Космофон се затвора

  • Креатор на темата Креатор на темата Marski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
486
Поени од реакции
6
Та неа: Космофон се затвора
Атина /08/06/ 14:24
Затворање на мобилниот оператор на грчката Космоте во Македонија, најавува грчкиот весник Та неа.

Операторот Космофон е во сопственост на Космоте, која што од своја страна е компанија ќерка на грчкиот национален телеком „ОТЕ“.

Минатиот месец грчката држава влада склучи договор со Дојче Телеком за стратегиско партнерство.

По внимателно проучување на договорот потпишан од грчката влада и германскиот гигант, Та неа пишува дека Атина ги прифатила условите според кои Космоте ја прекинува дејноста во Македонија и нема да ја користи дозволата за развивање на дејноста во Црна Гора.

Целта е да не се наштети на интересите на Дојче Телеком во овие држави, каде функционира Т Мобајл, пишува весникот.


makfax
 
Па знам јас дека отпуштаа вработени последно време ваљда како предигра за ова...
 
Ајде сега сите на Т-Мобиле или ВИП.
 
Се надевам дека ќе ја продадат на некоја фирма целата инфраструктура заедно со претплатниците, оти инаку останавме на 2 оператора, и тоа со огромна предност на т-мобајл.
 
Poispaltlivo e da go prodadat na nekoja druga kompanija. Negde procitav deka imalo nekolku zainteresirani kako Orange, nekoja ruska kompanija i nekoja norveska.
 
И никогаш ниту ми чинеа како фирма, ама сепак, не би сакал и јас да се затворат, подобро нека се продаде на друг бренд.

А зошто јас добив погрешна информација дека истата фирма што го купи Мобимак, ќе го купувала и Космофон па ќе се споеле во една фирма? И поради тоа VIP се исплашил па затоа решил да се спои со Водафон. Кој ми кажал, ме излажал :pos:
 
Мислам дека ако се продаде Космофон, корисниците ќе бидат автоматски префрлени на Т-Мобајл и веднаш ќе биде распишан тендер за 3 мобилен оператор. Така на вестиве нешто мрмореа.
 
Тоа што се зборуваше за заинтересирани компании, беа два словенечки оператори (ТУШ и Телеком Словенија) и Теленор (норвешки телеком).
Брат ми работи Космофон и таму се зборало дека 99% Теленор ќе биде нов газда на Космофон
 
А дали ако се префрлат корисниците од Космофон на Т-Мобајл ќе им се сменат и броевите?Ако е така ќе треба да си го сменувам бројот.
 
Колку што разбрав јас:

1. Космофон ќе иде јабана, ради монополи, и слични глупости со Дојче Телеком.
2. Космофон ќе иде јабана у смисол на продажба, што значи.. сите коишто се на Космофон за некое време само ќе бидат под друг бренд (најверојатно Теленор)
Така да... нема потреба за паничење, мењање броеви,префрлање ваму-онаму или пцуење на шефот (ако работиш во Космофон :pos: )
 
Бидејќи истиот што го држи Т-мобајл сега е и доминантен сопственик на Оте,Космофон ќе се затвори заради елиминирање на конкуренцијата :)

Но не ми е јасно зашто би го продале,тоа е создавање сериозна конкуренција сам на себе,поверојатно е спојување со Ти-Мобајл.

Јас ќе бидам најсреќен ако се затвори,таман бројов на постпејд со телефон ќе прекинам да го плаќам,и ќе зеам постпејд со нов телефон од Ти-мобајл :zlo:
 
Не е фер, Космофон има најубави тарифи за постпејд :(
BTW од космофон изјавиле дека не се точни гласнините од та неа, и дека нема да се затвораат
 
Па нормално, не ќе речат ајде ние си ојдовме ќе не продаваат а вие што знаете правете.
 
море нека идат и космофон и грција у..... а за телефоните ќе се снајдете не берете гајле има и други оператори :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom