Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
МОЈОТ ТАТКО интересна тема на која имам многу да зборувам.Тој беше прекрасна личност која во секавање ми остави прекрасни спомени и прекрасни поминати денови со него.Ми фали секој можен момент ми фалат неговите совети и можам само да кажам дека ми беше и повеке од татко,беше мој најдобар пријател со кој можев да споделам се беше и ќе остане мојот ХЕРОЈ,прекрасна личност и прекасен татко кој само може да се посака.ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТО ЗА СЕ СТО НАПРАВИ ЗА МЕНЕ И ТВОЈАТА СМРТ МЕ НАПРАВИ САМО ПОСИЛНА ЛИЧНОСТ КОЈА ЗНАЕ ДА СЕ ИЗБОРИ ВО ОВОЈ СУРОВ СВЕТ
 
Бидејќи гледам има теми вашата мајка,вашата баба па дури и вашиот дедо јас решив да отворам тема вашиот татко.Ме поттикна да отворам ваква тема затоа што јас мојот татко го изгубив кога бев 16 години и де4н денес се уште многу ми недостига.Ми недостигаат неговите совети и шали.Дури ми недостига и неговото пререкување во врска со работите што ги правам.Со ова сакам да оддадам почит за татко ми затоа што беше важна личност во мојот живот и иако го нема се потсетувам што совет би ми дал да е до мене.Се тоа што сум денес сум поради татко ми.Се гордеам што имам сличности како него.Беше личност која уживаше да ја прави околината среќна.Сакаше да помогне а не очекуваше ништо за возврат.Беше прекрасна личност.Секогаш ќе ми недостига! Кажете вие нешто за вашиот татко?

Zal mi e sto si go izgubila tatkoto. Jas si go sakam tatko mi iako ponekogas znae da bide malku zdodeven
 
Силен човек, јака фигура, ИДОЛ!!!

посакувам сите да биле благословени со таков татко, ќе имаше помалку арамолепци, дангубари...
 
Го сакам премногу, предобар е, секогаш ама баш секогаш е тука за мене за било што. Секогаш ме слуша и пробува да ме разбере, гледа да ми даде добар и разумен совет...Многу ретко ми повишил тон или ми се испонашал нешто. Едноставно секогаш има најкоректен однос со мене. Уживам кога сум сама со него, кога пиеме кафенце и си правиме муабет. Преблиска сум со него, дури и поблиска сум него што сум со мајка ми. Мислам дека никогаш нема да престанам да бидам татина маза. Ахх колку ми недостига...едвај чекам да си го видам!!!
 
Таткоми е најдобра личност.....незапознав досега подобар човек од него, не зборам само за односите татко-син.....онака тој е добар со сите на мравка не гази...
со него може да се дојде до компромис за се....
никогаш не навредил никого дома ни па некој од страна....многу кул човек е:helou:
 
Од татко ми научив да пцуем сочно:icon_cool
 
Човекот е змај!
Го обожавам.
Дечко на кој неможам да му контрам пошо за се е у право -.-
Којзнае колку трескабл црногорки бенга последниве 5-6 месеци на работа XDDD
 
Кога би бил Бог на еден ден ќе го вратам времето пред 4 Август 2009 год. Му благодарам за се што правеше додека беше меѓу нас! Почивај во мир горе на небото!
 
Чоеков е во принцип, мој најголем срам и несреќа. Штета што некои го немаат на овој свет, а јас и покрај тоа што е жив, го чувствувам за недопирлив и емоционално мртов.

Покрај сево ова, се работи за непоправливо одвратна компилација од најлоши карактеристики кои вклучуваат тврдоглавост, гадно болна желба за провокации, вечно незадоволство, неодговорност и мрзеливост. Сево ова, помножено со низок коефициент на интелигенција. Просто, се чудам како можел да ме створи.
 
Најдобар на свет додека ми го полни џебот и не ме замара ...се шалам :) ТАТКО ми просто го обожавам мн повеќе ако го исполнува условот горе :P личност за пример има коректен однос спрема мене во секоја смисла на зборот родител, секогаш се труди да ми овозможи многу повеќе од што може и што е најчудно секогаш успева во тоа.
 
Закон е бе.Не ме замара за ништо освен за учење ама и него му здосади некако :pos2: за пари не ми прави проблем само му пречи што пушам..ама некако и на тоа почна да се привикнува.Ми пререкува за некои банални работи што знам како да ги правам а кога ке завршам некоја работа ми ветува нешто па треба да го потсекам секој ден :pos2: .Кога е во друштво на роднини е смеа човекот да ти е мерак да седиш ти го продолжува животот од смеење.Ѕвер беее....(и мајка ми тука некаде е да не ја заборавам).
 
Да можам барам половина од него да станам во животов,ќе се сметам за релазирана личност.
Столб,не само декларативно само затоа што е маж во семејството,туку навистина потпора во секоја смисла во блиското и поширокото семејство.Ме научи да поставам принципи кои ме прават свој човек кои се флексибилни низ времето,заради менливата природна на нештата,но од друга страна му замерувам затоа што секогаш ме тераше да градам високи морални прагови,а сега и тој ја гледа грешката и се труди да ме убеди во спротивното заради маргинализираните вредности кои некогаш биле,а повеќе не се.
Освен што физички личам на него премногу,носам и нешто во себе мерено во милимикрони кое ми даде втора шанса за овој колорит,наречен свет.
Никогаш престрог,никогаш препопустлив,секогаш правичен и објективен,а чесноста би му ја ставила во маани,зашто денес е еднакво на глупавост,а е далеку од тоа...Главна цел која за многу е мала,за него најголема,да го изгради и одржува семејството во хармонија,а сите попатни успеси се само дел кој ја збогатуваат сликата.Главен пазарџија и главен шегаџија.А од друга страна пак си го носи детето во себе кое во одредени ситуации ми доаѓа на глас да се изнасмеам,како на пример импресии од нешто кое што прв пат го гледа или доживува и го раскажува со денови и денови,а често пати и премрзлив,па војнички ќе викне *што е ова весници на масава,ајде собирај* (а весниците се негови...оф...),а тој ќе си се пикне да отспие едно 2 саати.
Можеби некои работи се учат од мајките,но мене татко ми ме научи како треба да се однесува вистинско девојче и благодарам многу затоа што тоа и допринесе да не станам типично лигава жена со закоравени погледи кон машкиот свет и муабети од типот сите мажи се исти,а длабочината на љубовта да ја мерам со длабочината на џебот на партнерот,убавината (моја,туѓа,релативно и сеедно) како манипулативно средство,шопингот-спорт,а не привремена потреба (е сега против женските хормони не можам,пмс е пмс,склоности кон чоколадо исто и слично :)))) ).
Би напишала уште мал милион работи за него (или не,небитно,никого не го интересира),но ова во *кратки* црти затоа што ете така од срце ми дојде...
 
Чоеков е во принцип, мој најголем срам и несреќа. Штета што некои го немаат на овој свет, а јас и покрај тоа што е жив, го чувствувам за недопирлив и емоционално мртов.

Покрај сево ова, се работи за непоправливо одвратна компилација од најлоши карактеристики кои вклучуваат тврдоглавост, гадно болна желба за провокации, вечно незадоволство, неодговорност и мрзеливост. Сево ова, помножено со низок коефициент на интелигенција. Просто, се чудам како можел да ме створи.


Алал да ти е за ова ни самиот немаше да можам подобро да го опишам и мојот "татко"...Ист е и овој дома што го имам-статуа! Срам, брука...Не знае да седнe и да направи муабет со некого, можам да го шибам во сите полиња и да му бидат јас нему татко. Нема две чисти од ништо едноставно IQ = 10...
Иако физички постои немам некоја посебна врска со него како син-татко, еднаш во животот не седнал да ми даде некој совет, да ме научи на нешто. Се што знам и се што сум научил во животот било благодарение на мајка ми, ме воспитала правилно да се однесувам како маж и никогаш да не потклекнувам. Едноставно можам да кажам дека жената е столб на семејството мое...Жалам за оние што немаат татко, а јас иако го имам скоро како и да не постои...
 
Татко ми е многу досаден особено кога ќе се поднапие :pos2: ама срцка е. Премногу го сакам, премногу се грижи за мене и се гордеам со него. Ми има покажано на многу начини дека ме сака, а и јас на него. Ма за ништо на светов нема да го лишам од мојата љубов. Еднаш згрешив, ама добро, тогаш бев тврда и не покажував емоции, ама сега... :)

Инаку троа е неодговорен, заборава... треба сто пати да му кажам дека фали нешто во куќа па да оди да купи :pos2: ете, сијалица за во соба ми купуваше цела недела, не знам како не му здосади оноа: Татооооооо немам сијалицаааааа во собааааааааа!!! И да може една работа да ја повтори милион пати со цел да ме потсети ќе го направи тоа.. кога за да ме потсети, кога за уз муабет:pos2:

Инаку супер е, прав другар, му се доверувам за многу работи и ме насочува во животот. Душиче:smir:
 
Искрено понекогаш влегувам во конфликти со него али тоа е само пролазно. Тој е човек кој секогаш ми е овозможил се што сум посакал, и секогаш ми давал подршка кога ми е било најпотребно. Тука е и за секое мое прашање и за секој совет кој треба како татко да ми го даде и да ме посоветува. Покрај татко-син односот помеѓу него и мене е и ептен другарски и фала богу има сфаќања од помодерниот свет па така може да ме разбере за било што.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom