Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
Со татко ми сум повеќе поврзана. Со него секогаш сум била поблиска поотворена затоа што секогаш знаел да ме разбере за се,мајками е построга во однос на некои работи.Секогаш знае пријатно да ме изненади и расположи.Памтам во 3 оделение бев кога му напишав песна и ја изрецитирав за неговиот роденден,беше пресреќен и рече дека тоа е најубавиот подарок што го добил. И како растам се повеќе имаме заеднички теми и интереси.
Татичкоо ај лав ју :back:
П.С сории мам ај лав ју ту :)
 
Интегритет, независност, емоционална одалеченост, карактер и сила која еуруптира. Алфа Мажјак, Ладен, тотално емоционално непристапен и ни грам нежност или желба за блискост со било кој, но човек кој најмногу на свет ме сакал на свој уникатен начин, неразбирлив за сите. И покрај се, сите негови критики, суровост, реалност, дирекност, страв еден негов поглед во тишина беше доволен да сватам колку тој човек стварно ме сака и мисли на мене со сето срце, иако не знае како тоа да го покаже. Можеби зашто тешкиот и мачен живот низ кој поминал не дозволил простор за слабост и емоционална поврзаност со никого. Имав детство материјално исполнето од секој аспект, иако емоционално празно. Научив многу работи од него, можеби најважната од сите, како да бидам вистински маж и да се борам за својата независност со сите сили, да гинам за материјално богаство, да барам сигурност и задоволство во ресурсите и кога ќе оформам фамилија да можам да обезбедам за неа по секоја цена, вистински да ја почитувам својата жена. Но најважното нешто што ми остана да научам од него е дека вистинската среќа лежи во душата на човекот и вистинската поврзаност со најблиските, кој тој не знаеше да ја покаже, но сакаше да сватам дека иако материјално беше богата личност живот полн со успеси, нешто недостигаше во него, празнина, и секогаш гледаше во мене дали ќе можам да бидам успешен и независен како него а во исто време близок и полн со љубов на начин на кој што он незнаеше.
 
Со татко ми не сум се видела веќе година ипол.... лошо е кога старите ќе ги мавне пубертет на стари години.... Јас фала му на господ добро се снаоѓам без него.... и фала што не остаил сами по каллив пат, вака подобро (но и поболно) созреав...
почивај во мир иако си жив! :bip::pop:
 
Еее татко ми :) Да го постигнам она што тој го постигнал до сега е = мишн импасабл... ама ќе пробам :)
почнувајќи од 0... итн итн,да не го фалам сега :)
 
Овде е крајот значи.Среќен си сега?
Ти благодарам што ме изгледа.Ти благодарам што ми пружи детство, но сега е време да се разделиме.Продолжи си по твојот пат, а јас ке тргнам по нов пат.Не знам кој друг родител си го отфрла детето поради сексуалната ориентација, но ти го стори тоа без око да ти трепне.Не барај ме повеќе.Сега ке бидам далеку од тебе, од твоите очи.А можеби така е најдобро.
 
Мојот татко е човекот на мојот живот! Секогаш ќе го сакам нaјмногу од сите. Му се восхитувам на издржливиот карактер, на одлучноста и стабилноста на неговиот живот. Му се восхитувам на тоа што многу добро ја познава границата меѓу сериозноста и забавата. Од секогаш сум мислила дека го имам најдобриот татко на цел свет! Те сакам тато и секогаш ке те сакам! :pipi::love:
 
Го сакам најмногу, благодарна сум што и покрај многу тешкиот живот си ги зачувал душата и срцето топли и што ми даде и сеуште ми дава толку многу љубов и поддршка. Те сакам тато, премногу :)
 
Со никого не сум толку многу блиска како што сум со татко ми. Тој е мојот идол, човекот што ме научи да живеам и да се борам во овој свет полн со изненадување. Човек што е секогаш тука до мене, кој ми помага секогаш, кој ме разбира најдобро од сите останати и ми дава поптора кога ми е најтешко. Добро, и со мајка ми имам супер однос, но сепак татко ми е тој во кој ја чувствувам неминливата заштита. Ме подржува во сите мои одлуки и ми дава неизмерна татковска љубов. Среќна сум што имам татко каков што е тој. :)
 
Бидејќи гледам има теми вашата мајка,вашата баба па дури и вашиот дедо јас решив да отворам тема вашиот татко.Ме поттикна да отворам ваква тема затоа што јас мојот татко го изгубив кога бев 16 години и де4н денес се уште многу ми недостига.Ми недостигаат неговите совети и шали.Дури ми недостига и неговото пререкување во врска со работите што ги правам.Со ова сакам да оддадам почит за татко ми затоа што беше важна личност во мојот живот и иако го нема се потсетувам што совет би ми дал да е до мене.Се тоа што сум денес сум поради татко ми.Се гордеам што имам сличности како него.Беше личност која уживаше да ја прави околината среќна.Сакаше да помогне а не очекуваше ништо за возврат.Беше прекрасна личност.Секогаш ќе ми недостига! Кажете вие нешто за вашиот татко?

кратко речено говно смрдено никогаш не сум го сакал нити го сакам како не погини. да не се одговар пред закон би го опрал ко куче
--- надополнето: Jul 24, 2011 11:53 AM ---
Со татко ми не сум се видела веќе година ипол.... лошо е кога старите ќе ги мавне пубертет на стари години.... Јас фала му на господ добро се снаоѓам без него.... и фала што не остаил сами по каллив пат, вака подобро (но и поболно) созреав...
почивај во мир иако си жив! :bip::pop:
одличен коментар ;) само пиштолот и во чело да му се истури мозокот само тоа е лекот :)
 
Не знам како изджуваат мајка ми и сестра ми со нас двајца, оти имаме многу зезната смисла за хумор. :noze:
 
nemam nekoja osobena bliskost.ako se misli na zaednicko popravanje na avtomobil,odenje po riba,gleanje televizija,da, ama seriozni muabeti kako ljubov,zivot,pa i seks...jok,nikako
 
Татко ми .... добар човек е он, си има свои моменти ама добар е. Често знае да ме изнервира и да ме извади од кожа ама кога ќе размислам какво детство имал, си викам добро е што е приземен и сеуште тука. Го немам видено скоро 5 месеци, ми фали. Го обожавам кога е расположен и кога ќе почнеме да заебаваме се и сешто заедно :)
 
Татко ми е да не речам ептен филозоф чоек. Омилени теми му се старите добри музичари -Елвис Присли, Џон Ленон, Џим Морисон.. и многу други за кои може да ти расправа цела недела.
Сум научила многу работи од него и од неговите искуства кога бил на мои години.. воопшто не се разликуваме по тоа, и тој имал луди авантури во тоа време...
Унаку за сето останато не можам да кажам дека во се се сложуваме, лесто знае да ме извади од такт и да не му зборувам со денови, тврдоглав е знае и да избега од линија, често знае да се лути и за некои безвредни работи но сепак го сакам тој ми е татко.
Ах и ке заборавев... прв другар ми е кога идеме на рок концерти :D
 
Татко ми е добар од него имам научено многу, а најдобро е тоа што ми дава 5000 денари цепарлак:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom