Географска и ЕТНИЧКА Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Од нашите соседи ќе слушнете дека ние, Македонците, своите име го носиме по територијата Македонија што ја населуваме т.е. дека сме географски, но не и етнички Македонци. Очигледно е дека премногу наивно лажат и јас тука веднаш ќе ги демантирам, само со едноставно покажување на неколку антички карти на балканскиот полуостров.

Најчесто, една територија го добива своите име по народот кој ја населува. Македонскиот народ, етнос, не живее само на територијата на античка Македонија, туку, се простира и на територијата на соседната Пеонија, долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија). Значи, македонските етнички територии ги опфаќаат и деловите на гоеграфските територии Пеонија,долна Мизија, Тракија и Илирик и поради тоа што на сиве овие различни гоеграфки области, населени со Македонци се наречени Македонија.

ClassicalBalkans1849.jpg

Мапа на географскa Македонија


Map%20of%20United%20Macedonia.jpg

Мапа на ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА




Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Смешни се бугарските историчари кога ќе речат дека пиринските Македонци се нарекуваат Македонци, поради тоа што живеат во географската област Македонија. Или не знаат, или пак безобразно лажат дека пиринска Македонија, од р. Струма до р. Места е дел од географската област Тракија, а не Македонија.

 
Има записи за Тракиците како посебен етникум но со континуирано постоење на македонска држава во антиката од 700 години и со ородувања, венчавки итн, Тракиците станале неразделен дел од македонската империја. Што и да ископаат во Тракија ќе биде идентично со македонското. Таму допрва ќе наоѓаат сонциња, венци кои се носеле на глава истиот оној како во томбата во Пела итн.

Јас пред неколку години кажав, Бугарите во многу скоро време своето потекло ќе го црпат од Тракија новоприклучена територија во 20 век. Ќе се откажат и од Македонци и од Татари и целата енергија ќе им биде насочена кон Тракија, а наскоро и кон Фригија. Они ќе почнат како Грците да ја узурпираат антиката само за себе.
 
Грдиот Пртко напиша:
Да бе:)
Пред да се отворат казината во Гевгелија,тој дел беше сив како и цела Македонија...
Пред да разбере грчката јавност за Хераклеа,и Битола не беше грчки град..
Еве сега гледам децата и Охрид го обоиле во фотошоп...

Заборавиле Стибера и Пелагон уште да го обојат.:uvo:
 
j-m-dent-and-sons_atlas-of-ancient-and-classical-geography_1912_macedonia-moesia-thracia-et-dacia-southern-balkans_3177_2114_600.jpg

Ова е правата ЕТНИЧКА Македонија.
 
Античка Македонија

ВОВЕД

Историјата на Македонија, како држава и земја, денес побудува голем интерес во светот, не само поради современите политички случувања што се одиграа во последно време во југоисточна Европа (распадот на комунизмот, распадот на Југославија, Косовската криза), туку, пред се, поради значајните личности што оваа земја ги има дадено како прилог во целокупната човекова цивилизација.
Да се потсетиме само на славниот цар Александар Велики Македонски (синот на царот Филип Втори Македонски), во чие време македонската империја се протегала на три континенти и чија крајна цел била создавање на општосветска империја, во која требало да нема граници во мешањето на различните култури и во која сите народи требало да живеат братски.

Да се потсетиме и на славната египетска кралица Клеопатра Седма, која, по крв и по гени, била етничка Македонка.
Таа била далечна правнука на Александровиот генерал Птолемеј, кој, по распадот на македонската империја, останал да владее со Египет.
Да се потсетиме и на фактот дека христијанството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија. Македонија и Македонците повеќепати се спомнати во Библијата, најмногу поради мисијата на светите апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја.
Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

Во Македонија е роден и познатиот византиски цар Јустинијан, а етнички Македонци биле и византиските цареви, припадници на Македонската династија, која владеела со Византија од 9 до 11 век.
Македонија ги дала и светите браќа Кирил и Методија, кои денес, во Европа се третирани како 'сезаштитници на европскиот континент' и кои го создале првото писмо на т.н. 'словенски народи'.
Македонија го дала и свети Климент Охридски, човекот за кој се смета дека ја создал кирилицата - писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Украинци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на други народи.
Етнички Македонци се и над осумдесет светители, кои денес се слават во католичката и во православната црква.

Во Македонија и денес живее народ, чии припадници отсекогаш себеси се нарекуваат Македонци и кои од дамнина живеат во оваа земја.
Соседите на Македонија (а пред се Грција и Бугарија, кои денес држат под окупација делови од Македонија, а порано и Србија), го негираат постоењето на засебна македонска нација, користејќи ја својата бројност и поголема моќ во однос на Македонците.
Но, и покрај тоа Македонија и македонската нација го доживуваат своето повторно воскреснување.
Во 1991 година беше возобновена независната македонска држава.
Па, сепак, денес за Македонците многу малку се знае во европската и светска јавност. Зошто е тоа така?
Како прво, древна Македонија, како држава, престанала да постои уште во 2 век пред Христа (веднаш откако Римјаните ја окупирале македонската држава).
Оттогаш (освен неколкуте обиди за нејзино обновување во средновековието), Македонија и Македонците континуирано се наоѓале под разни ропства.

Во 1913 година Македонија е поделена на четири дела, по што, за етничките Македонци, настапи тежок период на нивна денационализација.
Македонците, кои останаа да живеат под Србија беа убедувани дека се 'Срби', оние кои останаа да живеат под Грција беа убедувани дека се 'Грци', оние кои останаа да живеат во Бугарија беа убедувани дека се 'Бугари', а оние под Албанија, дека се 'Албанци'.
Сето ова не минува без отпор од страна на Македонците, како на културно, така и на воено поле.

За време на Втората светска војна Македонците во трите дела на Македонија кренаа национално востание, но само Македонците во делот окупиран од Србија успеаја да добијат свои национални права (иако во рамките на недемократскиот југословенски комунистички режим).
Во 1991 година, заедно со распадот на комунистичка Југославија, овој дел од Македонија, успеа да се осамостои како засебна држава под името - Република Македонија.
Така повторно е обновена славната древна македонска држава, иако само на дел од својата етничка територија.

Сето ова значи, дека, едноставно, досега другите (поробувачите или оние кои владееја со Македонија) им ја пишуваа историјата на Македонците.
Но, од 1991 година, па наваму Македонците, за првпат, се во состојба слободно да ја експонираат пред светската јавност вистината за сопствените етнички корени и за првпат се слободни самите да проговорат за историската и културна величина на својата земја (иако рековме дека и во рамките на југословенскиот комунистички режим Македоцните уживаа национални права и имаа своја република).

Сепак, Македонците кои останаа да живеат под Бугарија и Грција и денес немаат никакви национални права и врз нив и натаму се врши жестока денационализација.
Што се однесува до Албанија, иако оваа држава ги признава Македонците како посебен народ, сепак таа во официјалните документи го прикрива вистинскиот број на Македонците што живеат во нејзините граници, со тоа што ги признава за Македонци само Македонците кои живеат во Мала Преспа, додека такво признавање не им дава на најголемиот дел Македонци со муслиманска вероисповед кои живеат во Голо Брдо и пошироко во Албанија, како и на остатокот Македонци со православна вероисповед кои живеат во поголемите градски центри во Албанија.

Под постојан притисок се наоѓаат и Македонците кои живеат во Гора (според тоа се наречени и Горанци), во Србија (Косово), каде што поради несредените услови, Македонците мора да ги кријат својот национален идентитет)
За сите овие проблеми околу оваа некогаш огромна, а денес мала, но славна, земја, ќе проговориме на оваа веб-страница, надевајќи се дека на светската јавност уште повеќе ќе им ја доближиме Македонија и Македонците.
 
Кратка историја на древна Македонија

Во овој наслов ќе спомнеме накратко нешто за историјата на Македонија од најстарите времиња, па се до крајот на антиката.
Македонија била населена уште од најраните времиња.
Најстариот познат жител (човек) на Балканскиот Полуостров е пронајден во Македонија.
Имено, во 1960 година на Света Гора (на македонскиот полуостров Халкидик) бил откриен череп (најваројатно од жена) за кој се смета дека припаѓал на неандреталец.
Черепот бил најден во пештера близу местото Петралона, поради што бил наречен арцхантропос петралониенсис.
Се смета дека е стар дури 270.000 години.
Во истата пештера биле откриени наоди од човекови активности стари барем половина милион години! (Kokkoros and Kanellis: 'Decouverte d'un crane d'homme paleolithique dans la peninsule chalcidique', L'Antropologie 64, 1960).
Bo Македонија е пронајдено и најстарото палеолитско орудие.
Се работи за примитивна камена рачна секира.
Знаци на организиран живот на територијата на денешна Македонија се среќаваат уште во постариот неолит.
Главна карактеристика на тоа време е развитокот на домашната преработка, особено на грнчарството.
Во Македонија е пронајдена и најраната досега откриена неолитска населба.
Тоа е населбата откриена неколку километри северно од Бер.
Оваа населба е датирана помеѓу 6300 до 5300 година пред Христа.
Куќите во оваа населба имале повеќе соби, а некои од нив имале и тераси.
Во секоја куќа имало огниште, складиште за храна, како и централно светилиште.
Во населбата била најдена претстава на женска фигура, како и цртежи на жаби, кози, диви свињи и бикови.

Од времето на неолитот (5000-4000 пред Христа) близу македонскиот град Кожани била пронајдена уште една неолитска населба со куќи, чии ѕидови биле измачкани со кал. Таваните биле потпрени на столбови и биле измачкани со смола.
Веќе во доцниот неолит (4000-2800 пред Христа) западните и централните делови на Македонија биле значително населени.
Во Бронзовата епоха на тлото на јужна Македонија е забележана појавата на локалната Арменохори група.
Во фазите од Железната епоха продолжува развитокот на културата, што довело до тоа, Македонија многу рано да го доживее преминот од протоисторискиот во историскиот период.

Грчкиот археолог Андроникос своите најрани наоди во Вергина (Кутлеш) ги датира од 12 век пред Христа.
Истото мислење го дели и Хамонд, кој смета дека првиот организиран живот во оваа населба потекнува од 1180 - 1100 година пред Христа. (N.G.L. Hammond, History of Macedonia I, Oxford, 1976, стр. 385,390,407,409,420).
И најголемиот старозаветен пророк Мојсие напишал нешто што несомнено се однесува на дамнешен организиран живот во Македонија (која, како што е познато, во Стариот Завет е означена со името 'Китим').
Во своето дело 'Броеви' (24:24) Мојсие запишал :
Поморски народи се собираат од север.
А бродовите од страна на Китим го покоруваат Асур, го покоруваат Евер, па и него ќе го стигне вечна гибел.'
Спомнувањето на 'бродовите од страна на Китим' може да значи дека Мојсие оставил сведоштво за постоење на Македонска флота.
И нема ништо чудно во сето ова, до колку не се знае дека Мојсие ова го напишал некаде помеѓу 15 и 13 век пред Христа!
Сето ова значи дека можеме да кажеме дека Македонија имала свое организирано домородно население со длабоки корени во најдалечното минато.

Сепак, досега потврдените историски извори ни зборуваат дека првиот идентификуван владетел на Македонија бил македонскиот крал Пердика.
Тој живеел во 7 век пред Христа.
Неговите претходници Каран, Коин и Тирима спаѓаат во сферата помеѓу историската вистина и преданијата.

Од мала и сиромашна држава, Македонија, за кратко време се воздигнала во самиот врв на тогашниот свет.
Главно население во неа биле Македонците, кои денес во науката се познати како древни Македонци.
Древните Македонци биле засебен народ.
Тие зборувале на сопствен македонски јазик, имале сопствена култура и сопствена религија.
Како народ, древните Македонци биле создадени како резултат на сложените етногенетски процеси низ кои поминале претходно населените домородни племиња на територијата на Македонија.
Животот на древна Македонија продолжил преку владеењето на кралевите од таканаречениот 'историски
период', како што се: Александар Први, Пердика Втори,Архелај Први, Кратеј, Орест, Архелај Втори и други.

Македонија живее како сиромашна балканска држава, се додека во 359-та година пред Христа, на македонскиот престол не се качил Филип Втори Македонски.
Co стапувањето на власт на Филип Втори, Македонија го доживува својот силен подем и процут.
За кратко време, овој владетел ги поразил околните народи, ги избркал грчките
колонисти од македонското крајбрежје и ги проширил границите на Македонија.
Овие успеси во голема мера се должеле на фактот што Филип Втори ја реорганизирал македонската војска, востановувајќи ја, на далеку прочуената, Македонска фаланга.
Оваа елитна единица на Македонската војска се состоела од
добро организирани и командувани редови на пешадијци, кои носеле и по седум метри долги копја и кои така, незапирливо напредувале, буквално прегазувајќи ги пред себе непријателските воени редови.

Овие успеси на Македонија не ја оставиле рамнодушна тогашна Атина.
Познатиот атински говорник Демостен, во своите говори пред Атињаните жестоко ги критикува Македонците, изјавувајќи дека тие не се никакви Хелени (Грци), туку барбари.
Познат е цитатот од неговото дело 'Филипики' (III), во кое тој сосема јасно го квалификува Филип Втори како човек, кој не бил никаков Македонец.
Притоа Демостен рекол дека Филип: '...не само што не е Хелен, туку нема ништо хеленско, тој е барбарин од земјата за која ништо добро не може да се каже, еден никаков македонец од земјата од каде порано ни пристоен роб не можеше да се купи.

На тој начин Атина застанува на чело на останатите грчки градови-држави, подготвувајќи се за војна против Македонија и Филип Втори Македонски.
Пресудната битка помеѓу Македонците и војската на обединетите грчки градови, се одиграла кај Херонеја во 338 година пред Христа. Филип Втори Македонски надмоќно ги поразил Грците и во оваа битка загинале над илјада грчки војници.
Во ниту една битка пред тоа немало загинато толку Грци, па ова ја принудило Атина да му се предаде на Филип Втори Македонски.
Така Македонија станала господар над поголемиот дел од тогашна Грција.

Но, амбициите на Филип Втори биле Македонците да продолжат со војната и против тогашната најмоќна држава на светот - Персија.
Меѓутоа, токму во екот на подготовките за оваа војна, Филип Втори бил убиен во атентат за време на свеченостите по повод свадбата на неговата ќерка Клеопатра.
За наследник на Филип Втори е избран неговиот син Александар, кој за кратко време ќе ја разнесе славата на Македонија низ целиот свет.
Првите чекори што на воен план ги презел младиот македонски цар било смирувањето на бунтовите што, против македонската власт, ги кренале соседните народи: Илири, Тракијци и Грци.
Откако ја зацврстил власта над нивните територии, Александар организирал поход против моќната Персија.
Територијално тогаш Персија била за околу педесет пати поголема од Македонија.
Тоа била огромна држава, која се протегала на три континенти и која имала неколку милиони жители Сепак, ова не го поколебало Александар Македонски да ја нападне. Првата поголема македонско-персиска битка се одиграла кај реката Граник во денешна Мала Азија, а потоа следувале уште неколку битки, од кои најпознати се битките кај Ис и кај Гавгамела.

По поразите во овие битки, огромната Персија била целосно разбиена и освоена од Македонците.
Интересно е тоа што, во рамките на Персиската војска, против Македонците се бореле и бројни Грци, иако Персија пред тоа, со години војувала токму против Грците.
Грчките градови, пак, кои тогаш се наоѓале под персиска окупација, жестоко се спротивставувале на обидот на Македонците да ги ослободат од персиска власт.
Древниот грчки историчар Аријан (Arrian) пишува дека мнозина Грци до последниот здив се бореле на страната на Персија против Македонската војска (види подетално во: Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци).
Интересно е и тоа што, Аријан пишува дека во рамките на Персиската војска, тогаш се бореле и Албанците, кои, како азиско племе, тогаш живееле близу територијата на денешна Ерменија (што, впрочем го пишува и Страбо).

По поразите што Персиската војска ги претрпела од генијалниот македонски војсководец Александар Македонски, Персиската империја се распаднала и Персија практично станала составен дел од Македонската империја. Потоа Александар Македонски, заедно со својата војска, стигнал до територијата на денешна Индија, каде го поразил индискиот принц Пор, но и неколку други индиски владетели.



Тогаш Македонската империја, целосно или делумно, се протегала на териториите на денешните држави: Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Турција, Израел, Либан, Ирак, Сирија, Египет, Либија, Иран, Афганистан, Пакистан, Кина, Индија и други.
Токму кога Александар се подготвувал да ја освои цела Индија, со тенденција да продолжи кон Индокина, македонските војници, преморени од долгогодишните војни, одбиле да го следат својот цар во походот кон далечниот Исток.
Александар Македонски со тешко срце се согласил да се врати назад, но по патот кон Македонија, тој умрел во Вавилон, најверојатно поради болест, во 323 година пред Христа, кога бил на возраст од само 32 години.

Според сведоштвата на древните историчари, до колку Александар не го напуштел прерано овој свет, тој планирал освојување и на териториите на денешна Арабија, на цела северна Африка, на Пиринејскиот и на Апенинскиот Полуостров.
Всушност, повеќе истражувачи се согласуваат со констатацијата дека крајна цел на Александар Македонски била освојување на целиот свет и мешање на народите и културите во една заедничка светска држава.

По смртта на Александар Македонски, огромната македонска империја бргу се распаднала на неколку држави, но Македонците и натаму останале да владеат со некои од овие држави. Така, на пример, Македонците останале да владеат со Египет. Имено, по смртта на Александар, Египет се одделил како самостојна држава на чие чело застанал александровиот генерал Птолемеј Лагов.
Тој ја основал македонската династија Птолемеи, чии припадници останале да владеат со Египет уште речиси триста години по смртта на Александар Македонски.
Птолемеите Македонци, кои владееле со Египет, длабоко ја почитувале египетската култура, иако мнозина од нив никогаш не го научиле египетскиот јазик.
Сепак, Македонската династија на Египет му донела извесен економски процут, поради што и останала толку долго да владее со оваа земја.
Интересен е обидот на Македонците Птолемеи, за менување на етничкиот состав на Египет.

За таа цел, од Македонија и од териториите на денешна Грција, во Египет биле доселени околу еден милион Македонци и Грци со цел да го изменат етничкиот состав на Египет. Сепак, оваа бројка била премала во однос на седумте милиони Египјани.
Најпозната владетелка на Египет од македонската династија Птолемеи е далечната пра-внука на Александровиот генерал Птолемај Лагов, познатата египетска кралица Клеопатра Седма (69-30 пред Христа).
He постои сериозна светска историска енциклопедија во која не е потенцирано македонското етничко потекло на оваа славна египетска кралица.

Династии, составени од етнички Македонци, владееле и со други држави од распаднатата империја на Александар Македонски.
Така, на пример, со источното Средоземје, преку два и пол века, останала да владее македонската династија Селевкиди, додека со Пергамското кралство владееле Македонците Аталиди.
Што се однесува до Македонија, таа, по распадот на империјата, останала да егзистира како самостојна држава на Балканот, чиј живот бил исполнет со внатрешни борби за освојување на престолот.

Во третиот и вториот век пред Христа, Македонија водела три жестоки војни против Римјаните.
Последниот легитимен македонски цар Персеј не успеал да ја сочува Македонија пред налетот на римските војски.
По битката кај Пидна, во 168 година пред Христа, Македонија целосно потпаднала под римска власт.
По неколкуте неуспешни обиди за востание против Римјаните, древната македонска држава престанала да постои.
 

Attachments

  • 2.jpg
    2.jpg
    90,3 KB · Прегледи: 85

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom