ било во ред со извештаите за финансиското работење на епархијата, но откако тој си заминал од МПЦ, државниот Јавен обвинител решил да покрене обвинение за „затајување” и тоа не на целиот Епархиски Управен Одбор (ЕУО) како колективно тело кое ги усвојувало истите извештаи, туку само на претседателот на ЕУО, г. Јован. Како би можело да се нарече таквото гонење, ако не политичко? Но, г. Стефан, не сака тоа да им го предочи на Архиерејите до кои се обраќа во писмото.
На крајот, иако ги споменува како затаени, односно присвоени добра, за кои Архиепископот г. Јован е веќе осуден на затворски казни, г. Стефан не сака да ја потврди фактичката состојба која ја има денес, за тоа каде всушност се наоѓаат возилата меѓу кое и споменатото БМВ што ги купил г. Јован, и дали не ги возат денес нив токму претставниците на МПЦ? Каде се резбарените кабинети - не ги красат ли тие собите во Повардарска епархија? Каде се споменатите, реконструирани мермерни столбови - не се ли тие денес во храмот „Св. Димитриј“ во Битола? Каде се мермерните бордури и резбарените библиотеки - не се ли оние истите што и сега постојат во кабинетот во зградата на Македонската архиепископија? Кој управува со купената зграда „Малина“ во центарот на Велес, и во чија сопственост се наоѓа? Каде се 57.180 евра, пари од донацијата на Трифун Костовски, ако не се вратени во касата на МПЦ? Итн, итн.
Затоа ова писмо, коешто го испратил г. Стефан низ Православието е едно подло подметнување, едно лажно, искривено, еднострано претставување на работите. Намерата на г. Стефан е плиткоумна. Тој сака преку неколку делумни и неточни информации да „лови Епископи во матно“! Но, очигледно заборавил дека Светиот Дух дише во Црквата, Кој веднаш ги препознава и разобличува ваквите заблуди и злобни намери. Така, бездруго, светодуховски постапи и Митрополитот Сисаниски и Сијатиски г. Павлос, комплетно симнувајќи ја маската од лицето на г. Стефан, упатувајќи му ги и следниве зборови: „во путирот пред кој „служите“ не се наоѓа Крвта Господова, туку крвта на вашиот брат кого го убивате и таа крв засекогаш ќе ве оддели од Канонската Црква“.
http://www.poa-info.org/mkd[DOUBLEPOST=1411436805][/DOUBLEPOST]30.08.2014
„Вечерње Новости“: На Стефан ќе му судат дванаесет Епископи

Во своето издание од 28-ми Август 2014 год., со наслов „На Стефан ќе му судат дванаесет Епископи“, српскиот весник „Вечерње Новости“ ја анализира одлуката на Светиот Архиерејски Синод на СПЦ да покрене црковно-судска постапка против г. Стефан, поглавар на непризнаената МПЦ.
Во текстот се вели дека г. Стефан се товари за црковни престапи, за коишто му следуваат низа санкции.
Најтешката казна која може да биде изречена е расчинување или исклучување од црковната заедница. Доколку поглаварот на неканонската МПЦ биде расчинет или исклучен од Црквата, ќе биде трајно лишен од правото да преговара со Српската Патријаршија околу статусот на Црквата во Македонија. Првиот следен потег, којшто СПЦ ќе го повлече ќе биде подигнување на обвинение, како и формирање суд од најмалку 12 Епископи кои ќе ја одредат неговата вина. Според праксата на црковните судови, којашто се разликува од цивилните, доколку Стефан не се појави на судењето, ќе се смета дека ја признал вината и ќе биде осуден во отсуство.
„Долго се надевавме дека Стефан ќе се откаже од своето дејствување и ќе се врати во канонскиот поредок, но до денес тоа се нема случено“, вели владиката Марко. „Напротив, прогонот врз архиепископот Јован (Вранишкоски), тој го прошири и на свештеници и на верници на Охридската Архиепископија. Се надеваме дека покренувањето на судската постапка на вистински начин ќе влијае на него, но и на останатите македонски епископи, коишто се на страната на расколот“.
http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/drustvo/aktuelno.290.html:507631-Stefanu-sudi-12-episkopa